Невообичаени туристички дестинации

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Невообичаени туристички дестинации

Ридот на крстовите,Литванија
01-travel.jpg

Kryžių kalnas- Ридот на Крстовите, кој што се наоѓа на 12 километри од малиот индустриски град
Šiauliai

е литванско место за аџилак. На малиот ред се поставени повеќе од пеесет илјади крстови кои што ја претставуваат христијанската посветеност и симбол за литванскиот национален идентитет. Потеклото на првите крстови е непознато, но и покрај пстојаните обиди на комунистичката власт за време на 20. век да ги отстранат крстовите, тие сепак се враќале во илјадници.

Местото само по себе не е страшно, но концептот на мистериозното појавување на илјадници крстови, и тоа како да се појавиле сами од себе, може да биде вознемирувачки во извесна мера.

Замокот Машкул (Château de Machecoul), Франција

06-travel.jpg

Овој замок бил дом на Жил де Ре (1404 – 1410) , бретонски витез, соборец на Јованка Орлеанка, како и маршал на Франција, но најпознат е како сериски убиец на деца. Во 1434-35, тој се повлекол од воениот живот, и се впуштил во некаков окултизам, потрошувајќи го своето богатство во поставувањето на некаков екстравагантен театарски спектакл. Некаде пролетта во 1432 се појавил првиот случај на убиство на дете, и потоа следувале слични злосторства. Бројот на жртвите се искачил на стотици. Откако ги силивал момчињата кои ги грабнувал, им ги пресекувал грлата и мастурбирал врз нивната крв и внатрешни органи. Следува запис од неговото судење:
„... Кога децата ќе умреле, тој ги бакнуваше и тие кои што имаа најубави екстремитети и глави ги држеше во рацете восхитувајќи им се, и потоа сурово ќе ги распореше нивните тела насладувајќи се на глетката на внатрешните органи. И многу често кога децата умираа тој седнуваше на нивниот стомак и уживаше гледајќи ги како умираат, и се смееше...“
Бил погубен со бесење во Нант на 26 октомври 1440. Жил де Ре е инспирација и за приказната за Синобрадиот. Сите овие злосторства се случувале во внатрешноста на овој замок. Жртвите биле соѕидувани во ѕидовите, фрлани во оџаците, и погребувани околу местото.

Европските костурници

11-travel.jpg
Костурниците се згради или места кои што служат за оставање на коските на починатите луѓе. Тие често се употребуваат кога нема доволно место за вообичаено погребување. Вакви места можат да се најдат насекаде низ Европа. Меѓу најпознатите се катакомбите во Париз кои што се мрежа на ходници полни со скелети веднаш под париските улици. Фотографијата погоре е од Санта Мариа дела Кончезионе деи Капучини, црква во Рим, Италија, изградена по нарачка на Папата Урбан VIII во 1626. Во неа се наоѓаат остатоците на 4000 фратри. Некои од скелетите се недопрени, но во поголем дел одделни коски се употребени во создавањето на сложени украси. Тоа е само една од морничавите костурници кои што можете да ги посетите.
Трак лагуна во Микронезија
trak-laguna.jpg
На морското дно во оваа лагуна ќе најдете огромен број на потонати бродови и носачи на авиони, како и секаков вид на воена опрема и возила. Подводен музеј.

Чернобил, Украинa
cernobil.jpg
Најсмртоносната експлозија во нуклеарна централа, денес е сеуште напуштена и изгледа како сцена од некој хорор филм.

Салем – Масачутес, САД

EmmaKitchen.jpg

Овој американски источен брег има маѓепсана историја, со тоа што во 1692 таму се вршело судењето за магиите во Салем. За време на судењето, 19 мажи и жени биле осудени за вештерство и однесени на ридот Gallows за да бидат обесени. Овој рид можеби е најморничавиот дел на Салем, но вистинското дрво на кое виселе обесените вештерки повеќе не постои, а големата јама каде што се фрлале мртвите тела се затворила сама од себе. Но, вашата потрага по возбуда сè уште може да ја задоволите во музеите Salem Witch и Witch Dungeon, како и во восочниот музеј Wax Museum of Witches and Seafarers.

Ако знаете и вие некоја чудна туристичка локација споделете со нас, и внимавајте на содржините зошто може да предизвикаат вознемиреност кај некој луѓе!
 
Топ, е вакви места ми се допаѓаат. Ваљда додека сум жив ќе посетам некое.
И јас би сакал иако за дел од нив историјата на нивното формирање е премногу застрашувачка! :D
Треба малце и вакви места, да се види и другата страна. хехе :)
 
Мај фејвритс:Салем,и секако,од кога сум роден Чернобил :P
 
Ја од сите овие би ги посетил овие неколку места:
Москва - Русија
climbstation_Moskva.jpg


80_38927510_Moskva1.jpg


Израел - Ерусалим
jerusalem-panorama-500.jpg


Jerusalem_Old_City_Cropped.jpg
 
Јас бев минатата година на Pидот на Kpстовите во Литванија. Местото е навистина језиво, како од некоја хорор сцена. Ми беше многу непријатно да се шетам помеѓу тие крстови и му реков на пријателот (Литванец) дека и баш и не беше добра идеја што таму ме однесе. Мене лично тие крстови ме потсетуваат на смрт, погреби и сл, и затоа не ги сакам. Иако имаше поставено крстови и за живи луѓе, како за здравје. Имаше на пример крстови од Црвен Крст, од противжарна бригада итн. Стварно морбидно место.
Еве две слики од мојот апарат.:)



 
Еве едно можеби не толку вообичаено место за одмор. Но вредно да се посети.
Можеби некој е во можност да го посети.;)
Интересен сајт за информирање и изнајмување на апартмани.
Линк.
Picture3.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom