10 години Windows XP

  • Креатор на темата Креатор на темата Dzish
  • Време на започнување Време на започнување
Да, тоа ме интересираше дали добринесуваш за неговиот развој или им одмагаш. Јас искрејно немам да фрлам толку пари за оргинал и се осеќам стварно глупо... али тоа е... Има голема разлика меѓу оргинален и пиратски.
Aко прајме муабет искрено, 3-те лиценци шо ги имам дома се на лап-топ машини, така да бев приморан да ги платам. Не дека имам кеш за фрлање за да можи чичо Гејтс да се богати.

Да се вратиме назад среќен роденден XP, разлика меѓу секој има се подобар и подобар иако ми фали стариот XP, седмицава ми е многу глупа ама се е до навика.
Колку и да велиме дека XP е добар, стабилен, корисен, седумката за некои работи е подобра. Во стабилноста има мали недостатоци, ама занемарливи се.

Е сега, муабето е дали ќе дочекаме оперативен сличен на XP... да опстои 10 години на пазарот со 2 - 3 закрпи (service pack)... 8 ката веќе е во најава, така да и на 7-ката деновите му се бројат полека полека.
 
Usage share of operating systems for August 2011.)
Windows XP (35.21%)
Windows 7 (31.21%)
Windows Vista (11.27%)
Mac OS X (7.31%)
iOS (3.38%)
Android (1.30%)
Linux (1.11%)
А од тогаш...
http://gs.statcounter.com/#os-ww-monthly-201108-201110

:D
Е сега, муабето е дали ќе дочекаме оперативен сличен на XP... да опстои 10 години на пазарот со 2 - 3 закрпи (service pack)... 8 ката веќе е во најава, така да и на 7-ката деновите му се бројат полека полека.
Прво нека излезе 8ката, па ќе видиме колку и' се бројат деновите на 7ката. Така и за Vista се викаше, па ништо не испадна од неа.
И голем удел во задржувањето на ХР 10 години се должи на немањето конкуренција и слабиот прогрес со игрите. Dx 9 остана предолго.
 
Користев и Vista и 7 ама XP си е XP. Дефинитивно најдобар кога е во прашање краен корисник и уште долго ќе се тркала.
 
Е сега, муабето е дали ќе дочекаме оперативен сличен на XP... да опстои 10 години на пазарот со 2 - 3 закрпи (service pack)... 8 ката веќе е во најава, така да и на 7-ката деновите му се бројат полека полека.

Си ја видел ти 8-ката?
бтв „среќен роденден“...
 
Хм....се користи најмногу затоа што треба максимум 128MB RAM, класичен е, многу програми се компатибилни со него...и да не набројувам.
Значи, сепак си е најдобар :)

Среќен роденден, бај д веј :)
 
И според мене најдобар е XP ( со service pack 3 ) ... го користам скоро 5 години и планирам да го користам се додека има компатибилен софтвер за него ... ќе ми биде многу жал кога по неколку години ќе морам да се префрлам на друг ОС .
 
Среќен роденден XP :)

BTW, да, најмногу опстои од сите OS, али неможете да кажете дека во 2011 е "најдобар" сеуште. Во 2006/07 да го кажевте ова, ќе ве разберев. Али вака не, едноставно времето го прегази. Немојте да мислите дека го мразам XP и сум фан на 7/Виста, далеку од тоа, али тоа е тоа, не сме 2007, време му е да иде во заслужена пензија.
И тие што викате дека XP е подобар од Win7, или имате ептен стара конфигурација или едноставно нејќете да ставите 7-ца, а вакви ве има многу. Пробајте, послем зборете, посебно ако имате понова машина. Win7 64bit го користам веќе 2 години, со сите инсталирани апдејти + SP1, и е одличен, и лично осетив поголема брзина/стабилност кога се префрлив од XP, а ова уште повеќе дојде до израз со константните апдејти.
 
XP беше клучниот OS, во периодот кога скоро цел свет се компјутеризира. Затоа беше најкористен и најлесен за употреба. Моментално 7 е далеку подобар, постабилен и поубав на изглед, ама XP си е легенда, скоро сите мои познавања ги добив на него.
 
Легенда е виндовс 98! Но не и најдобар!
ХП е нашминкан виндовс 2000.
Кога се појави ХП -то корисниците со најразлични изговори одбиваа да го користат остануваа верни на 98-цата, благодарејки на престанувањето на подршката на 98-цата од страна на производителите на услужен софтвер и игри ХП помасовно почна да се инсталира малку пред појавата на Вистата, која за жал не заживеа..едноставно прерано излезе, бараше појак хардвер а лугето не беа спремни да релативно новите компјутери ги заменат со нови.
Најдобар ОС стално е најновиот, така да со ХП-то се имам збогувано веќе неколку години.
ХП е мртво веќе скоро година дена, и микрософт се откажа од него, така да славење роденден на мртовец некако не иде...
RIP...Windows XP!

п.с... сега не ми текнува но беше година ипол или две по појавата на „легендарниот’’ ХП кога се појави „бластерот’’ (го ангажираше компјутерот за масовни напади на серверите на микрософт) кој тотално го онеспособуваше икспето по неколку секунди на интернет...
 
Не е мртовец XP-то брат. Има поддршка до 2014 за него обезбедено. А може да стигне и до SP4, исто како и 2000. Во овој крај кај што сум јас, се сме учеле на XP, а тоа дека му одминало времето е точно, но сепак најдолго се задржа од сите. Што се однесува до тоа што на почетокот го одбивале, тоа е исто како и со Вистата, хардверска неспособност на компјутерите, да го издржат XP.
 
Зошто мислам дека е откажана поддршката за XP уште пред некое време? Го нема ни во продажба веќе, а мислам оти ни апдејти не излегуваат веќе.
 
Не е мртовец XP-то брат. Има поддршка до 2014 за него обезбедено. А може да стигне и до SP4, исто како и 2000. Во овој крај кај што сум јас, се сме учеле на XP, а тоа дека му одминало времето е точно, но сепак најдолго се задржа од сите. Што се однесува до тоа што на почетокот го одбивале, тоа е исто како и со Вистата, хардверска неспособност на компјутерите, да го издржат XP.
Хардверот беше апсолутно подготвен за вин икспе, П3 владееше а П4 беше на сцена скоро година дена , во средните конфигурации имаше бар целерон 1.7 мхз, 256 ддр1 рам и бар GF2 400 MX со 64 мб графичка, од друга страна имавме огромна „компјутерска неписменост’’ која беше инертна на промени и многу многу тешко ги прифаќаше новитетите, значи за разлика од Вистата одбивањето на ХП-то беше од субјективни причини.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom