Нема веќе гага возење за пензионерите

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.523
темава мислам дека заслужува почесно место во општи муабети!

Град Скопје конечно реши да ги слушне поплаките на граѓаните за неверојатните гужви што се репризираат секој вторник и петок. Средношколци, студенти, вработени, сите се жалеа од пензионерите и нивната потреба за слободно столче во автобусите на ЈСП. Тие, навидум стари и болни, сакаат да седнат, а учениците уморни и поспани одбиваат да станат, и така до бескрај.
Град Скопје донесе нов предлог, да се воведе годишен возен билет за сите возрасни лица, за мажи над 64 години и жени над 62 години, кој ќе чини 1200 денари, а ќе може да се користи секој ден во неделата за сите градски и селски линии. Тие билетот ќе можат да го плаќаат на две рати, по 600 денари во текот на годината.
Од вработените во ЈСП дознаваме дека ова може да биде навистина добро решение за поплаките кои секојдневно ги добиваат, а и автобусите нема толку да доцнат бидејќи ќе се намалат гужвите.
Секако ова е само предлог на Град Скопје, треба да почекаме истиот да биде изгласан и да стапи во сила.
Но, не сите пензионерите се согласуваат со овој прелог .
За 70-годишниот Драгослав Митревски ова е добра идеја и вели: “Секој ден да имаме право, за да нема гужви“. Tој додава и дека не е ни скапа цената на годишниот билет, а и дека лекарите не закажуваат прегледи само во вторник и петок.
За пензионерката Снежана Лазаревска, ова е непочитување кон пензионерите и додава: “Конечно ни дадоа нешто без пари и тоа ни го земаа“. Според неа, ако сакаат да ги намалат гужвите, пензионерите секој ден треба да се возат бесплатно.
Ни останува само да посакаме што побрзо да се реши овој проблем, бидејќи некогаш метежот е навистина неподнослив.
Ивана Јариќ

извор
 
Годишен билет?
Наместо „соломонско“ решение поради бунтот на сите кои не се пензионери, ќе испадне „драконска“ казна за истите.
 
темава мислам дека заслужува почесно место во општи муабети!



За пензионерката Снежана Лазаревска, ова е непочитување кон пензионерите и додава: “Конечно ни дадоа нешто без пари и тоа ни го земаа“. Според неа, ако сакаат да ги намалат гужвите, пензионерите секој ден треба да се возат бесплатно.

извор

Ах Снежо Снежо уште тоа фалеше да го направат секој ден да одите на пазар од Ѓорче до Лисиче.Конечно мир ќе има ,нема веќе глумење неможам да стојам а се тепаат за места кој прв да седне газејќи се пред себе како стампедо.Не верувам дека секој од нив ќе извади годишна карта и ќе ужива во корзирање низ градов така да супер потег доста им беше.
 
гледано од политички аспект ова е најлоша варијанта ,да дадеш некому некаква повластица, а потоа да му ја одземеш.
повеќето корисници на оваа услуга се сиромашни пензионери коишто по мое не би купиле годишен билет ниту за 300,00 а камоли за 1.200,00
 
сеа ќе пропадне ВМРО! Ќе се организираганизира унија на млади сили на пензионерите со барање за воведување на реформи во областа на бесплатното восење со ЈСП и конечно ќе се оствари нивната долгогодишна желба: да дојдат на власт:pos::pos::pos:
 
Да бе решение жими мајка! Сеа секој ден ќе се влечат по автобусиве што се 1200 денари за годишен билет и тоа за сите линии? Па и уште можат на две рати да го платат ! Ух се надевам ќе им текне нешто подобро од ова
 
Предлог беа и новите цени на билетите па и тоа го изгласаа како и ова што ќе помине :)

Додека го изгласаат ќе пројде уш 2 недели најмалце, така да рано е за радување :))
 
А наместо тоа да им дадат еден билет за десет возења бесплатно секој месец и нека се возат колку сакаат. Настрана тоа што првичната одлука не е фер спрема сите други граѓани во Македонија.
 
гледано од политички аспект ова е најлоша варијанта ,да дадеш некому некаква повластица, а потоа да му ја одземеш.
повеќето корисници на оваа услуга се сиромашни пензионери коишто по мое не би купиле годишен билет ниту за 300,00 а камоли за 1.200,00
жими кур се сиромашни..Само го имаат тој гагачки менталитет..коа ти се дава грабај све што моеш.

Вечер ке се пие у чест на ова:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom