Џамбо Бинго

Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Jambo-Bingo_letok_V5.jpg


Од 24.10.2011, Игор Џамбазов повторно водител на Бинго.
http://loto.mk/bingo/
 
баткава пак че печали на стара слава...е не е интересен...беше со супер бингото......
ДАЈТЕ НОВО ДЕТЕ !
 
Не се откажува Игорчоо ... :D Уше долги години ќе го гледамеее ( ако го служи здравјде де :D )
 
игор е искусен во оваа област и знае како да го води бингото т.е знае како да ја направи емисијата/шоуто интересно. секоја чест за него
 
Само да не забега како Оливер Млакар.
 
Можи на стара слава се држи, али верувајте би било баеѓи, баеѓи поинтересно него ли претходното со сашко коцев.Не дека има против сашета, напротив супер си е човекот, али водител е едно, актер е друго:)
 
СУПЕР ЏАМБО АВТОМОБИЛ ?????o_O

106 Пежо...... шо џамбо има во оваа кола?


Ебате работата.... една работа неможеме да направиме салам!
 
СУПЕР ЏАМБО АВТОМОБИЛ ?????o_O

106 Пежо...... шо џамбо има во оваа кола?

Ебате работата.... една работа неможеме да направиме салам!

А шо треба, комбе да дадат пошто е џамбо бингото?
 
баткава пак че печали на стара слава...е не е интересен...беше со супер бингото......
ДАЈТЕ НОВО ДЕТЕ !

bitch please... сеуште Џамбазов е најдобриот шоумен во Македонија.

Но, на ова не му предвидувам успех. Голема беше паузата без бинго кај нас, затоа и тоа со Сашко не успеа.

Тешко дека во ова време ќе се врати „еуфоријата“ за бинго...
 
Тешко дека во ова време ќе се врати „еуфоријата“ за бинго...

Првото коло од Гала Бинго имаше релативно добра продажба (малку помала од последните кола на Наше Бинго, кое беше и последно бинго пред три-четири години, со Игор Џамбазов), за да во наредните кола падне на дупло помалку. Причината претпоставувам беа срамно малите добивки, како и ептен лошото „шоу“ што го нудеа Сашко и Маријана. Последното коло, кога даваа автомобил до 90-ти број, продажбата повторно рипна. Се' е до маркетингот. И до тоа колку ќе се потрудат. Со Игор како заштитно лице верувам и подобро ќе им оди.
 
Гала бинго пропадна ради неиспланираното почнување. Бинго како бинго, џокерот кинеше, автоматизиран број ти дава на картичката и сеа на пример на неа пиши 125206 и сеа мора истиов по ред да падни, пази: ИСТИОТ ПО РЕД, како што е напишан да добиеш. Поголеми се шансите да падни метеор од злато него ли овај џокерот. Највеќе погодоци на џокер - 3 до 4 еднаш во милениумот се дешава.

Далје, сашета го ценам како актер, комичар, но за водител, не му е баш тука жичката, затоа пак игор е еден од најдобрите водители и шоумени во македонија, не го величам викам ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ, го почитувам и Тони михајлоски, иако неговиот сарказам е некогаш на високо ниво, или премногу анархистичко-слободен стил изразува, но сепак е шоумен. Ги има многу , јас игор како актер го немам фактички многу видено колку што го глеам како водител, има луѓе што му одговара и во крв му е вербален карактер, а има луѓе кои играат замислени улоги, т.е актери. То е разликата.

Гала бинго исто така коа ќе паднеше бингото беше 80.000 денари просек добивка, еднаш се паднаа 2-3 бинга мислам па си ги делеа по 20.000 отприлика зависи и од уплатата, па и од кој број се паѓа, џек потот беше 1.000.000 денари како што ме држи паметот и главна награда беше волксфаген пасат, кој нормално газдата го исполира и го стави на излог, а после си го зеде да го вози повторно. Не падна, многу нормално шо почнувам некош и да се сомневам,дали бингово е местено или стварно се работи, за такозвани игри на среќа:)

Малце надвор од тема, кажете од сите грепки шо излегоја, твинго, голф,ланчиа, со елит кафето, калинка и др, еден шо добил награда и да кажат јавно оти е даена? Ланчиа делта 2 дадоа и мислам ништо повеќе не падна, најголема превара се тоа грепките.
Однапред предвидувам успех на бингово во смисла на водењето, единствено водено од игор и неуспешно беше тркало на среќата катастрофа квиз или што и да беше, онака, лаички промовиран за пари збирање, иако игор си водеше добро, како и секогаш стандард.

Останува да почни , и да ми се падни мене бингото, па да ве честам по една пијачка по ваш избор местолокација и пијалок:)
 
Првото коло од Гала Бинго имаше релативно добра продажба (малку помала од последните кола на Наше Бинго, кое беше и последно бинго пред три-четири години, со Игор Џамбазов), за да во наредните кола падне на дупло помалку. Причината претпоставувам беа срамно малите добивки, како и ептен лошото „шоу“ што го нудеа Сашко и Маријана. Последното коло, кога даваа автомобил до 90-ти број, продажбата повторно рипна. Се' е до маркетингот. И до тоа колку ќе се потрудат. Со Игор како заштитно лице верувам и подобро ќе им оди.

Сашко пробуваше да биде смешен сосила, неможеш у бинго да го правиш тоа што он сакаше. А дека е одличен актер и комичар, за тоа нема збор. Маријана порано беше нај :drk: девојка кај нас, сега е катастрофа...

Секако дека и маркетингот е еден од најважните фактори, но и со тоа, пак тешко дека ќе издржат на високо ниво, а нема теоретски шанси да го достигнат успехот на Супер Бинго. Тогаш кај нас беше ерата на телевизијата, сега е ера на интернетот. Многу важен фактор кој не им оди во прилог.

Ако се сеќаваш, тогаш Игор во последната недела од месецот бингото го одржуваше директно од Универзална, тоа беше спектакл тогаш, сите го очекуваа. Сега тешко нешто такво... :)
 
Бинго манијата во македонија беше ко беше СУПЕР БИНГО, првото фактички најдоброто шоу не беше бинго, 10 минути влечење бројки имаше, а емисијата еден час и пола траеше што значи дека растур правеше во гледаност.
 
А шо треба, комбе да дадат пошто е џамбо бингото?

Па можеле да стават поголема кола.... кога е веке наведено ЏАМБО автомобил!
А не некоја во која ни Џамбо човек неможе да собере!
 
Од бинго нема леб, само спортска му е мајката.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom