Кој македонски оператор има најдобра корисничка поддршка?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Кој македонски оператор има најдобра корисничка поддршка?

  • Кејблтел (Blizoo)

    Гласови: 61 13,9%
  • Телекабел

    Гласови: 53 12,1%
  • ОНЕ

    Гласови: 63 14,4%
  • Телеком

    Гласови: 178 40,5%
  • ВИП

    Гласови: 111 25,3%
  • Неотел

    Гласови: 22 5,0%

  • Вкупно гласачи
    439
  • Гласањето е завршено на .
Ги имам користено услугите на сите оператори, освен на Неотел. Гласав за ВИП затоа што секој пат кога сум се јавувала во корисничкиот центар биле љубезни и секогаш барањата ми биле исполнети.
Порано беше добра и корисничката поддршка на One, но со тек на време станаа препотентни и, покрај она стандардното "рестартирај го рутерот/модемот/компјутерот" што вади од такт, се однесуваа како да ги иритира што им јавуваш. Сфаќам дека некогаш и на тие оператори им е преку глава од секакви луѓе што им се јавуваат, ама кога веќе прифатиле такво работно место не смеат да си дозволат нељубезно однесување.
Исто така и на Кејблтел услугата им беше ужасна. Кога ги укинаа Foxlife и Foxcrime се јавив да прашам дали се привремено недостапни каналите или ќе ги нема (некогаш имаа проблеми со некои канали) и тетката ми рече "Аман више сите денес со тоа, НЕ, НЕМА да ги вратиме каналите, ако не ви одговара програмата барајте си друг оператор" :cautious:
 
Некористејќи го само Неотел од наведените, скромно би кажал дека Телеком и Вип ги задоволиле моите нескромни побарувања. И покрај сите псовки и навреди повремено упатени кон нив во минатиот период за кој ги користам нивните услуги , сепак се тие ултимативниот избор на мојата напатена славјанска маленкост.
Ех...колку се разгаливме...
 
Прашањето треба да биде: Кои вработени во „грижа за корисници“ по нашиве оператори имаат најдебели нерви за да се расправаат по цел ден со идиоти?
wow сите сме идиоти освен тие шо се вработени во грижа за корисници.
Дај не зезај, колку треба да си идиот да заспиеш на работно место и на корисникот кој ти дава плата (да, јас и останатите корисници му обезбедуваме плата на идиотот, пошо коа би не немало нас, на кого би му изигравал "грижа за корисници"? )да му речеш дека си задремал и затоа не може да си го доглеаш филмот?
Колку треба да си идиот доколку корисникот ти кажал и пишал во колку саат е дома, ти да му остаиш ливче на врата дека си дошол да му го решиш проблемот 2 саата пред наведениот термин коа си дома? И тоа не еднаш, туку 10 пати.
Тоа мене не ми личи на грижа за корисници, туку на ебење у здрав памет.

Значи, да не се толку игнорантни и мрзливи корисниците, нема да има лоша техничка поддршка.
Teхничката поддршка постои за корисниците, а не корисниците за техничката поддршка.
 
Досега од операторите имам користено услуги од Неотел, Кејблтел, Т-Мобајл и ВИП.

Од Неотел сум презадоволен, досега сум имал неколку пати ситни проблеми и секогаш кога ќе се јавам се однесуваат најпрофесионално и најџентлменски, конкретно проблемите ги решаваат максимум за 1 ден, но веќе користам Неотел 2ипол години, 2 години бев на припејд тарифа за интернет, сега сум под договор и доколку продолжат вака така и ќе останам.
Кејблтел се промашена инвестиција, буквално, типичен непрофесионализам, типично аматерство просоледено со толкава ароганција што ти се иде да им фрлиш бомба во наплатниот центар.
Користев 2 години интернет од нив, претерано бев незадоволен, услугата беше катастрофа, техничката подршка беше ужас, чекаа дел од Италија и по половина месец, 3 месеци бев со 512/512 конекција затоа што мојот компјутер бил расипан а нов беше и 2-3 пати форматиран баш поради тоа.
Корсничката подршка уште полоша, лажат, крадат, и се по ред, уште се и арогантни и се караат.
Среќен сум што пред 2пол години побегнав од тој хаос.

Т-Мобајл, никогаш не сум имал проблеми со мрежа или слично освен со сметките, многу малце правам муабет а високи сметки, истото би кажал и за ВИП.
 
До сега имам користено интернет "само" од T-Home и One(on net) и од двете фирми сум презадоволен од техничката поддршка.
 
ahaha kakko mozete da kazete deka telekabel ima super internet hahaha so 20 kb/s download kade sto 42 mega (NE GIGA) gi simnuvam za 32 minuti hahaha, od koga se prefrliv na t-home zivot vidov preZadovolen sum od internetot
 
Најнегативно искуство имав со бугарите Кејблтел. Откако ќе го потпишеш договорот на година дена, си го јадел стапот. Првиот месец е се супер, ама после тоа:ги немаш сите канали за кои си потпишал договор, тапа ти е интернетот а те дупат дека не ти чини компјутерот, ти даваат расипан ресивер и те убедуваат дека ти работи, ама ти си глуп и не знаеш како да раководиш со него. Не го пипкаш телефонот а ти стига ненормална сметка. Имаш бесплатни минути за разговор на телефон, ама само на реклама. Немаш интернет 3-4 дена и никој не ти кажува зошто, пошо ко ќе отидеш у наплатен пункт вработените се стаени да викаат НЕ ЗНАМ:tapp:
Си заглеал филм на некој канал и одеднаш го снемува. Се јавуваш да прашаш шо е работа, а црепот ти вика:Извини сум задремал и сум стиснал некое копче :confused:
Ги откажуваш услугите, не си корисник веќе месец дена и замисли пак ти стига сметка со 0 денари:pos:
После тоа се префрлив на Телекабел и можам да кажам дека се супер. Се што ветија во договорот исполнија. Ги имам сите ТВ канали, интернетот ми е супер, се убивам од зборење на телефон а сметката ми е нормална. Не викам дека не ми се десило да снемам интернет, тв...ама за брзо време го решиле проблемот.

Од телефонските оператори најнезадоволна бев од Т-мобиле. Бев при пејд корисник и само шо ќе стаев кредит, леташе ко луд. Се префрлив на ONE постпејд и сум задоволна. Конечно зборам како чоек на телефон, без високи сметки и покачен притисок :icon_lol:

А Teлеком се апаши невидени. Зборел/не зборел на телефон сметката иста. Затоа најарно ако имате број на телеком откажете го.

Жали се на АЕК(Агенција за Електронски Комуникации)
 
wow сите сме идиоти освен тие шо се вработени во грижа за корисници.
Дај не зезај, колку треба да си идиот да заспиеш на работно место и на корисникот кој ти дава плата (да, јас и останатите корисници му обезбедуваме плата на идиотот, пошо коа би не немало нас, на кого би му изигравал "грижа за корисници"? )да му речеш дека си задремал и затоа не може да си го доглеаш филмот?
Ова искуство не ќе да ти е од Кејблтел, они имаат техничка поддршка што работи до 23. После тоа спијат :)
Колку треба да си идиот доколку корисникот ти кажал и пишал во колку саат е дома, ти да му остаиш ливче на врата дека си дошол да му го решиш проблемот 2 саата пред наведениот термин коа си дома? И тоа не еднаш, туку 10 пати.
Тоа мене не ми личи на грижа за корисници, туку на ебење у здрав памет.
Тоа не е техничка поддршка, техничка поддршка се оние што никогаш не ги среќаваш во живо и ти го решаваат телефонски проблемот, не се тие криви за теренците.

Јас имам телефонски броеви од теренците од моите оператори кои сум ги добил затоа што ги пречекувам со убав збор и ги нудам со кафе и вода исто како да ми дошле гости. После таков пречек, самите се нудат за „ако имам било каков проблем директно да ги барам за да не се заебавам со налози“.
Teхничката поддршка постои за корисниците, а не корисниците за техничката поддршка.
Така е, но техничката поддршка не е таму за да ги учи луѓето за основни компјутерски поими и како се работи со виндоус. За тоа си постојат курсеви и ниеден од тие курсеви не се одвиваат преку телефон.
 
