Во земјотресот во Турција има од 500 до 1000 жртви

  • Креатор на темата Креатор на темата The_LiGhT'
  • Време на започнување Време на започнување

The_LiGhT'

Stop DISCRIMINATION
Член од
29 април 2009
Мислења
587
Поени од реакции
123
Локација
N'veri t'maqedonis...
Во силниот земотрес што денес го погоди источниот дел на Турција загинаа помеѓу 500 и 1000 луѓе, јави турската телевизија Си-Ен-Ен Турк.

Турската организација црвена полумесечина соопшти дека во земјотресот се срушени 25 стамбени згради во местото Ерчис. Во околината исто така се срушени неколку згради.

Спасувачките екипи се обидуваат да дојдат до луѓето кои се затрупани под рушевините, пренесуваат турките медиуми. После првиот удар, имало уште неколку помали потреси.

Турската влада испрати сателитски телефони, војска и спасувачки екипи во регионот.

Градоначалникот на Ерчис рече дека во земјотресот има многу жртви, дека многу згради се срушени и дека штетата е огромна, пренесе турската телевизија НТВ.

„Потребна ни е итна помош, лекови и лекари„ - рече градоначалникот Зулфикар Арапоглу.

Американскиот геолошки завод наведе дека потресот бил со јачиа од 7.3 степени.
Земјотресите во Турција се чести, во 1999 година загинаа околу 18.000 луѓе во два силни потреси.

zejotres-turcija.gif
 
Сочувство до турскиот народ :(
 
Трустно подрачје и претходно патеа турците а ние Македонците знаеме како е оти и ние имавме наша катастрофа 1963 за жал.
 
Турциja е врз едно многу зеизмично подрачие и такви земетраси са нешто очекувано.
Голема драма е, но това мора да е урок за сите градежни фирми.
Интересно е дека Израел е понудил помошт - Турциja е одбила.
 
насловот е тапа......
жалам за жртвите од братската Турција
 
Нема спас од земјотресиве...дај нека измислат некој уред за да ги предвидуваме. R.I.P. за настраданите :(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom