Падот на Цариград во 1453 година

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
Сум ја сретнал во библиотека на српски, само од превише обврски сум заборавил на неа. Треба да се прочита. Ново е изданието на македонски, која издавачка?
Еј Острогорски ти е цар. Еден од најдобрите византолози воопшто. Колку само епски ги опишува настаните во Историја на Византија. И на најголем лаик по историја да му е мерак да чита. Не е за чабе толку преведуван. Само што е застарен. За општа историја на Византија добри се и Фјодор Успенски (иако и он е застарен) и бугаринот Димитар Ангелов. Историја на византиското царство на Успенски пред неколку години ја преведоа Србите. Капитално дело во 3 тома, 2500 страни историја. Историја на Византија од Ангелов е исто така добра, само што тешко се наоѓа кај нас. Еве stefantrayan1 ако има pdf нека даде. :)

Самракот на Византија на македонски е издадена во 1997 од Зумпрес. Една година пред смртта на авторот ако не се лажам. Па и не е баш најново издание.
 
Градот 1204 и беше освоен баш од страната на Златниот рог. Прво ја освоија Галата, го откачија синџирот и влегоа во заливот. После ѕидот падна горе кај квартот Влахерна и крстоносците влегоа во градот. Крив е Алексиј 4 што ги донесе крстоносците пред градот, и буквално го остави на танца.

Сепак во туската опсада на Цариград 1453 Мехмед не им верувал на своите поморски сили и решил финалниот напад да биде извршен по копно.

Ако те интересира литература за паѓањето на Константинопол 1453 може да ти препорачам две книги:

Стивен Рансиман - Падот на Цариград (оваа ја имаш на македонски)
Доналд Никол - Бесмртни цар (за животот на Константин XI, српски превод, издание на Клио)

И овој руски документарец што зборува за пропаста на Империјата.


брат, каде ја имат таа книгата Стивен Рансиман - Падот на Цариград? дека итно ми требит литература за падот на Константинопол на македонски..позз.. :)
--- надополнето: 27 јуни 2013 во 01:28 ---
Рускиов документарец е фантастичен...неколку пати на ТВ Алфа го имаше....

Во целото игнорирање на турска филмска продукција, налетав на најскапиот турски филм ever (сега за сега)....не сум го гледал, ама ќе се потрудам да го побарам....
Со оглед на тоа како секој си го претставува главниот духовен водач како мудар, безгрешен, филозоф и (на тој начин) освојувач, отприлика знам што да очекувам.....мада некако неспоиво ми е со приказната од русинот погоре во кој збори за еден интересен детаљ од сексуалноста на големиот освојувач - некаков харем составен од млади момци :eek:
Еве трејлер за Fetih 1453....не е лошо да се знае како другата страна гледа на работите....


го имам гледано...мене лично не ми се допадна ич....убо е то шо се потрудиле да напрает филм за падот на Константинопол....ама ептен имет додавано работи, шо не ги пишит во ниеден историски извор ._.
..само си давам свое мислење...шознам..вас можда ќе ве бендисат.. :)
 
Преферирам на англиски. :) Јас све од Osprey publishing, преку 100гб, ако сака некој нешто посебно нека пише.

еве јас....
најди ми од Osprey зошто
The presence of sub-haplogroup J2a4b-M67 in the РОМАНИ populations of Belgrade (10%) and Kosovo (21%), as assessed by дрн дрн дрн, is reminiscent of the frequencies found in other Romani groups throughout Europe (Gresham et al., 2001; Gusma˜o et al., 2008; Klaric´ et al., 2009).
J2a4b-M67 е од Цариград и околината....

според науката J2a4b-M67 е грчка и нејасно е како РОМАНИ populations се вмешани во падот на Цариград, бидејќи тие се тука и таму од пред падот....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom