Колекционери

  • Креатор на темата Креатор на темата џимеј
  • Време на започнување Време на започнување

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.467
Поени од реакции
25.436
Не знаев како правилно да ја насловам темава, ама во продолжение ќе образложам за што се работи. (за оние кои можеби ќе се збунат кога ќе ја отворат темава, да кажам дека е во Филм и Тв, да не испадне некој да стави слика од колекција на стари монети).

Јас веќе неколку години се заминавав со колекционирање на филмови и серии. Ги изнајмував од дивидитека, од пријатели, па ќе ги изрежев, ќе направев омоти и ќе купев кутии за да ги имам како што доликува.
Порано имав неколку постери од филмови, ги земав од кино кога завршуваа проекциите.

Имам и една маица со логото STAR WARS, црна маица со златни букви.

Накратко и можеби нејасно, тоа е поентата на мојата тема.
Еве неколку примери:

Ова е дел од мојата колекција филмови, имам околу 600 филма кои си ги собрав и направив сам, иако одамна престанав да се занимавам со ова хоби затоа што како прво дома веќе немам место кај да ги ставам, како второ кога ми се расипа печатарот не се потрудив да соберам пари и да купам нов за да печатам омоти. Сега новите филмови и серии ги ставам во папки, онака, обично, безвезе....
2a7tmah.jpg

Еве уште мал дел од мојата колекција:

16238_1188113418006_1083439335_30528185_225017_n.jpg

Прашањето ми е, што се имате во вашата колекција поврзано со седмата уметност?

Дали имате оригинал филмови кои ви се особено драги? Дали имате маици од некој филм, постери од актери и слично?
Дали можеби имате нешто вакво?
7-star%2Bwars%2Btoys1.jpg

Или можеби пак постери?
2hyb23m.jpg

Ако не ви е мака најдобро ќе биде да ставите барем некоја слика од тоа што го поседувате...
Ако ве мрзи, пак, само набројте нешто што имате или можеби еве... сакате да го имате?
 
Имав доста голема колекција, исто ко тебе режење омоти принтање кутии, дури и филмови шо ги симињав од нет за 700мб едно цд користев(пошо на што би личело 5 филма на едно ЦД :D ) Пола од филмовите што ги имав ми се изгубија, искршија додека брат ми беше мал, ама продолжив со „дејноста“ ама подоцна сфатив дека е прескапо за еден тинејџер без сопствен буџет да купува паковки принта кавери итн. И сега имам многу филмови над 600 сигурно, но не е тоа тоа, онака се режани по повеќе на цд, без некој мерак, но си ветив дека кога ке застанам на свои нозе, ќе се поправам ;) У сликата ти го видов Clockwork Orange, браво ;) ( го спомнувам пошто праша маица дали имаме од некој филм а јас таква имам)
 
И јас бев колекционер се дур не се префрлив од dial up на ADSL, инаку имам ќеиф да си врамам некои постери од филмови, како и да принтам маички.
 
Долго ми е во план ова со паковки, кавери и се тоа.. но немам стабилен буџет да инвестирам, пошо не сум таков човек да одделувам ден преку ден за цеде по цеде и слично. Да ги убедам моиве да ми уѕидат сталажа прво ми е во план па после филмовиве. Ептен сум навлезен во тоа..

Инаку како и повеќето се' архивирав на цедиња обични, каде филм, каде и по три уште од годините. Ги немам броено, ама дефинитивно помалку од вас погоре, на пола, докај 2-300. Инаку ми виси постер од фајкла, стаклена рамка и оргазмично доволно голем, поклон за валентин, иако претходно сам планирав. И така.
 
Имам околу 300 филма на цеде по 6. Некои ми се и во ,,HD", mkv формат на цеде по еден, за тие што мислам дека повеќе вредат.
Сега веќе баталив, изгубив мерак.
Тоа би било у главном.
 
Не сум колекционер од причина што имам роднини и пријатели кој ми ги позајмуваат филмовите и не ги враќаат, но успеав да соберам преку 100 тина наслови пред неколку години кој мораше да ги оставам како бакшиш на колеги и пријатели кога се релоцирав во Македонијава.
Во моментов имам дузина серии и Спајдермен:D специјална едиција.
 
Имав доста голема колекција, исто ко тебе режење омоти принтање кутии, дури и филмови шо ги симињав од нет за 700мб едно цд користев(пошо на што би личело 5 филма на едно ЦД :D ) Пола од филмовите што ги имав ми се изгубија, искршија додека брат ми беше мал, ама продолжив со „дејноста“ ама подоцна сфатив дека е прескапо за еден тинејџер без сопствен буџет да купува паковки принта кавери итн. И сега имам многу филмови над 600 сигурно, но не е тоа тоа, онака се режани по повеќе на цд, без некој мерак, но си ветив дека кога ке застанам на свои нозе, ќе се поправам ;) У сликата ти го видов Clockwork Orange, браво ;) ( го спомнувам пошто праша маица дали имаме од некој филм а јас таква имам)
Скапа инвестиција е во секој случај, ама пак кога правев пресметки, парите наместо да ги давам за цигари ги трошев на ова. Секој си има свои пороци. Една паковка (кога излегоа слимот) беа по 20-30 денари, купувањето бои за печатачот, па дали се погодиле па дали не, па подобрите филмови ги снимав на Verbatim за наводно подолго да ми траат...
Clockwork Orange го имам во едиција заедно со сите филмови на Кјубрик, со сличен бел ковер, освен The Killing кој тогаш не можев никако да го најдам.

А и друг е филингот кога држиш филм така во паковка. Го вртиш назад, читаш глумци, па ја вртиш паковката напред, па гледаш каков омот има, па ти е мерак да го пуштиш филмот уште сто пати.
А денес - спушти филм, остави го во некој фолдер, после избриши го....

@Windfucker и јас имав таков проблем, кој стигна побара филм, имам загинато неколку 10тина филмови и еден од нив беше When Harry Met Sally, ептен ми беше мака за тој филм. И за X-Men 3, на еден другар му ја дадов цела трилогија, ми ги врати прво 1 и 2, па после тројката го загина успат и ме убедуваше дека ми го врати и него заедно со првиве два.
Од тогаш ни му имам дадено предлог за филм ни му имам позајмено цеде.

Еден од оние кои ми исто така ми фалат е еден од најглупавите филмови во мојата колекција, Venom, кој ми го зеде овај филм и не ми го врати алал да му е... Барем да ме замолеше со задоволство ќе му го поклонев ако имаше толкава желба, ама и вака ми направи услуга.
 
Кај мене брачката си ги трампа за јадица едно 20 тина наслови без око да му трепни пред неколку години, плус ми кажа дека направил добар дил и јадицата е заедничка :D.
Најимпресивната колекција која ја имам видено е од еден колега кој имаше завршено колеџ за филмска режија, сигурно преку 1000 наслови нормално сите оригинали и можам да кажам дека повеќе од пола беа од азиска кинематографија.
Јас за жал уште позајмувам, сега пред неколку дена си го барав комплетот назад најљубезно од Дискавери кој го платив 30 долари од еден пријател кој ме убедува со жими мајка дека ми го вратил и е кај мене дома, но јас не можам да го најдам (за информација рентам еднособен стан). :mad::rolleyes:
За филмови не ми е толку мака колку што е ми е за стриповите, единствено нешто што не давам е мојата колекција од national geographic која ја собирам еве веќе три години, ама веќе муабетиве се за во хоби.
 
Imdb top 250 vo eden folder i uste eden folder so okolu 200 filmovi od razlicen zanr po moj vkus :)
Edno vreme mislev da se zamaram so cedinja i pakovki ama matematikata bese 2TB WD storage drive e mnogu poisplatlivo i poednostavno baska PCto mi e povrzano preku HDMI so TV LCD taka da pustanjeto filmovi e mnogu brzo i lesno.
 
Доколку овие ги набави од Македонија ќе сакаш ли да го посочиш местото?
Инаку собирав порано SW фигурчиња :)
Оваа слика и сликата со постерот не се мои, на интернет ги најдов за пример. :)
Само првите две слики со дивиди филмовите се мои.
Инаку очајно посакувам ваква колекција. Знам еден другар има пола метарска фигура од Јода.
 
Имаше во Џамбо пред некое време вакви акциони фигури. Не само од Star Wars, и од неколку други филмови. Е не знам за сега каква е ситуацијата, некое подолго време немам влезено таму.
 
Оваа слика и сликата со постерот не се мои, на интернет ги најдов за пример. :)
Само првите две слики со дивиди филмовите се мои.
Инаку очајно посакувам ваква колекција. Знам еден другар има пола метарска фигура од Јода.
Познаваш ли колекционер на стари предмети?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom