Милицајски :))

  • Креатор на темата Креатор на темата Mad Maxx
  • Време на започнување Време на започнување
Си бил еден полицаец и сакал да запали цигара. Зел кибрит и запалил едно кибритче и не му палело зел уште едно не му палело и едно му запалило и рекол:
- Е ова пали, ќе си го чувам за после.
 
Си одела една плавуша по улица и видела еден цајкан.
Му пришла и му рекла:
Срце многу си убав, ми доаѓа да те изедам!
Цајканот и одговара:
Срце ај не јади гомна !!!
 
Шета некој полицаец коза по град, и го среќава некој и прашува:
- Каде го шеташ ова говедо?
Полицаецот:
- НЕ е говедо коза е !!
човекот:
- Кој те прашува тебе козата ја прашувам.
 
Полицаец застанал кола со Албанец кај Тетово, за брзо возење и му побарал документи. Додека тој ги прегледувал документите, на Албанецот му заѕвонил мобилниот телефон, арно ама овој не одговарал. Откако телефонот ѕвонел неколку пати, а Албанецот упорно го игнорирал, полицаецот го прашал:
- Добро бе, зошто не одговараш на телефонот.
- Ааа, не. Ја тој филм еднаш сум го гледал.
 
Услов за вработување како полицаец порано беше основно образование.
Затоа одеа по двајца, оти имаат четврто одделение
А зошто денес одат по тројца?
Се воведе деветолетка, а тие имаат учено до трето одделение.
 
Си седи цајкан и му приоѓа некое дете викајќи:
-Чичкоооооо,ќе те гризнаммм!!!
-Мали,ај бе не јади гомна!:pos2:
 
Џандар фатил златна рипка и оваа му рекла ако ја пушти ќе му исполни три желби и овој ја пуштил...
 
Командирот пратил еден полицаец да купи мезе и пијалок и му дал две илјади. Со оваа ќе купиш мезе, а со оваа пијалок, му вика командирот. И тргнува полицаецов и по 1 минута се враќа и вика....командире заборавив која илјадарка беше за мезе, а која за пијалок?!

Влегува полицаец во бурегџилница и еден дечко пред него вика......четврт со месо и полицаецов вика.....петти со сирење

Што ќе стане детето на цајкан и русокоса?
-Адвокат

Си седи полицаец дома и некој тропа на врата.
-Кој е?
-Јас
Јас? Нема шанси!

:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
 
Чекаат автобус татко и две дечиња и еден полицаец автобусот го нема долго време и децата го прашуваат тато кај е автобусот таткото им одговара сега ке дојде да го исчистат малку по некое време децата пак го прашуваат таткото тато когаке дојде автобусот таткото одговара еве уште да го исфарбаат. Полицаецот: Леле бе сеа ли најдоа да го фарбаат.
 
Полицаецот: - Зошто поминавте на црвено?
Пијаницата:- Затоа што од белото имам киселини.
 
Влегува полицаец во продавница за играчки и гледа пинк пантер и му вика на продавачот : Слушај баш е супер овој пинк пантер ама дај ми син ако имаш затоа што ми е за машко.
 
Двајца полицајци со службениот автомобил бркаат крадец:- Провери дали ротирачките светла работат. Другиот полицаец ја вади главата од прозорецот и вели:- Да, не, да, не, да, не
 
Двајца цајкани:
- Со што ќе одиме на работа? Со автобус или пешки?
Па, ќе видиме што прво пристигне...
 
Сопира полицаец на циган што возел брзо и му вели .. Давај возачка дозвола .. вади циганот возачка и му ја дава .. и овој полицаецот гледа на сликата Леонардо ДиКаприо ... се замислил полицаецот и по едно време се јавува во станица и го прашува на Началникот .. Абе шефе .. Титаник потона или изгоре ??

Двајца полицајци нашле 3 бомби и едниот полицаец му вика на другиот:- Ајде да ги земеме, и да ги однесеме на командирот.- Чекај малце, што правиме ако пукне една?- Епа ништо де, ќе му кажеме дека сме нашле две.
 
Двајца џандари прават муабет:
- Абе, слушна дека на Маркс има луѓе?
- Ех што си глуп, ко прво не се вика Маркс, туку Марс, а дека има луѓе, тоа е само хипотенуза.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom