Најискрено не сум правела ретроспектива како се одвивало политичкото новинарство во минатото и не велам дека во времето на Бране било сјајно и дека тогаш сите новинари биле објективни...Факт е дека која и партија да дојде на власт ќе си вработува свои членови, ќе си има свои новинари послушници итн...
Но ова што сега се случува, овој медиумски мрак, политички притисок врз новинарите, затварање на медиуми(и електронски и пишани...) - никогаш ова го немало...Се прашувам само - кој е следен да биде спектакуларно уапсен, со наместени сведоци и сл...???
И зошто новинарот Зоран Божиновски, откако неколку пати беше брутално тепан, се пресели во Београд...?
Каде е медумската слобода и слободата во новинарството?