Па онака, ние и во 2001 година имавме професионална војска - барем доволно професионална за да се бори против терористи, но политичарите не беа заинтересирани за неутрализација на терористите, туку за сопствениот политички профит од целата ситуација.
Па кој знае, можеби ако повторно се најдеме под терористички напад, под претпоставка дека војската - ваква обезглавена каква што е изминативе 10 и повеќе години - нема да може да ја брани државата, можеби нашите западни пријатели и сојузници ќе бидат тука за да ни помогнат, ако не за да не' одбранат, тогаш барем за да ни помогнат да потпишеме ново примирје со терористите, како што ни помогнаа во 2001 година.