Донирани стари автобуси за 40 општини!

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување

Дали мислите дека е добра таа идеја???

  • Да

    Гласови: 46 36,8%
  • Не

    Гласови: 62 49,6%
  • Незнам

    Гласови: 17 13,6%

  • Вкупно гласачи
    125
L

.Lost Angel.

Гостин


Вкупно 40 општини во Македонија ќе добијат стари автобуси кои се во возна состојба, а ќе ги користат за потребите на општината.

Имено, Град Скопје заедно со Јавното сообраќајно претпријатие и Здружението на единици на локална самоуправа ќе донираат автобуси во возна состојба на 40 македонски општини.

“ЈСП заедно со Градот Скопје одлучи да донира дел од постарите автобуси кои се во возна состојба. Заедницата на единици на локална самоуправа се обрати до сите општини низ Македонија со понуда дали би сакале да добијат автобус од ЈСП и на наше задоволство токму сите општини кои побараа ќе добијат, па се надевам дека нема да има незадоволни општини“, рече директорот на ЈСП, Мишо Николов.

Одлуката за донирање на стари автобуси на општините беше донесена на седница на Советот на град Скопје, на која беше донесен нацрт буџетот на градот за наредната година.
 
Дали мислите дека е добра таа идеја???
Не е добра идеја.

Старите автобуси се државни. Новите автобуси ги купивме ние, народот на цела Република Македонија, само за Скопјани. И сега, старите кршоини нека се возат по другите градови.

И после ќе не нарекуваат Грците "Скопје држава". Носете си го гордо називот.
 
Во Куманово последниве година - две се увезоа доста нови автобуси од Австрија - Германија.. Мерцедеси,Дафови,Манови.. и тоа сите со автоматик мењач.. ЈСП сега се прави црвен крст па донира, ама лесно е кога пред тоа сите им купивме нови автобуси , па сега и донатори се,наместо да почнат асално да работат
 
Дајте ги ваму на сечење,ќе земам окси-ацеталин и ќе извадам 700 кила жица :)
 
Многу фала, што да кажеме. Поголемо понижување од ова здравје.
Нас нови не ни требаат. Само Скопјани се доволно достојни луѓе да се возат во нови.
Реков јас: Или сите во Скопје да се преселиме, или надвор од државата.
За да имаат смисла донацииве (од владата за Градот Скопје, а ѓубрето од Скопје по "селата").
 
Шутот се фрла, а не се донира! Ама сепак, треба да излезат фини. Во Куманово и Битола има градски превоз, во Куманово последниве 2 години гледам нови автобуси и тоа ме радува, ама тие се приватни. Државни автобуси не набавувале за овие два града бидејќи немало јавно претпријатие. Ако бе, па ај ќе формираме, тогаш ќе ни донирате (т.е. ќе ни дадете од нашите) по еден-два автобуси...
 
Кои црни општини жити се... Освен Скопје, само Битола има градски автобуски превоз. И на кој ќе му ги дат автобусите? На Кратово?
Целта не е да се подари нешто некому.
Само да се тргне ѓубрето од сопствениот двор.
Ако е за подарување првин треба скопското ЈСП да им се заблагодари на сите македонски граѓани (да, и на тие од провинција) за огромната и несекојдневна донација која тие со сопствени пари ја направија кон ова јавно претпријатие кое ако работело како што требало би било логично само да го подновува сопствениот возен парк.
 
Целта не е да се подари нешто некому.
Само да се тргне ѓубрето од сопствениот двор.
Ако е за подарување првин треба скопското ЈСП да им се заблагодари на сите македонски граѓани (да, и на тие од провинција) за огромната и несекојдневна донација која тие со сопствени пари ја направија кон ова јавно претпријатие кое ако работело како што требало би било логично само да го подновува сопствениот возен парк.

Им се заблагодари како не..ја качи одма цената за 5 денари,како знак на благодарност (y)
 
Abre dajte pratete nekolku vo Bolgarija ,nim sekako im trebaat da gi zamenat
onie od "50god. Zaboravivte li kako tie ni pomognaa so starite tenkovi koga
najpovece ni trebaa taka li bese, pa so niv ja branevme i drzavata.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom