Нокиа со подобрена мапа на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Apple
  • Време на започнување Време на започнување

Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.116
Поени од реакции
1.401
Локација
Скопје
Денеска приметив дека Нокиа конечно објави подобрена варијанта од нивниот навигационен пакет Нокиа Ови Мапи.
До пред 2 години Македонија(според Нокиа ПЈРМ) постоеше само како поим.Причина за тоа е затоа што Нокиа ги користеше мапите на Navteq и бидејќи тие ја немаа Македонија покриено,затоа ситуацијата беше никаква.Пред извесен период се појави Скопје и другите поголеми градови на нивните мапи и со тоа барем колку толку можеше да се искористат.Денеска можам да кажам според веб изданието мапата изгледа одлично.Речиси сите улици ги има и недостасуваат само имињата на објектите.
Бидејќи немам Нокиа телефон не сум во можност да видам дали мапите се исти вакви како и на веб изданието но од првичните коментари од сопственици на Нокиа телефони(тие што имаат можност за навигација) велат дека мапата е функционална и конечно средена.Еве како изгледа онлајн варијантата:

124u1zs.jpg


Така да ако некој има Нокиа телефон ако може нека ја надгради и инсталира мапата на Македонија па да каже резултати и импресии
 
троши кредит ако ја инсталирам и користам ?
иначе супер е мапава , ја има и мојата улица :)
 
троши кредит ако ја инсталирам и користам ?
иначе супер е мапава , ја има и мојата улица :)

Мапите на Нокиа не користат интернет,се инсталираат во телефонот бесплатно
 
Гледам направиле навигација и во 3д, ај може ќе дочекаме и ние некогаш Македонија да има такво нешто :)
 
Од кај може да се преземат?

Каков телефон имаш?Треба да имаш Нокиа телефон за да можеш да ги преземеш во телефонот.За да го направиш тоа треба да го симнеш Nokia suite и кога ќе го конектираш телефонот таму имаш секција да преземеш мапи од цел свет.Одбираш мапа за Македонија и тоа е тоа.

Преземи Нокиа ови suite
 
Да. Нокиа, го имам костумот оригинален и сум регистриран и го користам, ама досега не ми текнало на памет мапа да барам. Ќе видам деновиве кога пак ќе конектирам за размена на податоци.

Фала. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom