Каде за новогодишните празници?

  • Креатор на темата Креатор на темата napolitanka
  • Време на започнување Време на започнување

Каде за новогодишните празници?

  • Во дискотека

    Гласови: 5 10,6%
  • Во кафеана

    Гласови: 6 12,8%
  • Во домашна атмосфера со пријателите

    Гласови: 24 51,1%
  • Дома, нема пари за славење

    Гласови: 12 25,5%

  • Вкупно гласачи
    47
Со друштвото во некој добар ресторан :)
 
Водно, ама ќе дојдеме со Аеродромска багра.
 
Под мојата огромна елка. Ја сакам магијата на ноќта во тивка и топла атмосфера. Посакувам ведра ноќ на 31ви со многу ѕвезди и полна месечина. Крцкав снег и штипкаво ветре. Волнени чорапи, мека кошула, мирис на смоква и канела, и моето омилено вино бовин мускат.
Ноќ за збогување со стара добра година и ноќ во чест на уште една долга и полна нова година.
За новите предизвици, лекции и патишта, треба да се наздрави.
 
Дајте кажете некои кафани што организираат дочек.Колку пари и слично. :)
 
Дајте кажете некои кафани што организираат дочек.Колку пари и слично. :)

Да, луѓе стварно, ако имате информација за некој кафич, кафеана или слично што организираат дочек, колку пари е, што е вклучено во цената и сл.? (Скопје)
 
Да, луѓе стварно, ако имате информација за некој кафич, кафеана или слично што организираат дочек, колку пари е, што е вклучено во цената и сл.? (Скопје)
99% од кафаните организираат секоја година прослави и цените се за 200-300 % пониски од кафич. Нормално, и во кафана се малце надувани, али у секој случај не се 3000, 4000 или не дај боже 6000 денари. Обично цените се движат од 1200 до кај 2000 денари во обична, најнормална кафана со жива музика, нормално. Е сеа за познатите ресторани (Дуомо, Воденица и сл) можно е да се повисоки цените ради имиџот, луѓето шо се збираат таму и сл.
 
Буквално никаде не ми се иде. Ми се седи дома со 10 кила пуканки и 10 филма.

Единстевно нешто што би можело да ме натера да славам Нова Година е ако ме израдуваат од друштво дека нашле стан или куќа, иначе во кафич не ни помислувам да славам. Ем што не се нормални со цениве, али буквално не се нормални нема ниту една понуда за кафич пониско од 1500-1600ден за стоење за само една вечер (зборам за кафичи во Скопје, за другите места незнам како се движат цените) + да дојде 01:00 саат и да ме избркаат зашто некој двајца пијани дебили се степале или па да ми кажат дека нема алкохол а уствари треба да има неограничено. Не фала, подобро дома ке си седам така и така е обичен ден.
 
Кај дугар,дома.Ќе биде ТОП,шо е најважно нема алкохол,само сокче...:pos2::pos2::pos2::pos2:
 
Негде на плажа, да видиме за промена како изглеа "снешко" од песок.
 
Знам со кој...али незнам каде..НЕМА никој не се нафаќа..а за изнајмуење скапо е...(абе му треба на некој багра машка од 6-7 души)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom