H
Hip.Hop_MKD
Гостин
Најдобрите светски кик боксери од утре ќе допатуваат во главниот град на Македонија, Скопје, за да учествуваат на 18-тото Светско првенство во кик бокс.
Борбите во „Спортскиот центар Борис Трајковски“ ќе се одржуваат во периодот од 26-29 октомври. На 26 и 27 месецов се квалификациските борби, на 28 е полуфиналето, а финалните мечеви ќе се одржат на 29 октомври.
Според организаторот, Кикбоксинг федерацијата на Македонија, на Мундијалот ќе учествуваат околу 70 земји со преку 1.000 натпреварувачи. Македонската репрезентација ќе биде составена од 25 борци кои ќе се обидат да стигнат до еден од медалите.
Голема поддршка македонските кик боксери добија од Агенцијата за млади и спорт чиј директор Лазар Поповски денеска им посака успешен настап.
- Ние секогаш сме со спортистите и работиме за нив. Граѓаните на Македонија ќе имаат можност да погледнат спектакуларни борби на светско ниво. Во пресрет на големиот национален празник им посакувам на нашите репрезентативци да остварат лични успеси и што поголем број освоени медали, изјави Поповски на денешната прес-конференција.
Селекторот на македонската кик бокс репрезентација Дејан Митровски - Урко е задоволен од формата на своите избраници кои се наоѓаат на подготовки во Бугарија, а во Скопје ќе се вратат в понеделник. Тој очекува медали од поискусните, но се надева на добар резултат и од дебитантите.
Освен борбите, од утре предвидени се и други активности на кик бокс работниците од целиот свет. Планирано е Изборно собрание на Светската кик бокс асоцијација „WAKO“ за претседател кој ќе има мандат од четири години. И судиите од целиот свет ќе имаат активности преку дводневен семинар.
Од Кикбоксинг федерацијата на Македонија ги повикаа гледачите во што поголем број да дојдат на борбите и да им дадат поддршка на македонските претставници.
ИЗВОР СИТЕЛ ТВ
Дали некој знае колку ќе бидат картите?