Колекционери

  • Креатор на темата Креатор на темата џимеј
  • Време на започнување Време на започнување
Јас па обратно, од тие со опаковките ги правам по 700 МБ, и ги режам наново. Досега едно 75 ДВД цедиња иам изрежано со по неколку филма на нив. Неам меморија. Екстерниот диск од 500 ГБ е преполн, компјутерот исто. Оваа година имам илјадарка дадено само за празни двд :)
 
Мал дел филмови имам средено со се опаковка - Star Wars и Batman трилогијата на Нолан. Останатите ми се само режени на dvd цедиња. Некогаш ќе ги средам и нив.

А еве и фигуринкиве од Toy Story, ако се сметаат. :)
2015-04-05 16.35.12.jpg
 
Шознам... јас порано режев кога интернетот општо беше тиња и кога двд рип квалитетот беше стандард. Ама сега кога знам дека секој филм можеш за 15 мин да го спуштиш кога сакаш, и кога знам дека тој квалитет којшто би го изрежил не е најдобриот достапен, не гледам зошто би режел.
Да си колекционер на 30+ гб блуреи ајде да речеш, ама да режеш 700 мб филмови не ми е логички.
 
Не сум филмаџија да гледам многу филмови но откако татко ми купи двд плеер едно време купував филмови од оние по трафикине и цд-текине што ги има во продажба.

Немам броено бидејќи не се многу , а пола ми ги раздавал брат ми по другари и не ги вратил. Повеќето филмови се со српски преводи и слика на опаковката српска. Ги купував од мерак да имам добро спакувано двд филмче, собирав пари ситно цела недела и на крај трчај по трафики и цд-тека купувај филмови :D.

Како помал имав копјутер Пентиум Кец :icon_lol: па татко ми од негде набавуваше цд-а со разно разни игрици за учење, програми и сл, а јас кога пораснав купував цд-а со музика, списанија со цд-а и ден денес некој од тие чувам на кој скоро на сите опаковиките се испокршени, цд-ата испоизгребани и не се напишани со маркер кое цд што е. Пред некоја година средував дома и се мислев да ги проверам едно по едно за да зачувам што има нешто интересно но ми беше мачно тоа и ги оставив да си стојат во една кутија која ми фаќа само прашина.

Сега знам одвреме навреме да купам некој така филм или било какво цд но тоа е реткост, откако се појави торент или симнувам преку интернет или гледам и слушам онлајн филмови и музика.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom