ВИДЕО: Еве како размислува момче пораснато од лезбејки

Во Украина пред многу години имаше случај со еден учител како стапил во таен брак со 13 годишно девојче.За оваа врска се дозна многу бргу и нормално учителот беше изведен пред суд обвинет за педофилија.И нормално ова ќе беше третирано како вообичаен случај на педофилија ако не беше шокот кој дојде од самото девојче дека таа се согласила да стапи во брак со него.Кај девојчето не беа пронајдени траги од дрога,немаше модрици и по психолошките тестови немаше никаков траг на психолошки трауми.

Дали е ова случај на педофилија или само љубов неразбрана од затворената јавност?

Темата е конкретно за геј бракови и врски, не зборувам за педофилии, некрофилии, зоофилии и сл.
 
Темата е конкретно за геј бракови и врски, не зборувам за педофилии, некрофилии, зоофилии и сл.

Ама твојата реченица беше-Љубовта, се додека не е изнудена, е убава и нема ни граници, ни закони!

Примерот кој го дадов го дадов баш за оваа твоја реченица.Дали ова мото може да важи само за стрејт/лгбт лица или и другите како во примерот може да уживаат во тоа право?
 
Не, зборував конкретно за нив, не за луѓето со психички пореметувања.
 
"Колку повеќе го насочуваш толку повеќе ќе го прифати истото." Ма немој ќе убедуваш некој зорле да прави нешто што не сака.
Да се надоврзам со еден случај, имаше една девојка која имаше 5,00 просек во средно, ученик за пример но беше лезбејка и никако не го негираше тој факт за себе едноставно го прифати и си продолжи со животот, но потоа дознаа нејзините родители и потоа се деси следново: Она не смееше да излегува од дома само нашколо одеше и тоа под придружба, јадеше ќотек на редовна база од татко и имаше модрици по вратот по рацете... секаде... а мајка и вршеше психичка тортура врз неа... редовна беше во болница често инфузии примаше оти не јадеше... секоја среда нејзините дома минеа со темјан (демек тоа ќе помогнело... која простоќа човече) и мислиш дека на крајот се смени? Не, успеа да го издржи сето ова, се запиша на факс избега од нив and yeah... still gay!

За геј бракот.
Многу рано им текнало дека имаат ќерка за воспитување,грижење и советување.Требало уште малку да почекаат и да се сетат дека имаат дете за воспитување.
--- надополнето: Dec 10, 2011 6:38 PM ---
Ориентацијата на родителите нема никаква врска со ориентацијата на децата. Пак да се навратиме на тоа дека хомосексуалците потекнуваат од хетеро семејства. Семејства во кои ништо не им фалело. Кога е во прашање сексуалната ориентација не е до насочувањето на родителите. Нешто те привлекува или не те привлекува, без разлика како и колку ќе пробаат твоите родители да те насочат.
И не, нема да прифати грав по секоја цена. Ќе ја истури чинијата на земја и ќе седи гладно, ама грав нема да јаде само затоа што неговите родители мислат дека "така треба". И нема да се претопи во околината и да прифати нешто само затоа што е тоа она што околината му го наметнува. Барем оние со храброст го прават тоа. Оние другите прифаќаат и стануваат фрустрирани промотори на тавче-гравче. :P
Манемој молимте.:tapp:Твоето машко дете има 6-7 години и покажува симпатии кон истиот пол и ти што ќе правиш?Ќе го ориентираш дека тоа е паметно и убаво па да продолжи така,педер да стане или можеби двоцевка :pos::tapp:
 
Повеќе од еден милион луѓе го споделиле говорот на Зак Валс на “Фејсбук“, а дури повеќе од 15 милиони го погледнале на “Јутјуб“ каде тој говори за растењето со геј двојка.

Зак Валс е 19 – годишен студент од Универзитетот во Ајова, кој во Сенатот говорел против резолуцијата со која сакаат да ги забранат истополните бракови. Тој истакнал дека на факултет често отворал расправи околу тоа дали смее да им се дозволи на геј паровите да одгледуваат деца.

“Во моите 19 години никогаш не сум запознал некој кoј мислел дека сум одгледан од геј двојка“, вели Зак.

“И знаете зашто? Бидејќи сексуалната ориентација на моите родители немала ама баш никаква врска на мојот карактер и личност“, додал Зак.

Тој пред судот раскажал како тој и неговата млада сестра имаат ист анонимен татко донор, па особено се радувал што тие се биолошки брат и сестра. Раскажал и дека неговата мајка во 2009 година се омажила откако Врховниот суд ги легализирал браковите на хомосексуалците.

Тој вели, нивното семејство не се разликувало од ниедно друго. “Одевме во црква заедно, вечеравме, одевме на патувања, минувавме низ тешки времиња, се каравме“, раскажал Зак.

“Семејството се темели на тоа да си помагаме во тешки моменти и заедно да се радуваме во оние убавите, љубовта е она што нас не радува и она на што се темели нашето семејство“, истакнал 19 – годишниот Зак.

Во продолжение, слушнете го неговиот говор.

Го гледав клипчево пред некој ден.. завчера мислам.... супер за дечково. Но не е единствен случај. Во Тафталиџе, пред околу 5-6 години, имаше еден геј пар - холанѓанки, кои имаа посвоено момченце од дом за деца без родители. И си беа океј..

Како и да е, читајќи ги дел од коментарите до сега дадени, мислам дека не е проблемот во тие што се против геј браковите, децата во геј браковите и сл исл. Проблемот е во оние што се „воодушевуваат“ од ваквите нови појави во општествата, се однесуваат на некој начин како поддржувачи, па следствено на нивните постапки и коментари сите овие појави ги доведуваат до степен на идеологизација и идеализирање, без притоа да се согледаат вистинските проблеми. Тоа ти е нешто као да си измеѓу онаа изрека „реолуционер без причина“ и „причина без револуција“.. Имам впечаток дека се мешаат работите.

Оттука, не гледам поента зошто да се издигнува ова на некое ниво од аспект на чудење, како е тоа можно, или воодушевување, Вау ова е одлично, и сл. исл. Не за друго, туку дечково што е потомок од геј бракот глеам дека е сосема кул и ама по ништо не се разликува од сите нас (нормално и неговите родители). Затоа, ако порано можеби била оваа тема издигнувана на ниво на спектакл, само заради тоа што некој бил геј или потекнува од геј брак, тогаш денес оваа тема е издигната на некој си чуден идеолошки степен. Е сеа не сакам да звучам рамнодушно кон темава, но во суштина, токму поради тоа чудно идеологизирање, сметам дека оние што несвесно ја идеологизираат оваа тема (како на пример луѓето што го ставиле ова клипче на нет) се тие што се рамнодушни - не превземаат ништо, а тапшаат по рамо.

Но океј, не гледам дека момаков од видеово прави некоја фрка околу тоа, така да зошто би и ние? Можени треба да направиме фрка околу одредени феномени што се појавуваат, а кои треба да претстават како некоја отскочна даска за промените што треба да ги направиме - како на пример Геј - браковите (затоа што стварно не знам од кај сеа толкава фрка и хомофобија произлезе, како да забораваме дека 2000 и кусур години пред Христа хомосексуалноста не била непозната, така да, да се праиме денес нешто као мутави или па да идеологизираме околу тоа - Now that's a large bucket of BULLSHIT!).
 
Манемој молимте.:tapp:Твоето машко дете има 6-7 години и покажува симпатии кон истиот пол и ти што ќе правиш?Ќе го ориентираш дека тоа е паметно и убаво па да продолжи така,педер да стане или можеби двоцевка :pos::tapp:

Моментот што не можеш да го сфатиш е следниот - не можеш ТИ да го ориентираш сексуално своето дете. Детето ако има склоност кон истиот пол колку и да му проповедаш НЕ МОЖЕШ да го смениш тоа. Можеби тоа ќе фати прво девојка, ќе оди со девојки одреден период, за после некое време да сфати дека не го привлекуваат и да се смени тоа. Дури може и да се ожени под притисок на околината, но привлечноста кон истиот пол ќе остане, не се добива/губи тоа со воспитување.
 
Геј или мртво? Која опција би ја одбрал ти за твоето дете?

Нормално дека ќе ја добие мојата поддршка. Ако не ја добие од мене, од кого?
 
А тука е и НОРМАЛНАТА околината од брат,сестра,братучеди,другари,другарки кои ќе се однесуваат нормално(машко со женско и обратно),така да гледајќи ги нивните постапки и однесувања ќе увиди дека МНОГУ ГРЕШИ.За срека има многу малку да не кажам ненормални луѓе со погрешна определба кон истиот пол така да нема ни многу примери,а ако случајно се налета на некои таков најчесто се дава објаснување дека тие двајца или тие две се ненормални.Нешто им фали..................
--- надополнето: Dec 11, 2011 12:34 AM ---
Геј или мртво? Која опција би ја одбрал ти за твоето дете?

Нормално дека ќе ја добие мојата поддршка. Ако не ја добие од мене, од кого?
Размисли добро пред да дадеш подршка??????????????
 
А тука е и НОРМАЛНАТА околината од брат,сестра,братучеди,другари,другарки кои ќе се однесуваат нормално(машко со женско и обратно),така да гледајќи ги нивните постапки и однесувања ќе увиди дека МНОГУ ГРЕШИ.За срека има многу малку да не кажам ненормални луѓе со погрешна определба кон истиот пол така да нема ни многу примери,а ако случајно се налета на некои таков најчесто се дава објаснување дека тие двајца или тие две се ненормални.Нешто им фали..................

Тоа објаснување го даваш ТИ, со СВОИТЕ предрасуди и СВОИТЕ ограничувања и идеи за она што е нормално, а што не е.
Хомосексуалци има многу повеќе отколку што мислиш, само одиш со затворени очи и затворен ум и не можеш/не сакаш да ги видиш.
 
МЕ ИЗНАСМЕЈА СТОМАКОТ МЕ ЗАБОЛЕ ОД СМЕЕЊЕ
 
Не, зборував конкретно за нив, не за луѓето со психички пореметувања.

До вчера, во учебниците и гејството беше дефинирано како ментално пореметување.
Верувам дека и педофилијата за брзо време ќе биде почестена со достојна дефиниција како „избор“ и слично.

Верувам дека и тогаш љубовта ќе биде силна и непречена, чиста и коректна, без граници.
Каква што е во пар земји низ светот, како НДР Кореја или КС Арабија.
 
I'm glad old chap, I do it for the lulz.

До вчера, пред четириесетина години? Ах, времето лета...

Мило ми е што тоа „до вчера“ не го сфати како 10 декември 2011 година. Инаку, не ќе се разберевме ко шо треба.
 
Размисли добро пред да дадеш подршка??????????????

Зошто?

До вчера, во учебниците и гејството беше дефинирано како ментално пореметување.
Верувам дека и педофилијата за брзо време ќе биде почестена со достојна дефиниција како „избор“ и слично.

Верувам дека и тогаш љубовта ќе биде силна и непречена, чиста и коректна, без граници.
Каква што е во пар земји низ светот, како НДР Кореја или КС Арабија.

Како што спомнав погоре, не ме интересира што пишува по учебниците кои се тука да формираат мислење на толпата, како што некој сака.
Јас лично заклучувам што е нормално за мене, а што не и не дозволувам некој да ми наметне мислење (освен ако не успее некој да ме разубеди со јаки аргументи и факти). Дури и цел свет да ја смета педфоилијата за нормална, јас нема да мислам така. И доста наметнувате зборови!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom