Македонија домаќин на Светското првенство во кик бокс

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
Јас бев до кај 8.Посетеност ептен слаба.Од натпреварувачи најмногу забележав Словенци,Бугари,Унгарци и Срби.Нема баш и натпреварувачи од земји каде што повеќе е развиен овој спорт ма да ваква прилика не се пропушта.Има 3 ринга и 3 терена за кик лајт мислам се тие.Нено Јакимовски изгуби,не знам што се деси али изгледа се повреди.Мики Ивановски изгуби од Србин.Добра борба беше тоа.Пошто никад не сум гледал настан од ваков тип односно да гледам 6 борби истовремено што се губам и не можам да изгледам една борба асално.Од петок почнуваат поинтересните борби
Настанов не е доволно изрекламиран што коа влагав и се зачудив пошто немаше публика.Кај подтрибините се загреваа и имаше само борци.На момент помислив дека влагам негде кај што не е дозволено за обични гледачи.Посетеноста е еднаква на нула.
 
Чим е влезот гратис ќе одам утре да го гледам финалето, кој сака нека ми прави друштво.

Пс. Аватарот е казна од загубена утакмица, да не се вадите од памет :D.
 
Димитар Георгиев, Маја Михајловска и Гордана Бошевска обезбедија пласман во финалните борби.
 
Има некој распоред кој со кого се бори,и од коа почињаат борбите?
 
Од кое време е утре? да знам да гледам.. Иначе што очекувате Македонија нема некоја јака школа на кик боксери па да се изрекламира добро настанов.. Све е онака..
 
Честитки до македонските претставници што освоија медали на ова Светско првенство.
Аце Георгиевски - златен медал
Димитар Георгиев - златен медал
Маја Михајловска - сребрен медал
Гордана Бошевска - сребрен медал
Стефка Јанковска - бронзен медал
 
Па не само што не се изрекламира добро настанов туку и не се посвети никакво внимание на победите. Искрено 2 златни медала, 2 сребрени и 1 бронзен не се малку, а за тоа едвај на некои вести што се спомна и тоа само неколку секунди колку ај да не е без ич
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom