Лига на шампиони 2011/12

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ако Вори заигра за Металург фајнлфор во ЛШ не бега :icon_mrgr:

Прво шпекулации нема да коментирам ниту за Вражалич и Чакич ниту за останатите, туку едно е сигурно дека растот на Металург ќе продолжи. Тоа значи Металург останува со цврста основа најпрво со своја база на наши играчи од кои во иднина ќе може да преоѓаат во прв тим и во репрезентација и второ со одлична финанскиска поткрепа за засилувања за во ЛШ, без кои реално тешко може да се поминат елиминации. Тоа е засега најбитно, дури и овие шпекулации дека Лино потпишал нов 4 годишен договор се чисто дрвење само колку тој Гобац да биде интересен за јавноста, останува да видиме но како што кажав најбитно е што Металург продолжува од година во година да расте во европска екипа тоа го очекуваме и за следната сезона каде би бил и поконкурентен од оваа. Само со таков раст може да се очекуваат и големи успеси преку една две сезони ништо не доаѓа.
 
Металург уште не е шампион на Македонија, така да, јас би почекал да заврши сезонава. Вардар и тоа како може да им ги помати сметките, се разбира ако не заебе со некоја друга екипа.
 
а овој нов Европски куп шо е..кај шо имаме две места во каков систем ќе се игра?
 
КПК и Купот на ЕХФ се спојуваат во една Европска лига..
Нешто слично како во Лига Европа..
Се укина Купот на куповите,се направи Купот на Уефа....
И наместо два преттставника во двата купа,сеа ќе имаме два претсавника во новиот Евро Куп....
Најверојато ќе биди во групи по теркот на Лига Европа....
Околу осминафиналињата....
За Металург се е кажано....
Атлетико си се зафркаваше со Шафхаузен,не се замараа многу,се беше решено...
Иста приказна како и со Кил и Копенхаген,си ги штедеа силите...
За Барса шо да кажам...
Го сомлеа еден гигант како Монпеље...16 разлика:cuc:
Ја гледав снимката од првиот меч во Франција...
Таму голманот на Монпеље праваше чуда,фати невозможни топки....
Монпеље водеше константно со 5,6, разлика..
И покрај се,и покрај грешките,голманот на Монпеље Барса се врати и имаше шанса дури и да добие.....
Во реваншот во Блау Грана,немаше милост. за Монпеље....против Барселона една екипа нема шанса за поправен....
Уште еден податок дека овај тим на Барса е машина....
Веспрем не успеа да го задржи докрај водството..
Водеа во текот на целиот меч,но на крај еден гол беше доволен да испаднат...
Можеби Адемар не е како на времето,но сеуште се силна екипа,и заслужено се меѓу осумте најдобри...
Веспрем го плати данокот на својата променлива форма,посебно оваа полусезона,знаеја да одиграат феноменален ракомет,брз,со голови од сите позиции,а знаеја и да имаат периоди од по 10 минути без гол....
Копер,можеби неочекувано но сосема заслужено го исфрли богатиот Киелце..
Малку препотентно Киелве влезе во дуелот со Копер,на крај им се врати со камата..
И за нив важи истото како и за Веспрем....многу нестабилна екипа...
Копер можеби од втор план успеа да избие на второ место во групата со Металург,и еве ги сега се најдоа во 1/4 финале....
Заслужено во секој случај....
И на крај германското дерби..
Бавен ракомет,со многу грешки,со одлични одбрани на голманите...
ХСВ во улога на голем фаворит,не одигра ништо за да ги опрадва парите шо се вложени во овај проект..
Фуше изигра максимално на тактички план,ја умртвија играта,не им дозволија брза игра,голманот се повампири и заслужено се во наредната фаза..
ХСВ треба да прави сериозна реконструкција во овај тим,очигледно е дека со оваа екипа,немаат сила за да ги остварат своите амбиции.....
 
Него, утре е ждрепката... може секој со секого нели !?

Aко е така, мислам дека Копенхаген ќе се падне со еден од големата тројка, или ако не се падне Копенхаген со нив, сигурно ќе има меѓусебен дуел меѓу два тима од Барса, Атлетико и Кил.

Нема шанси ждрепкава да излезе така за да има евентуален фајнл-фор со овие четири екипи. :D
 
Во два шешири се поделени...
Во првиот шешир големата тројка Барса,Кил,Атлетико и ИНДИЈАНЦИТЕ ФУШЕ:pos:(како успеа една таква екипа како Фуше да добие со старски ракомет во гости со ХСВ не ми е уште јасно,додуша имаа и поклон од ХСВ,ништо не изиграа скапо платените звезди:tapp: )па уште им го лапнаа и местото во ВИП шеширот:X3:
Во вториот шешшир аутсајдерите,Загреб,Копер и Адемар....
И џек-потот,Копенхаген....
На таа екипа на која ќе и падни џек-потот со среќа нека и е:)...
Значи 75% се назира составот на Ф4 во Келн,останува непознаница дали Копенхаген ќе има сила да изненади со некој од големата тројка,ако паднат со Фуше Берлин ја ставам колата дека ќе поминат понатаму:drk:
 
Добро бе, seeding во два пота во четвртфиналето, нема само глупи одлуки во СЕХА:
 
Еве ги паровите за 1/4 финале:

Ademar Leon - Fukse Berlin
AG Kopenhagen - Barselona
Cimos Koper - Atletiko Madrid
C.O Zagreb - Kil
 
Наздравје бричење за Загреб. :D

Инаку како и што очекував ждрепката... 2 германски и 2 шпански у полуфинале. Германски и шпански дуел у полуфинале и финале Кил-Атлетико/Барса.
 
Опа што ќе ми биде мило и Копер и Загреб да кркнат +10 на гостовањата...

А за Барселона тежок испит.
 
Загреб и Копер испаднаа уште и пред да почне 1/4 финалето.Да им се паднеше Берлин на Загреб можеби и имаа некоја шанса,али со швабиве најмалку имаат.Дури и Копер може да се надева на скапо продавање на кожата него ли Загреб :D
 
Иначе толку од приказните за Чупиќ во Металург.Официјално,потпиша 3 годишен договор со Киелце.
 
Граделе силна екипа а ги елиминираше еден мизерен состав Копер да играше Металург со нив ќе го кркаа дебело ама ајде што би било кога би било.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom