The Prodigy во Скопје по трет пат!?

  • Креатор на темата Креатор на темата riste_g
  • Време на започнување Време на започнување
Ае пуштаат муабети овие од Авалон... дали ќе ги донесат... не знам. Пасворд Продакшн, порано познати како Литиум рекордс два пати ги донесоа во Скопје.
Првиот концерт 1995 година е еден од најдобрите концерти во земјава на кој не сум бил.
Вториот концерт 2005 година е еден од најдобрите концерти во земјава на кој бев.
Убаво ќе биде да ги видиме и 2012 година :)
 
никад нема да ги заборавам продиџи на EXIT 07. Еден од најдобрите ексиди у мојот живот и тоа на трезно. :)
тука у Скопје никад не сум бил на продиџи, а нема ни да идам.
 
Мислам дека на некоја полјанка би било закон
а може и да направат журка во воз
Во што воз ќе не собери.... ајде се надевам дека ќе се оствари ова, а за место некако градски ми изгледа добро :)
Ќе морат да ги искористат дури сите 45 вагони на Македонски Железници :pos:.
Минимум да е во Борис Трајковски ,ама со оглед дека ќе дојдат сигурно и од комшискиве држави доста народ и поубав амбиент е надвор ,не е лошо Филип 2 Арена.
А ако е на лето ,некаде скроз на отворено Изгрев/Ливадиште - Струга,Парк плажа - Охрид.
Или уште подобро некое место кај шо ретко имало ваков тип концерти ,Дојран ,Маврово или стадионот Младост во Струмица.
 
А најавата е и на официјалната страна на Авалон, а во позадина иде Firestarter :) http://www.avalon.com.mk/NOV/index.php инаку мислам дека вториот концерт на Продиџи во Скопје го организираа Авалон, не Литиум.
 
Ја најдов темата од 2005та година :vozbud:

A eве и една фотографија од тој концерт
Picture008.jpg
 
ако е вистина , тастатурата да ти се позлати! <3
 
Абе, нема тема за Продиџи у музика или ја слабо глеам !? :cautious:
Овде зборуваме за концертот кој го најавува Авалон. Затоа оваа тема е во Ноќен Живот. Во Музика има тема за Продиџи, побарај ја ако сакаш нешто да напишеш општо за бендот.
 
А најавата е и на официјалната страна на Авалон, а во позадина иде Firestarter :) http://www.avalon.com.mk/NOV/index.php инаку мислам дека вториот концерт на Продиџи во Скопје го организираа Авалон, не Литиум.

Ихаааа, значи луѓево навистина планираат да ги носат Prodigy, инаку која би била логиката да ставаат на официјалната страна настап на prodigy :S
 
Овој бенд прави атмосфера. И по трет пат ќе одам да ги гледам, едноставно те полнат со адреналин и немаш потреба од дроги :icon_mrgr: фтњ!
 
Овде зборуваме за концертот кој го најавува Авалон. Затоа оваа тема е во Ноќен Живот. Во Музика има тема за Продиџи, побарај ја ако сакаш нешто да напишеш општо за бендот.

Де бе, не сум noob... знам дека овде е за настанот:)

Барав у музика тема за Продиџи и немаше, па ми беше чудно, али еве сеа ја видов... фала!

http://forum.kajgana.com/threads/prodigy.7217/
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom