Messanger
Аскер
• Да се надеваме дека ова го нема во други теми на овој форум, не се исклучива можноста веќе да го има по други, за мене се е ново, јас сум нов на форумот!
Отсекогаш ме интересирала поврзаноста на античките и денешните македонци знаејќи што се сме поминале а воодушевен од тоа што сепак КОРЕН си е КОРЕН...
Барав по интернет, а се надевам дека ќе има и дел за поврзаноста на антич. со денешните македонци во новата книга на А. Донски.
Личното честитање на поединци и поздравувањето со блиските (посебно со оние со кои одамна се немаме видено), кај нас Македонците денес обично се врши со ракување со десната рака, проследено со меѓусебно бакнување трипати во образите, почнувајќи од левиот образ. Ова се врши подеднакво кај обата пола. Можеби некој ќе забележи дека ова е банално да се опишува и дека така прават сите народи во светот, но тоа воопшто не е точно или, подобро речено, само делумно е точно. Така, на пример, западните народи (Англичани, Германци, Холанѓани...), за време на личното честитање, само се поздравуваат (ракуваат) со десната рака или евентуално се прегрнуваат, но никогаш не се бакнуваат. Што се однесува до античките Македонци, се знае дека тие исто така си ги честитале личните успеси со ракување и со бакнување.
Кај Плутарх (67 глава), е забележано честитањето што Александар Македонски му го упатил
на танцувачот Баго, кој освоил прво место на еден натпревар во танцување, што се одиграл во Гедросија, на патот назад од Индија. Овде читаме:
"Неговиот миленик Баго, кој победил во танцување, откако поминал
преку сцената во свечена облека, седнал до него. Кога Македонците го
виделе тоа, почнале да ракоплескаат и да извикуваат, барајќи од него да
го бакне, и не престанале се додека не го изгушкал и избакнал."
Значи, од овде гледаме дека и античките Македонци (машки со машки)
си честитале со бакнување, исто како што правиме и ние денес. Дека
притоа и се ракувале со десната рака, сведочи Вилкен, кој ја опишува
трогателната средба помеѓу Александар Македонски и неговиот пријател
Неарх, за кого се сметало дека се изгубил за време на патувањето со
бродови. Овде читаме:
Александар му ја пружил десната рака на својот пријател Неарх, го фатил отстрана и долго плачел.
Значи, факт е дека и денешните и античките Македонци личното честитање и поздравување со блиските го вршеле со поздравување што велиме ние со десната рака и со бакнување. Единствено останува непознат бројот на бакнежите кај античките Македонци, но тоа и не е толку важно, поради
фактот што денешните три бакнежи кај Македонците се поврзани со христијанската вероисповед, која на античките Македонци им била непозната. Сепак, од описо на Плутарх гледаме дека и кај античките Македонци се работи за неколку бакнежи.
Појасот,како дел од машката облека,бил прекаван и кај античките Македонци, а добро е познато дека е присутен и во денешната македонска машка народна носија. Налку е познато дека токму појасот кај античките Македонци претставувал симбол на машкоста. Младите момчиња не смееле да носат појас додека не се докажат како мажи.
Џ. Елис, у врска со овој обичај кај античките Македонци, у својата книга "Македонскиот империјализам", пишува:
"Во поранешно време, кога имало помала префинетост, оној што не го убил својот прв непријател, морал да носи улар (еден вид презрамки, з.м.) наместо појас."
Хамонд пишува дека прв овој македонски обичај го опишал Аристотел:
"Аристотел... споменува само еден македонски обичај во својата 'Политика', кој се однесувал на носењето презрамки, наместо појас, од страна на секој Македонец, кој се уште немал убиено непријател."
Значи, овде станува збор за еден постар автентичен античко-македонски обичај, поврзан со суровите дамнешни времиња, кога убиството на човекот било единствениот "доказ"за машкоста.
Оној антички Македонец што ќе убиел непријател, станувал "маж", и добивал право да носи појас.
Секако дека со текот на времето овој суров обичај се модифицирал, но не исчезнал сосема.
Со текот на цивилискиот напредок во Македонија исчезнала суровата причина за докажување на машкоста преку убиството на непријателот, но останал симболот на машкоста олицетворен преку машкиот појас.
Знаеме дека во мирните и поцивилизирани подоцнежни времиња, момчињата машкоста ја докажувале оној миг кога стапувале во брак.
Тогаш тие се "докажувале", не само преку (најчесто) првиот сексуален акт, туку и како глави на своето новоформирано семејство, што значи дека дури во бракот тие за првпат станувале"'вистински мажи".
Во ваквото "докажување" натаму останал појасот како симболичен показател за"преобразувањето" на момчињата во мажи.
Во некои македонски села,за време на свадбените обичаи, на младоженецот му врзувале појас како симбол дека станал маж.
Кај Стефан Верковиќ, во описот на свадбените обичаи од југозападна Македонија, читаме:
"Во домот на невестата брат и му опашува на свршеникот појас."
Повеќе од јасно е дека симболот на појасот, како симбол за машкост, уште од античко време останал меѓу Македонците.
Доказ за ова е и срактот што на младоженецот, не случајно друг маж му го врзува појасот (братот на невестата).
Значи, добивањето појас е "машка работа", исто како што било и во античка Македонија, кога мажите биле тие кои, преку дозволата да носи појас, го прогласувале момчето за "маж", достоен да седи заедно со нив.
погребните обичаи кај секој народ најмногу зависат од вероисповедта на тој народ.
Погребните обичаи се поврзани со симболичното заминување на покојникот на "онај свет", а тој "свет" (иако во суштина е ист за сите умрени) различно е третиран од различните вероисповеди низ историјата и денес.
Така, на пример, луѓето со христијанска вероисповед главно се погребувани во согласност со христијанските закони; муслиманите во согласност со исламските закони и така натаму.
Секако дека ова се однесува и за Македонците (во зависност кој кон која вероисповед припаѓа).
Но, и покрај доминантната соодветна религиозна компонента, кај денешните Македонци останале погребни народни обичаи уште од времето на античките Македонци, т.е. уште од времето на нивните тогашни религиозни погребни ритуали. Овие обичаи се апсорбирале во православните обреди, но секој православен теолог сосема прецизно ги детектира истите.
Инаку, погребните обичаи и ритуали биле посебно почитувани од страна на античките Македонци.
Еуген Борза пишува:
"Еклектизмот од четвртиот век и раната хеленистичка македонска практика на погребување и поставеноста на гробовите е многу послична на римската практика во средниот и подоцнежниот републикански период, отколку на што и да било соодветно во грчкиот свет.
Според тоа, поставеноста и големите димензии на поголем број македонски гробови се различни од грчките погребни обичаи, кои се карактеризираат со поскромни гробови, групирани во гробишта."
Понатаму, Еуген Борза е уште попрецизен:
"Погребните обичаи, евидентирани од гробовите, ни покажуваат дека станува збор за нешто сосема поинакво од грчките."
Еуген Борза дава компаративен опис на погребните обичаи во Грција и во Македонија, при што пишува:
"Нормална практика во класичниот грчки свет било мртвите да се закопуваат надвор од градските ѕидини, a ce што било внатре BO градскиот округ било сметано дека е под надзор на локалните божества.
Според тоа, луѓето во антиката правеле сосема јасна одвоеност помеѓу градот на животот и смртта.
Според тоа, обично се наоѓаат гробници групирани надвор од градските ѕидини во грчките градови...
Но во Македонија постоела навистина многу покомплексна ситуација."
Во продолжение Борза пишува дека Македонците погребувањето го вршеле и во градовите, за разлика од Грците, за кои градовите биле резервирани за нивните храмови.
Во продолжение ќе наведеме два погребни обичаи кои останале до денес уште од времето на античките Македонци.
покривањето на лицето на мртовецот.
Имено, пред да биде погребан, на лицето на мртовецот му била ставана златна маска.
И овој обичај бил спротивен на хеленскиот дух (подетално кај: д-р Наде Проева, "Студии за античките Македонци", стр. 186).
Интересно е што овој обичај (се разбира со изменета форма) останал до денес кај Македонците.
Денес (поради разбирливи причини) не се употребува златна маска, но покривањето на лицето на мртовецот - останало! Во врска со овој обичај, дипломираниот теолог од Штип
Николче Горѓев, за потребите на овој труд, ја даде следнава изјава:
"Некои Македонци му го покриваат лицето на мртовецот со крпа непосредно пред да биде закопан.
Тоа повеќепати го имам забележано во мојата досегашна практика низ неколку места во Македонија.
За ваквото покривање на лицето не постои теолошко толкување и тоа не е пропишано со православните закони за погребување.
Очигледно дека станува збор за стар народен обичај, кој се апсорбирал во православието."
Еуген Борза, пишува:
"Повеќето од закопаните добра се поврзани со македонскиот војник: оружје, оклоп и садови за пиење вино.
Различноста и богатата измешаност на предметите што веројатно припаѓаат на личната сопственост на покојниот, повеќе потсетуваат на египетскиот и етрурскиот начин на погребување отколку на што и да било познато од грчкиот свет."
Значи, и за овој погребен обичај гледаме дека го нема во тога шниот грчки свет (без разлика на неговото потекло).
Инаку,овој обичај останал и кај денешните Македонци.
Дипломираниот теолог Николче Ѓорѓев за потребите на овој труд изјави:
"Погребувањето предмети од лична сопственост на покојникот, заедно со него, претставува неодминлив обичај во речиси секој денешен погреб кај Македонците.
Денес, заедно со покојникот, се погребуваат и предмети од неговата лична сопственост (часовник, чешел, паричник и слично), но неретко се случува да бидат погребани и покрупни предмети, како на пример скапоцени музички инструменти, накит и слично.
Ниту овој обичај не е православен.
Напротив, ние православните свештеници честопати ги тераме роднините на покојникот да не ги погребуваат овие предмети, тукуда им ги подаруваат на сиромашните.
Но, тие најчесто не ги слу шаат ваквите предлози и си тераат по овој стар народен обичај."
Без разлика што овој обичај сигурно дека го има и кај други народи, факт е дека во антиката го немало кај Грците, a останал до денес меѓу Македонците.