отиди во наплатен центар и само постој едно 15 мин ќе видиш колку задоволни граѓани има...
а тоа дека ти се нема случено ништо досеа.. или е затоа што си нов.. или па си некој вработен во cable tel па немаш проблеми..
ми се случуваа многу пиздарии порано, ама сега веќе НЕ..и не, не сум вработен таму, во наплатен што мајка барам, си плаќам на сметка преку фирмата и да ти кажам од сосем друга страна сум во секојдневен контакт со корисници на сите тие услуги и знам зошто велам за нив дека во моментов се најдобри и не, не сум нов корисник, од првиот момент сум со нив.
 
Користам интернет од T-Home и сум презадоволен од брзината и квалитетот и од самата услуга, фиксната телефонија им е ок еднаш имаше проблем кога невремето ја бутна бандерата и без врски дојдоа одма следниот ден работат луѓето 24/7 :)
од мобилната телефонија сум користел се и не сум задоволен од ниту еден оператор крадат на бесплатните минути ама баш сите , плус тарифата секогаш им содржи финти и дополнителни трошоци кој никако не се кажуваат и секако цените не паѓаат роамингот е изгор незнам повеќе користѕам сега нет и штедам на телефон
 
Интернет имам од Телеком и супер се. Еднаш немав интернет поради проблеми со модемот и само што се јавив дојдоа следниот ден и го решија проблемот.
Додека како мобилен оператор не ги поштувам воопшто. Бев четири години со т-мобиле број на припејд и самиот се чудам како издржав со толку чести дополнувања на кредит и пак не можев да се изназборам нормално. Сега со Вип е подобро.
Но знаете дека ние никогаш нема да сме задоволни целосно од ниту еден оператор. Секогаш бараме повеќе и сакаме да не плаќаме за тоа.
 
Ова искуство не ќе да ти е од Кејблтел, они имаат техничка поддршка што работи до 23. После тоа спијат :)
Шо фајде имам да лажам?
Али трнот не е трн ако не промрчи ;)

Јас имам телефонски броеви од теренците од моите оператори кои сум ги добил затоа што ги пречекувам со убав збор и ги нудам со кафе и вода исто како да ми дошле гости. После таков пречек, самите се нудат за „ако имам било каков проблем директно да ги барам за да не се заебавам со налози“.
ОК и кафе и сок и слатко сум ги нудела, телефонски броеви сум имала од теренците, па пак не бивало. Треба да ги молам да сум нивен корисник или да им плаќам а да ме праат будала у здрав мозок? Не фала. Сега сум раат со Телекабел, кои стварно си ја знаат работата.

Така е, но техничката поддршка не е таму за да ги учи луѓето за основни компјутерски поими и како се работи со виндоус. За тоа си постојат курсеви и ниеден од тие курсеви не се одвиваат преку телефон.
Мене не требаше да ме учат за компјутери, туку да ме услужат....а не ко ќе им се јавиш да ти речат НЕ ЗНАМ. За НЕ ЗНАМ ли зимаат плата?
 
Задоволството од интернетот кај нас без разлика на кој провајдер си е релативно, можно е некој што го има истиот нет/пакет како тебе да има 0 проблеми а ти да имаш милион, не сме Германија или Шведска па интернетот да има ист квалитет во сите реони/делови од државата, прашање е и таму дали е така.

Јас лично сум генерално задоволен од Cabeltel, за парите нудат апсолутно најмногу, овој сегмент од понудите никогаш не се зима во предвид кај нас.....а треба и тоа како....чиста логика во било која свера од економијата.

Да T-Home се подобри можеби од поглед на генерална стабилност на интернетот и корисничката подршка, но чинат 2/3 пати повеќе за интернет со еднаква (помала брзина) и згора на тоа со ограничен трансфер.
 
Teхничката поддршка постои за корисниците, а не корисниците за техничката поддршка.

По мубаетов, ти често си се јавувала у Кејблтел, значи го оспоруваш ова - не постојат они за тебе, ти за нив постоиш во некое црно тефтерче :))
 
Кејблтел поддршката досега не е баш задоволителна. Телефонски никогаш не сум добил информација зашто е паднат интернетот туку секогаш сум морал да одам лично и да прашам што е проблемот и најчесто не знаат што да ми кажат. По ден два ќе го средат нетот (среќа ретко е) ама немаш поим колку ќе трае и ако ти е работата врзана со интернет кинеш нерви.

Во еден пункт ми бараа да потпишам договор на 2 години за да ми сменат пакет (што не беше во ред), одбив, отидов во друг пункт и таму без проблем ми сменија пакет.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom