Германски леток до Македонците - 8.IV.1941

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување
Во времето на кнезот Борис ниту една педа земја од овие византиски територии не станале дел од Бугарија. За прв пат овие византиски територии се приклучат од хан Крум кон 808 година.

Оф-топик сме, но така е. Борис и Симеон не освоиле ништо. Деловите од Македонија ги добиле како подарок од византиските императори при што нивната власт над тие територии се состоела од едноставно прибирање на даноци како што правеле и византијците.
Грабежот на Крум по течението на Струма во 808 г. нема некое поголемо значење.
Крум не завладеал со ниту еден дел од територијата на Македонија.
Spiro Kitancev e bugarski fasist koj podocna ce bide osuden ...
Добро празноглаво суштество. Бил бугарски фашист, но бил и Македонец (без разлика како се декларирал) и тоа го искористил за да ја добие поддршката од своите сонародници.
 
Предупредување за офтопик до Елена, Радев и Фрозен.

Темава не е за комунистичките монтирани судски процеси ниту за јазичната ситуација.
 
Не е можно Бугарија и Македонија да имале еден јазик (бугарски!)

извор http://www.vecer.com.mk/?ItemID=95BB7F1BB6CEC64A8424A017C278CB94

Германскиот леток покажува токму тоа. Јазикот е чист, литературен, литературен бугарски од тоа време. Ако тоа бил итн "македонски јазик", значи во Вардарска Бановина и во Царството Бугарија се зборувал еден ист јазик.
 
1. Летокот е јасно насловен, се однесува на, и е испратен до некого = МАКЕДОНЦИ
Со тоа почнува и завршува секаков обид за манипулација и искривоколчување. Точно е тоа дека некои од потпишаните во последователниот период апла му се ставаа на услуга на бугарскиот воено-полициски апарат, арно ама останаа со прстињата во устите зашто не само што не добија никакви функции од истиот, туку и на крај завршија така како што завршија.

2. Ако се погледнат поарно изворните документи, изјави и сведоштва од тој период се доаѓа до повалидна слика за вистината. Само треба човек да биде објективен и да не потпаѓа под ничија пропаганда која ги мати работите, тука пред се мислам на бугарската, ама секако и на комунистичката.

Бугарската "наука" го посочува истиот 8 април 1941 г. како ден на кој се формирале т.н. "Бугарски акциони комитети" (иако за тоа име од та дата не постои документ за да се потврди кажаното, ама кога било за бугарите тоа проблем?) во Скопје.

Aрно ама на тој "состанок" покрај Спиро Китинчев учествувале најразлични луѓе (имало и комунисти) со сосема спротивставени гледишта на работите (гледано од денешен аспект и низ призмата на налепените пропаганди) кои по се изгледа таму се збрале заради МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНЦИТЕ.

Тоа што некои од нив веќе во следните недели апла си застанале на страната на Бугарите си е нивен проблем и затоа подоцна си го добија тоа што го добија.
Другите си застанаа на страната на тие што се бореа против бугарската окупација и на крајот излегоа како победници.

Само еден податок којшто е многу пати цитиран овде, ама некој сака да го третира само како одделен од се друго, а не е така.

Имено се работи за писмото на Крсто Трајков т.е. "Крсте-Ресенски", војвода уште од Илинденскиот период којшто кога отишол во Америка ете што напишал до тогашното предводништво на М.П.О.

KrstoTrajkov_MakCrkva.jpg


Истиот тој е наведен како еден од основачите на тие т.н. "Бугарски акциони комитети" и е поставен за кмет на Ресен од страна на Бугарите и си умира во 1943 г.

Значи испаѓа дека работите не се баш така црно-бели како што сака некој да ги прикаже.
Прашајте се дали имало луѓе кои се спротивставувале и ги мразеле комунистите тогаш?
Нормално дека имало.

Радев напиша:
Германскиот леток покажува токму тоа. Јазикот е чист, литературен, литературен бугарски од тоа време. Ако тоа бил итн "македонски јазик", значи во Вардарска Бановина и во Царството Бугарија се зборувал еден ист јазик.

Одговорено ти е безброј пати за инсинуацијата околу јазикот и писмото на летокот.

Повели напис од 1953 г. од насловна страна на македонскиот весник "Македонска Искра" издаван во Австралија.

За јазикот ќе ми збориш или за напишаното?

Makedonska_Iskra_1953.png



Да најдам сега на англиски јазик, на германски, на шпански што е издадено и напишано?!

.
 
Ете, помина година и кусур откако дежурните бугарски тролови се пенавеа нешто за македонскиот јазик на темава, и оп излезе нов документ што во темел ги руши нивните глупави пропаганди.

Germanci-Makedonija-1944-1_zps9fb54303.jpg

Germanci-Makedonija-1944-2_zpsa9255998.jpg

Germanci-Makedonija-1944-pr-1_zps64a744b6.jpg

Germanci-Makedonija-1944-pr-2_zps0473a5f2.jpg


ИЗВОР

Еве го документот од "Прилог 1" во подобра резолуција

Makedonisch-28-10-1944_zps2fe688cd.jpg


:rolleyes:

И после со кој образ и со која логика тврдат дека некој го измислил Македонскиот јазик?!?
 
Останува заклучокот од првиот пост, дека секогаш, секогаш и секогаш кога странците сакале да му се обратат директно на Македонецот, знаеле со кое име да му се обратат, а и немале проблем да го разликуваат од Грци, Бугари или Срби.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom