H
Hip.Hop_MKD
Гостин
Што правите кога се чувствувате осамени? 

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Помош!!! Што правите кога се чувствувате осамени?![]()
Како можеш да се почуствуваш осамен на овој свет со неколку милјарди луѓе? Ако ти е досадно земи гледај некој филм, читај книга, слушај музика,-ај , излези со некоја женска на кафе. и то је то. Барем ова го правам како дневна рутина пошо никогаш не ми е досадно
![]()
Де бе, што ти е толку чудно? Може да бидеш опкружен со 100 луѓе и пак да се осеќаш осамено... И да се чувствуваш осамено, не е исто што и да ти е досадно... Скрос е различно.
Иначе кога имам такви периоди на осаменост и меланхолија, обично слушам музика и пишувам некој текст, преку кој ги исфрлам негативните чувства од мене или ги ставам слушалките во уши и си се шетам така колку да ги разбистрам мислите...

Тоа зависи од твојот карактер. Ако си опкружен со 100 луѓе ќе се чувствуваш осамен доколку не знаеш како да им пријдеш, како да отвориш тема на муабет со нив.. во тоа е суштината. Доколку си повлечена личност, не само шо ќе се чувствуваш осамен, туку навистина и ќе бидеш осамен. Сепак тоа е мое мислење, не можам да речам дека тоа е закон, зборувам генерално. А за врската меѓу осаменоста и досадата размисли: ако ти е досадно ќе почнеш да се чувствуваш осамено, ќе нема што и со кого да правиш. А ако си осамен да не нагласувам дека секако ќе ти биде досадно.
Како можеш да се почуствуваш осамен на овој свет со неколку милјарди луѓе? Ако ти е досадно земи гледај некој филм, читај книга, слушај музика,-ај , излези со некоја женска на кафе. и то је то. Барем ова го правам како дневна рутина пошо никогаш не ми е досадно
![]()
колку само лажеш кога не ја збориш вистината
шала,
никогаш* е идеализиран збор не го употребувај каде што не му е местото![]()
Добро, го кажав мојот став и мислам дека доаѓаме до исто мислење. Нека има моменти да си осамен ама пак ќе бараш нешто да правиш, со некој да разговараш.. едноставно ќе бараш начин што побргу да го избркаш тоа чувство. Па макар и ќе легнам да спијам (барем ќе сонувам глупости) отколку да си мислам дека сум осамен и нема што да правам.Не ја разбираш поентата. Може и да си најкомуникативен човек на свет, ама да ти се случи период кога ќе се осеќаш осамено дури и кога си меѓу луѓе. Обично тоа се поврзува со чувството на меланхолија, што е честа појава. Ете ти си меѓу среќниците што не се осеќаат осамени, но си редок случај, затоа што речиси секој човек во одреден период од својот живот се чувствувал осамен.
Инаку што се однесува до корелацијата со досадата, понекогаш да - придонесува во голема мера. Но, може и да ти е интересен периодот, а пак да си осамен, а може и да ти е досадно, но да не се осеќаш осамен. Не е баш онака правопропорционално секогаш, иако некогаш се погодува и тоа. Како и да, осаменоста не се лечи со истите методи како што тепаш досада... најчесто.