Не сум бил на Пелистер до сега. Толку ли е лошо таму?
Не е лошо, колку што е запустено и неинвестирано последните 35 години. Има 2 места за скијање, Ниже поле и Молика.
Ниже поле е одлично место за почетници. Блага падина, со 2 лифтови (еден погоре, еден подолу) со капацитет од 900 скијачи на час по лифт. Е сега најчесто вториот не го пуштаат поради недостаток на снег, неисправност на лифтот според вработените, а според мене е немање механизација за да ја сработат патеката, која на најгорниот дел е прилично стрмна. Првиот работи цело време и тоа е се. 900 скијачи на час, патеката е околу 800 метри долга, лифтот качува нагоре за 8 минути, а ти требаат помалку од 2 за да слезиш. Додај на тоа 100.000 население од град + екстра од околината (Прилеп, Ресен), и ќе ти стани јасно оти во сабота и недела се прат гужви до пола на ски лифто (нагоре, по патеката) и се чека по 1 сат за едно пуштање. Згора на тоа располагаат со мал ратрак без преса, и снегот повеќе се нагазува од скијачите отколку од ратракот. Дневна карта 400 денари.
Молика е онаа жичара (двоседелка, жолта) што ја даваат на рекламите по телевизија. Жичарата не работеше изминатите 7 години. Лани ја реновираа, сменаа сајла, ги исфарбаа клупите, за мерак. Над неа има уште еден ски лифт, кој не проработи откако се откачи сајлата (2002) и за малку ќе му ја скинеше главата на скијач. Патеките на оваа страна се феноменални. Се наоѓаат во моликова шума, сонце многу малку ги фаќа (читај замрзнати се цело време) а и доста стрмни се. Така да секој тука не се пушта, пошто може да заврши неславно. Бидејќи жичарата не работеше, патеката не се одржаваше. Топењето на снегот, и континуираното течење на вода по патеката направија бразди длабоки 50 цм, а планината не стои... Пола од патеката беше обрасната со млади молики, (кои лани ги одстранија) но останаа камењата. Ратрак за оваа патека имаше (голем, со преса, памтам го носеа секоја година на Шапка за шарпланинскиот куп да газат), ама се скрши некој дел... не е толку голем дефектот колку што несакаат да го направат, па лежи во некоја гаража. Дневна карта незнам... лани не наплаќаа, пошто ја тестираа жичарата, а ратрак немаше.
Сума сумарум, Пелистер има што да понуди. Но под еден услов, да работат сите жичари и патеките да бидат спремни. Вака со чекање гужва и неспремни патеки никој нема да плати 400 денари карта, кога 600 денари е на вигла, на која има 4 жичари (картата важи за било која), патеките се спремни, имаат и топови кои не се плашат да ги искористат (работат цело време кога е потребно, лани во декември скијавме на една стаза на вештачки снег бидејќи природен немаше) и речиси никогаш нема гужва.