"Бесплатен" одмор од туристичките агенции

  • Креатор на темата Креатор на темата Linux
  • Време на започнување Време на започнување
Е стварно попиздев денеска пак ми пратија, дека сум добитник.

Ај ве молам ако има некој мобилен од директор, менаџер, газда, шеф од Јупитер нека го постира тука или нека ми го прати по ПП.
 
Еј па ако не да се собереме сите добитници и да се најдеме негде низ светов на собиранка :icon_mrgr:
 
Штотуку и мене ми стигна mail на gmail акаунтот дека сум добитник да пратам телефон како би ми објасниле итн итн, и за малку поверував кога викам ај да проверам на кајганава ни наша некој со искуство.
И? Некој контактирал со нив или?
Иначе неможат да ми се извадат на FB зашто таму сум со друг mail логиран. И сега? Агенција за заштита на податоци или?
 
Блазесими...Пак сум добитник на викенд во Прага, ама овој пат со напомена дека секое неовластено копирање на пораката е заштитено со закон така што жал ми е ама не смеам да ја изнесам неговата содржина :pos:
 
Јупиии, пак добив награда :tapp:. Овојпат замолив да ме избришат од нивната листа и да ми кажат од каде им е мојот e-mail. Ќе видиме што ќе се случи.
 
Хаха.. јас се регистрирав и истиот ден ми пишаа дека сум еден од 18-те добитници :) и го пишав бројот и ми се јавија денес.. вели СЕ е беспари само ќе си го платиш патот 100 евра + треба да си платиш осигурување како на секое патување + 10 евра пријава + ако сакаш влезници во дискотеки и водичи 20 евра... само тоа.. бесплано ти е.. wtf :mad:
џабе се израдував кога видов inbox
 
Мене поодамна ми стигна, може уште пролетта некаде и во почетокот се заинтересирав но кога видов дека сепак има нешто што треба да се плати, се откажав.
И тоа во INBOX на Facebook.
 
Ми одговорија од Дирекцијата за заштита на личните податоци. Ми го одбија барањето за повреда на личните податоци со образложение дека со тоа што сум се вклучил на апликацијата на Facebook, сум дал одобрние за користење на моите податоци.
А фактот што немам Facebook изгледа го изигнорираа. Убаво напишав во барањето дека немам и никогаш сум немал сметка на Facebook ама изгледа толку ги читаат барањата. Или не им е јасно дека ако немам Facebook немам пристап до тие апликации.
Ако сакам да ја оспорам одлуката, треба да поднесам тужба пред уставен суд :tapp:.

Не знам дали да му пишам на инспекторот, ама бидејки одлуката е веќе донесена, ми изгледа џабе ќе биде.
 
Сооонциња мои они.

Имам веќе искуство со вакви и ними слични па ми беше многу полесно овој пат.

Имено, ако се работи за 4 дена во срцето на Европа, тогаш дали се патува со спејс шатл (зошто не напишале колку саати трае патувањето до Прага?) Пишува еден од 50 - те добитници, а познавам најмалку сто луѓе што го добиле „подароков“.

И на крај краева, откако се изгорев, не одам на патување без 1000 евра. Не давам више да ме дрибла свака будала.
 
Продолжуваат да спамираат, овој пат и по приватни пораки на фејсбук...
http://twitpic.com/79cv1y/full

Поради тоа, интернет заедницата ќе организира интересен настан со кој ќе им оддаде почит на креативците од најдосадната Туристичка агенција во светот. Може да се пријавите тука: http://tweetvite.com/event/okupirajgojupiter :)
 
Јас два пати добив бесплатно идење у Прага :)
 
^ скапо е ...него ... ја баш топ си поминав летово со јупитер на крф :D

Ваљда беше до тоа шо бев нонстоп пијан :))))
 
^ скапо е ...него ... ја баш топ си поминав летово со јупитер на крф :D

Ваљда беше до тоа шо бев нонстоп пијан :))))

Е па за на крв бараја 300 евра шо значи 100 пати поскапо е кај тебе:)))

120 евра не е многу за пат, спиење јадење итн, кога во склоп на други туристи си. Да одиш индивидуално е друго.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom