На 80%-90% од тротоарите во Скопје се паркирани возила, така да ни велосипед, ни пешак не може да помине. И не знам што прави полицијата, најверојатно и одговара да не го расчистува тоа.
Но мене ме иритира и една друга работа, на оние места каде што има ОГРОМНИ и слободни велосипедски патеки, точаци возат по булевар и тоа во спротивен правец: значи Првомајска од салата Расадник па до семафорите кај Усје има двојна велосипедско - пешачка патека, која после продолжува и оди до крајот на Ново Лисиче. Траките на Првомајска не се премногу широки и многу пати одеднаш во спротивен правец ни возат велосипедисти, кои немаат ни мачкини очи, ни светла ни ништо, а двојна патека им стои празна на располагање!!!
Инаку бев еднаш во Келн и таму по населбите и најминијатурниот тротоар е поделен на две, онаа половина до улицата е за велосипеди, а другата за пешаци и тоа супер си се почитува.
За на крај, немојте да мислите дека сум против велосипедистите, напротив, би возела и јас до работа да имам услови, но мислам дека најголем дел од учесниците во сообраќајот се сообраќајно невоспитани и силеџии, а најповеќе такви се надлежните!