Флексибилни мобилни телефони... наскоро реалност!

  • Креатор на темата Креатор на темата ^^GoRiLLaZ^^
  • Време на започнување Време на започнување

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.794
Поени од реакции
8.070
Веб-сајт
www.wjungle.net
1c555f56b0.jpg

Технологијава станува се по ненормална и ненормална... после ова кујзнае што не чека следно. Како и да е... наскоро треба да се појави мобилен кој ќе се витка, па дури и да издржуваат удари од чекан.

Технологијата се заснова на слоевите графен, повеќе слоеви атоми на јаглерод споени заедно, кои го „штитат“ течниот кристал, кој го сочинува екранот.

Се споменува дека во почетокот на 2012 ќе го видиме чудово... а компанијата Samsung е онаа која ќе го пушти телефонов на пазарот. Веќе се објавени и фотографии:

aad59d33a8.jpg

f4ec6f7708.jpg
 
Интересно.Ако немаш сат или џеб го вртиш околу рака и тераш :D.
А цена нешто се спомнуваше или...
 
Зависи која ќе биде толеранцијата на виткањето на овој екран,не верувам да има повеќе од една точка на прекршување(превиткување)....бидејќи јас мислам дека уште технологијата не ни е до толку напредна за да прават екрани што ќе можеш да ги виткаш колку сакаш.
 
како и да е интересно изгледа на сликиве - у живо уште по забавно ке биде но за жал затоа цената ке им биде НАД плафон.... ке треба едно 2 3 години да поминат за да им се стабилизира цената. за нас македонците поготово со наши стандарди ова ке биде недостижно ( за најголемиот дел ) се што ни останува е да се радуваме на туѓото :)
 
Очекувајте ги во Македонија после 2015 година :/
2050 најкасно :D
како и да е интересно изгледа на сликиве - у живо уште по забавно ке биде но за жал затоа цената ке им биде НАД плафон.... ке треба едно 2 3 години да поминат за да им се стабилизира цената. за нас македонците поготово со наши стандарди ова ке биде недостижно ( за најголемиот дел ) се што ни останува е да се радуваме на туѓото :)
Прво богаташите, ќе имаат вакви за нас ќе бидат многу недостижни, може понатаму кога ќе излезе 5-та верзија на овој телефон ние да ја купиме 1-та. :D....
 
не ми треба таков телефон што ќе ја свиткуваш и потоа во новчаник да ставиш,абе класиката е вечна задоволен сум и ваквата сегашност инаку немаше да се вика мобилен телефон;)
 
Сите нови промени се добредојдени :) Ако бевме задоволни со класика немаше да ги измислат smart-phone-ите или колор екранот туку ќе си останевме со првине Нокии - цигли. Технологијата оди напред
 
2050 најкасно :D

Прво богаташите, ќе имаат вакви за нас ќе бидат многу недостижни, може понатаму кога ќе излезе 5-та верзија на овој телефон ние да ја купиме 1-та. :D....
баш така.. ко таткото и синот.. тато тато кога ке купиме голф 5ка? - кога ке искочи голф 12ка сине.. ова исто му доаѓа :)
 
Очекувам да се појават во Македонија во истиот момент кога ќе се појават на европскиот пазар.

А тоа кој ќе може и како ќе може да си го купи е друга тема.

Излезете од гаражата веќе со мислењата од типот „а тоа во Македонија после тогаш и тогаш“...
 
Се согласувам со ова.Незнам зошто толку многу викате дека во Македонија ќе дојде после 10 години.Веќе работите се сменети
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom