Влегува човек во полициска станица и уште од врата почнал да се дере-Вие цајканите колку сте глупи,врска немате од животот!!! Цајканиве го смируваат тука,му викаат дека не е така,а овој си продолжува-Што бе не е така!?!?Да се кладиме дека ако ви поставам некое прашање вие нема да го знаете.Се согласиле,се собрале сите цајкани и почнал човекот:
-Што е тоа мало,црвено,расте на дрво и има семка?
Се мислат,се мислат цајканиве ама не им текнува.
-Цреша бе,ви реков дека сте глупи.
Цајканиве реакција:
-Еееееејјјјј да бееее црешааааа......Дај бе постави уште некое прашање,ќе видиш дека ќе го знаеме.
-Што се тоа две мали,црвени,растат на дрво и имаат семки?
Се мислат,се мислат цајканите ама не им текнува.
-Две цреши бе глупи едни.
-Лееееллееееее да бееееее,две црешииии.Ај постави уште едно,некое полесно,гарант ќе го знаеме.
-Ајде кога сте запнале.Кое животно ја влече воловската кола?
Се мислат цајканиве,не им текнува.Одеднаш од позади еден цајкан,по малце срамежливо крева рака и вика:
-Да прашам јас-да не се три цреши???
13 цајкани одат на испит на факултет. Седнуваат еден позади друг, како на факултет. Влегува професорот и им задава една многу тешка задача. Треба да напишат една марка на кола. Првиот цајкан веднаш запишува 'Јагуар'. Вториот се мисли, и се мисли и пробува да види и да препише од првиот свој колега. И место да прочита 'Јагуар', тој прочитал 'Јануар', и си напишал целиот среќен 'Фебруар'.
Третиот по примерот на вториот, си напишал 'Март', четвртиот 'Април'……..итн се до 12-тиот цајкан, а кој си напишал 'Декември'. 13-тиот мислел , мислел, мислел нема веќе месеци, и на крај му текнало и си напишало- 'Среќна Нова Година'.