Анти-религиозни документарци и видео клипови

Сакаш да кажеш дека јас како христијанин треба да толкувам дека 12-те апостоли биле всушност 12 хороскопски знаци што шетале со Исус, што јаделе пиеле спиеле, се сомневале, грешеле, плачеле, иделе проповедале, па едниот хороскопски знак се обесил, па на негово место друг знак дошол итн. Потоа тие хороскопски знаци се спомнувани од другите христијански писатели од 2-3 век исто така „погрешно“ како личности. Поликарп (кој бил епископ во Смирна) и непосреден ученик на апостол Јован исто така не увидел дека неговиот учител е всушност подвижен зодијачки знак и во неговите дела го ословува како „човечка личнос“ (ццц кој ќорко би овој Поликарп, не разликува личности од зодијачки знаци :D )
А исто така и ученикот на Поликарп, Иринеј (епископ во Лион) го спомнува апостолот Јован исто така како личност. Чудно нели?


А зошто биле баш 12 апостоли? Зошто не 10, 15, 20, туку баш 12. И не се само 12-те апостоли, бројот 12 се појавува повеќекратно низ Библијата:

-12 племиња на Израел
-12 синови на Јаков
- 12 судии на Израел
- 12 кралеви на Израел
- 12 принцези на Израел, итн.

Коинциденција? Не би рекол.

Исто така зошто Исус се прикажува со Ореол на Главата? Тоа е повеќе од јасна асоциација за Сонцето. Круната од трња е всушност метафора за зраците од Сонцето. Исус се појавува кога завршува времето на Овенот и според Зодијакот почнува времето на Рибите. Двете риби со кои Исус нахранил 5000 луѓе го симболизираат токму ова времето на Рибите, кое трае 2150 години по што следува времето на Водолијата. Пред времето на рибите е времето на Овенот и затоа Евреите до ден денешен свират на рог од Овен.

Исто така Велигден се слави откако ќе дојде Рамноденицата, односно откако за прв пат во годината дневните часови ќе се изедначат со ноќните и од тој момент ќе почнат да ги надвладуваат ноќните часови, со што се симболизира Воскреснувањето на Сонцето.


Во врска со Кришна:

- Кришна е зачната без сексуален однос, туку преку Божествена "ментална трансмисија" што асоцира на рожба од девица.

- Пастирите и мудреците воопшто не се спомнати за Кришна во документарецот Zeitgaist, така да сосема се ирелевантни.

- Исто е и со распнувањето, не е спомнато во документарецот.

- Воскреснувањето, во документарецот само се спомнува Воскреснување а не и дека Кришна бил мртов 3 дена и дека се појавил пред многу сведоци, работи кои очигледно самиот си ги додаваш. Интересно како сите други религии си ги сметаш за мит, а само твојата онаа вистинската, карактеристика на секој монотеист.



Избегавме бааѓи офтопик со дискусијава, да се вратиме на темата, еве уште еден одличен документарец: Through the Wormhole S03 E10 - Did We Invent God. Целиот серијал Through the Wormhole е навистина одлично направен и обработува доста интересни научни тематики и феномени, дефинитивно би го препорачал на секој кој го интересира науката.

 
А зошто биле баш 12 апостоли? Зошто не 10, 15, 20, туку баш 12. И не се само 12-те апостоли, бројот 12 се појавува повеќекратно низ Библијата:

-12 племиња на Израел
-12 синови на Јаков
- 12 судии на Израел
- 12 кралеви на Израел
- 12 принцези на Израел, итн.

Коинциденција? Не би рекол.

Абе да беа и 10 апостоли, пак некој ќе можеше да рече: аха ете гледаш 10, колку што има прсти на раката, колку што има цифри во декадниот броен систем. Да беа 32, некој ќе речеше: Аха ете гледаш точно 32, колку што има заби во устата, значи Исус е устата, а апостолите се забите :) Да имаше 4, некој ќе можеше да рече: ете баш колку што има страни во светот, значи тие апостоли се исток, запад, север и југ. :) Итн

Бројот 12 си има значење во Библијата и често пати симболизира управа, ама тоа е неповрзана сличност со зодијачките знаци. Исус одбира 12 апостоли како паралела на 12 синови на Јаков од кои всушност поттеккнуваат 12 племиња на Израел, бидејќи Јаков е преименуван во Израел од страна на Бог и по него е наречена државата Израел. Значи како што Бог ги избрал Израелците (евреите) да бидат Неговиот избран народ во стариот завет, така Исус ги избира 12 апостоли како столбови на Неговата Црква = Новозаветниот Божји народ.

Инаку, математички гледано, колку е бројката помала, толку е поверојатно да најдеш сличности меѓу различни религии, разлини книги, разни филмови, разлини филозофии, приказни, филмови, песни и сл. Во Библијата има и многу работи што можат да се поврзат со бројот 3, со кој пак може да се најдат сличности и во другите пишувани дела. Од друга страна многу е потешко да најдеш сличност со поголемите броеви. На пример ако во Библијата најдеш бројка дека некоја војска броела 45.714 војници и ако истата ја најдеш уште на 2-3 места во Библијата, а потоа ја најдеш таа бројка спомната и во Куранот (по можност исто така барем 2 пати), тогаш веќе веројатноста да тоа е случајно е многу мала. А ако е поврзана и со ист ентитет, тогаш веројатноста уште е помала да е случајност и веројатно станува збор за пренесување на истата бројка (поновата книга ја пренела информацијата од постарата или од некој нивни заеднички извор)


Исто така зошто Исус се прикажува со Ореол на Главата? Тоа е повеќе од јасна асоциација за Сонцето.

Батали ги иконите, тие се плод на Византиската уметност (со примеси на будустички елементи) и се измислени неколку века по смртта на Исус. Ние немаме сочуван веродостоен лик за тоа како изгледал Исус. На апостолите не им било важно како изгледал Исус, туку им била важна пораката што тој ја зборувал. Ако го прочиташ новиот завет ќе видиш дека Исус не носел никакво орел околу глава, ниту се претставувал како Сонце и сл.

Круната од трња е всушност метафора за зраците од Сонцето.

За некој друг може да биде метафора за мрежичката од обрачот од кошот (али така стуткана малку), за друг може да биде метафора на геврек или некој еж. Али во евангелијата пишува дека таа круна војниците му ја ставиле на глава со цел да се потсмеваат со Него. Ако има некакво метафоричко значење, таа круна го претставува проклетството на гревот кое Исус го земал на себе.
Оваа метафора може да се аргументира со тоа што Бог на почетокот од Библијата кога, заради гревот на Адам и Ева, ја проколнал Земјата тој рекол дека таа ќе раѓа трње. Потоа во псоланието до Галатјаните апостол Павле пишува дека Исус станал проклетство наместо нас и затоа ставањето на трњето (кое што е продукт на Божјото проколнување на Земјата) на главата на Исус се вклопува во тоа што Исус стана проклетство за нас т.е. го зема нашето проклетство. Не велам дека ова е вистина, ама сепак е некаква аргументирана метафора конзистентна со Библиското учење.

Исус се појавува кога завршува времето на Овенот и според Зодијакот почнува времето на Рибите. Двете риби со кои Исус нахранил 5000 луѓе го симболизираат токму ова времето на Рибите, кое трае 2150 години по што следува времето на Водолијата. Пред времето на рибите е времето на Овенот и затоа Евреите до ден денешен свират на рог од Овен.

Ама Исус не ги нахранил само со 2те риби, туку и со 5те леба. Значи на Исус му дале 5 леба и 2 риби (лебовите се први спомнати) и со нив Исус ги нахранил 5000 луѓе. Ако рибите имаат некаква аналогија, треба и лебовите да имаат, бидејќи тие одат заедно.
Од друга страна риболовот како професија и рибата како храна многу често се спомнува во историските книги и секој може да си најде некаква сличност со риби, лебови, води, огнови.
Исто така Исус јавал на магаре кога влегол во Ерусалим неколку дена пред да биде убиен. Дали тоа е доволна причина да бараме некакви сличности со кинескиот хороскоп? Ми ја сфаќаш поентата, не треба да се фаќаме за некои зборови и да наоѓаме сличности, бидејќи тоа води до бескрај. Човековата имагинација и поврзување и нема крај. Така луѓето си ги смислувале и соѕвездијата, големата мечка, малата мечка, се затоа што на нив така им личело, на тоа им асоцирало. Тоа не веродостојно за разумен човек од 21 век.

Исто така Велигден се слави откако ќе дојде Рамноденицата, односно откако за прв пат во годината дневните часови ќе се изедначат со ноќните и од тој момент ќе почнат да ги надвладуваат ноќните часови, со што се симболизира Воскреснувањето на Сонцето.



Велигден е поврзан со еврејската Пасха (бидејќи тогаш бил распнат Исус), која пак е евреите ја слават како денот кога Бог ги избавил од ропството во Египет. Тоа што денот се зголемува потоа и некој тоа го толкува како „воскреснување на Сонцето“ нема врска со историскиот настан кога Исус навистина бил распнат и потоа воскреснат од мртвите.

Би сакал да ти укажам на една интересна сличност меѓу двајца амерички претседатели. Абрахам Линколн (1809-1865) и Џон Кенеди (1917-1963).

1. Абрахам Линколн e избран за претеседател во 1860, а Џон Кенеди еден век подоцна во 1960 година!

2. Абрахам Линколн е избран во Конгресот во 1846, а Џон Кенеди во 1946 година.

3. Имињата на Lincoln и Kennedy имаат по седум букви.

4. Двјацата претседатели биле докажани борци за човекови права.

5. Сопругите на двајцата претседатели изгубиле дете додека живееле во Белата Куќа.

6. Двајцата претседатели се убиено со куршум во глава.

7. Двајцата претседатели се убиени во петок.

8. Секретарката на Линколн се презивала Кенеди, a секретарката на Кенеди се презивала Линколн.

9. Двајцата претеседатели биле јужњаци.

10. Двајцата претседатели кои ги наследиле исто така биле јужњаци.

11. Имињата на двајцата нивни насlедници имааат по 7 букви и двајцата се презивале Johnson.

12. Andrew Johnson, наследникот на Линколн е роден 1808, а Lindon Johnson, наследникот на Кенеди e роден 1908 година.

13. John Wilkes Booth, убиецот на Линколн e роден 1839, а Lee Harvey Oswald, убиецот на Кенеди 1939 година.

14. Двајцата атентатори се познати по нивните три имиња а збирот на буквите е 15.

15. Линколн умре во театарот Кенеди, a Кенеди во автомобилот марка Линколн.

16. John Wilkes Booth се обиде да избега од театарот, а беше уапсен во соседната зграда. Lee Harvey Oswald се обиде да побегне од зграда а е уапсен во театарот.

17. Booth и Oswald се убиени пред судење.

18. Недела дена пред атентатот Линколн бил на одмор во Monroe – Maryland (држава во САД), a недела дена пред атентатот Кенеди бил на одмор со Marilyn Monroe (пејачката Мерлин Монро)!

Линколн живеел еден век пред Кенеди. Дали тоа значи дека претседателот Кенеди, заради овие сличности, всушност бил еден плагијат на претседателот Линколн, дека тој историски не постоел и дека неговиот живот и сите настани се некаква теорија на заговор, препишана и наштимана биографија?

Инаку, за воља на вистината, постојат многу критики на горната листа (која што не ја измислив јас, туку вакви листи на „коинциденции“ излегоа веднаш по смртта на Кенеди). Еве една критика каде што се разобличуваат некои од силуваните сличности:
http://www.snopes.com/history/american/lincoln-kennedy.asp
 
Да се врати малку во живот темава. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom