The Dark Knight Rises

  • Креатор на темата Креатор на темата Mar-Teen
  • Време на започнување Време на започнување
Навистина неможам да го споредам Бејн со Џокер, тотално различни негативци. Двата лика беа одлични но сепак Џокер беше одигран до перфекција, и за мене лично беше далеку поинтересен лик. Она што Бејн го направи интересен беше неговиот глас и мистеријата зад маската. Толку.

Филмот имаше добар тек, во ниеден момент не беше досаден и успеа да ме изненади на 2-3 пати со работи кои не ги очекував. Се гледа дека Нолан се подобрува од филм во филм. TDKR има супер storytelling и посветува доволно внимание на секој од ликовите. Интересно е што дури и за споредните ликови се одбрани познати актери/ки. Неможам да се симпатизирам со ликот на Cat Woman, иако актерката одглуми добро и мотивите за нејзиното дејствување беа убаво прикажани, сепак некако Anne Hathaway ми е одбивна а Cat Woman треба да биде неодолива. Робин беше полн погодок.

Јас искрено очекував поинаков крај, гледано дека целата трилогија го има оној dark feeling. Воопшто немаше да ми смета доколку Нолан ја имаше храброста на George RR Martin ;)

8,8/10
 
Не знам дали е до мене, ама гласот на Бејн ме понекогаш деконцентрираше бидејќи ми звучеше како гласот на Леонард Нимој.


Грешка си, баш во воведната сцена гласот беше ист Шон Конери!

После го средија нешто, ама стварно смешно беше. :)
 
Вчера го глеав филмов....не можам да кажам дали е подобар од претходните два (мада глупост е какво било компарирање филмови по некаква „добрина“), ама реално е добар филм и вредеше целата бука околу него....таа е таа естетика од претходните филмови и скоро да нема дел од филмот кој што е непотребно дел од него...

Што си тиче приказната.....има моменти - заздравување кичма за месец-два-три, притоа опраена кај „железничарот“, тоа малку потешко, ама добро SF филм е, да не цепидлачиме...и најбитното...очекував стварно да заврши филмов, ама тоа во Америка не бидуе...........и тоа ме разочара.........мораше жив да остане, мораше со невестана (која btw не сум сигурен дека баш мораше да ја има во филмов)..........за жал, продуцентите се главни и треба пак милиони да се лапаат, "четворка“ за 3-4 години пак, ама тоа е....јбг

Најмногу сум разочаран од начинот на кој Бејн завршува, а толку сериозно ја гради целата приказна во филмот...точно, не е како Леџер, (пошо таква улога се одигрува еднаш во 10 години и непотребно да се споредуваат неспоиви ликови), ама комплетно оригинален карактер, генијално осмислен и одигран од ТХ....кажа неколку фантастични реплики, соодветни за денешново време, критички за живеењето посебно на богатите, ама за жал само со нив остана....најмногу ми остави впечаток во целиот филм и фрли во сенка се' друго...
 
Сега се сетив, нели беше малку глупо изведено она со Алфред и неговото заминување? Ми делуваше толку недоработено, а во филм од 2 саати и 40 минути можеле подобро да го опфатат тоа.

Патем, кога сме на релација Џокерот-Бејн, Џокерот поставуваше морални дилеми, сакаше да си игра со луѓето од задоволство, Бејн од друга страна сакаше да ги повреди. Чиста сила.
 
Грешка си, баш во воведната сцена гласот беше ист Шон Конери!

После го средија нешто, ама стварно смешно беше. :)
Да, смешно, и дури на моменти исфорсирано. Можеби Нолан не требало да го синхронизира по втор пат, без разлика што Американците кренаа галама. Првобитната верзија ми е подобра, појезива, барем од она кое сум го видел на интернет. Еве споредба:
 
Сега се сетив, нели беше малку глупо изведено она со Алфред и неговото заминување? Ми делуваше толку недоработено
Ako само тоа ти делуваше недоработено, супер. :) А Метју Модин? што бараше у филмот ни самиот он не знае. Скеркроу? Бејн како умре, го снема од кадар ебго. Магично заздравување на кичма и враќање у форма после 8 години, за секунда. Ако збориме за глупо, зошто Бетмен стоеше на тенок мраз и палеше оган на него, си праеше знакчиња додека отчукува бомба, итн. Еден куп дупки и пропусти има. Лошата монтажа и пребрзото менување сцени, снемување ликови, телепатската поврзаност на Бетмен и Кетвоман и нивната магична моќ за телепортација, итн. Во "недоработено" би го стаил и Бејн, покрај никаквата смрт, ја не го видов да праеше нешто друго освен што кршеше вратови (2 со рака, 1 со нога) и 1 кичма (ЕПИК сцена BTW). (Смешниот глас не ми сметаше.) Импресивен лик али му фалеше поголема минутажа по мене.
Иам и некои други замерки... ама доволно мрчење. :)
 
- да , требаше да прежалат еден од старите , најарно ќе беше Фримен да го прежалат , ама дека црнец , и го оставија :pos:
- бејн , неверојатен лик , ама стварно после твистот не го ебаа два посто некако , се согласувам со вас
- зошто мораше романтиката со лапањето , кога секоја секунда беше драгоцена ? -1 има филмов само ради таа сцена. 5 секунди се лапаа , мислам , хелоууу , а што со Готам јеботе ?
- крајот и музиката , некако туу мач инсепшн . Не велам дека беше лоша музиката , само како Цимер да играше на истата карта .

8.5 му давам , во глобала ми се допадна .
 
Бејн беше супер негативец се до пресвртот, каде максимум го утнаа филмот.
Толку курчење за на крај оваа црната да испадне детето што излегнало од дупката? Немој да ме јебеш!


8.4 од мене, TDK беше многу поубаво осмислен, а за Џокерот да не правиме муабет.
 
Бејн беше супер негативец се до пресвртот, каде максимум го утнаа филмот.
Толку курчење за на крај оваа црната да испадне детето што излегнало од дупката? Немој да ме јебеш!


8.4 од мене, TDK беше многу поубаво осмислен, а за Џокерот да не правиме муабет.
И мене тоа малку ме разочара.Сепак еден од најдобрите филмови што ги имам гледано,од мене има 9.5.Се гледа мојата импресионираност искажана преку мојот аватар:D
 
Па мислам дека тој беше во Blackgate затворот, па така и се појави :)
Нолан го остави овој лик со недефиниран крај у ББ (само одјава негде) и како да не знаеше што да прави со него у другиве делови, му остана како незавршена работа, loose end. :)
 
Се фаќате за ситници... Се на се, филмот беше интересен за гледање и ми го задржи вниманието во целиот тек.
Оцена 8.9/10.
 
Го изгледав филмот и можам да кажам дека е тешко американско-холивудско срање.Ефектите и продукцијата се одлично, но глумата е катастрофална со дијалози коишто ми личат како поезија да читаат.Многу вештачка глума напумпана со американски патриотизам кој фрчи на сите страни.
Многу мразам сцени во коишто со сила се пумпа некој вид со еротицизам како со таа глумицата којашто е очајна глумица, али има цицка јебига.Народ гледа цицка, а не таленат.
Филмот имаше добра поента на почетокот-Бејн си беше добриот во приказната и сакаше да ги убие бирократите, лоповите, милијардерите, ама како и секогаш тие победуваат на крај:D
Ова е типичен филм за деца да се палат на science fiction за друго не.
И, незнам како гледате филмови во коишто знаете што ќе се случи на крајот?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom