аллександар
Вечно ненаспан
- Член од
- 5 мај 2006
- Мислења
- 7.381
- Поени од реакции
- 2.523
темава мислам дека заслужува почесно место во општи муабети!
Град Скопје конечно реши да ги слушне поплаките на граѓаните за неверојатните гужви што се репризираат секој вторник и петок. Средношколци, студенти, вработени, сите се жалеа од пензионерите и нивната потреба за слободно столче во автобусите на ЈСП. Тие, навидум стари и болни, сакаат да седнат, а учениците уморни и поспани одбиваат да станат, и така до бескрај.
Град Скопје донесе нов предлог, да се воведе годишен возен билет за сите возрасни лица, за мажи над 64 години и жени над 62 години, кој ќе чини 1200 денари, а ќе може да се користи секој ден во неделата за сите градски и селски линии. Тие билетот ќе можат да го плаќаат на две рати, по 600 денари во текот на годината.
Од вработените во ЈСП дознаваме дека ова може да биде навистина добро решение за поплаките кои секојдневно ги добиваат, а и автобусите нема толку да доцнат бидејќи ќе се намалат гужвите.
Секако ова е само предлог на Град Скопје, треба да почекаме истиот да биде изгласан и да стапи во сила.
Но, не сите пензионерите се согласуваат со овој прелог .
За 70-годишниот Драгослав Митревски ова е добра идеја и вели: “Секој ден да имаме право, за да нема гужви“. Tој додава и дека не е ни скапа цената на годишниот билет, а и дека лекарите не закажуваат прегледи само во вторник и петок.
За пензионерката Снежана Лазаревска, ова е непочитување кон пензионерите и додава: “Конечно ни дадоа нешто без пари и тоа ни го земаа“. Според неа, ако сакаат да ги намалат гужвите, пензионерите секој ден треба да се возат бесплатно.
Ни останува само да посакаме што побрзо да се реши овој проблем, бидејќи некогаш метежот е навистина неподнослив.
Ивана Јариќ
извор