МРТВ ГО КРАДЕ НАРОДОТ!

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте задоволни од МРТВ?

  • Да.

    Гласови: 23 12,3%
  • Не.

    Гласови: 135 72,2%
  • Не ме интересира./Не се замарам.

    Гласови: 29 15,5%

  • Вкупно гласачи
    187
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
МРТВ ГО КРАДЕ НАРОДОТ!

Македонската РАДИО-ТЕЛЕВИЗИЈА, која е синоним за кич на ТВ етерот во Македонија
ја зголемува претплата од 120 на 190 денари. И покрај тоа што кабелскиот оператор им плаќа за емитувањето на нив тоа не им одговара и на граѓаните им се заканува со тоа дека доколку не плаќаат ќе им викне извршители. Имам Кабелска и интернет и се тоа ме кошта околу 700 ден. и да давам плус 190 денари за една никаква телевизија која не ја ни гледам, не доаѓа во предвид макар и куќава да ми ја земат! Во последно време се повеќе на теливизијата се емитуваат пропагандни материјали во корист на Владеачката партија ( пред да нападнете дека сум анти-ВМРОВИСТ, истото се случуваше кога беше СДСМ на власт и сервисот се претвара од средство на граѓаните во средство за перење мозок во корист на власта). Јас не планирам да давам 190 денари за телевизија која не ја гледам и ич не ме интересира. Почнувајќи од МТВ 1 и МТВ 2 која емитуваат емисии и филмови снимани пред повеќе од 20 години по кој знае кој пат, до МТВ 3 која труе со одвратни и досадни седници на Сообранието и Владата.
23573_109920169018894_100000027349697_264865_1208577_n.jpg

Вие што мислите, треба да се плаќа или не?
 
Пфф уште оваа остана да краде од народот, се кради па и мора и овие, да не останат покусо....уште малце тие горе и сами ќе се искрадат.
 
МРТВ ГО КРАДЕ НАРОДОТ!

Македонската РАДИО-ТЕЛЕВИЗИЈА, која е синоним за кич на ТВ етерот во Македонија
ја зголемува претплата од 120 на 190 денари. И покрај тоа што кабелскиот оператор им плаќа за емитувањето на нив тоа не им одговара и на граѓаните им се заканува со тоа дека доколку не плаќаат ќе им викне извршители. Имам Кабелска и интернет и се тоа ме кошта околу 700 ден. и да давам плус 190 денари за една никаква телевизија која не ја ни гледам, не доаѓа во предвид макар и куќава да ми ја земат! Во последно време се повеќе на теливизијата се емитуваат пропагандни материјали во корист на Владеачката партија ( пред да нападнете дека сум анти-ВМРОВИСТ, истото се случуваше кога беше СДСМ на власт и сервисот се претвара од средство на граѓаните во средство за перење мозок во корист на власта). Јас не планирам да давам 190 денари за телевизија која не ја гледам и ич не ме интересира. Почнувајќи од МТВ 1 и МТВ 2 која емитуваат емисии и филмови снимани пред повеќе од 20 години по кој знае кој пат, до МТВ 3 која труе со одвратни и досадни седници на Сообранието и Владата.
23573_109920169018894_100000027349697_264865_1208577_n.jpg

Вие што мислите, треба да се плаќа или не?

Koга отвараш тема давај линк, пошто на тебе ли да ти веруваме ? дај линк ,извор или не лупај зелени
 
Не, не знам зошто им ги плаќаме и овие 120 денари, камо ли 190. Никаква програма, филмови од 60', владеачки пропаганди(перење мозок). Ај да се подобреше во нешто телевизијата, па да разберам зошто ќе им ги даваме тие 70 денари. И ете + кабелските оператори им плаќаат за емитувањето. Многу монопол има во земјава, пример е парното. Па да можат голи да не соголат ќе го направат тоа. Некаде парното пука од што е топло, дома можеш со кратки да седиш, на друго место кочан, млако парно. На сите им сметаат ствариве а никој не покренува иницијатива за менување на истите...
 
Плус не плаќаат само домаќинствата туку и фирмите!
 
Koга отвараш тема давај линк, пошто на тебе ли да ти веруваме ? дај линк ,извор или не лупај зелени
Од што сакаш линк? Од покачената цена? Од новите програми на МРТВ? Линк од здравиот разум?
Ако сакаш за првото ќе се најде, има таква работа, за број два и три нема, два е непостоечка категорија, три баце и да го имаш, веројатно во штаб ти е оставен
 
Не ме интересира/не се замарам.

Од проста причина што не ги гледам, не ги плаќам и нема да ги плаќам. Ако имаат муда нека пратат извршители да дојдат да земат нешто ..
 
е има да плачате и оро че играете! :) у спротивно УЈП че ви блокира сметка :cool:
 
Види МТВ да има паметен уредник ќе биде најгледана тв сите можни Македноски серии и филмови ги има таа во својата архива и ништо од тоа не користи што ново продуцира МТВ?
Плус РДТ е 130 денари од кај дека ќе ја качат на 190? Не е веродостојно тоа намерно ја намалија за да се плаќа ако ви текнува беше 300 денари
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom