Лига на шампиони 2011/12

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Копер вади бод во Хамбург:facepalm::pos:
 
Trooper кај е?:D тој го има гледано 90% Барса-Загреб, тепал Загреб 29-30 може Чосиќ има коментираноо.:vozbud:
 
Trooper кај е?:D тој го има гледано 90% Барса-Загреб, тепал Загреб 29-30 може Чосиќ има коментираноо.:vozbud:
Да,да ја гледав.Сакав сега да пишам у фан клубот на Загреб малце да ја заживеам можеби темата.Чосиќ коментраше :D во негов стил.

Загреб заслужено победи.Играше не само против Барса него и против судиите(дефинитивно најциганско спортско друштво на светот,без конкуренција).Али им се врати илето.Загреб и со играч помалку правеше по 3-0 серии.
Две-три ситуации каде што требаше да им исклучат на Барса играч,не им исклучија..........Исклучувања 6-0, седмерци 8-2 или така нешто.Сите шутеви под фаул што ги шутираа играчите на Загреб не судеа фаул.А не дај боже да беше играч на Барса пипнат при шут.....одма 2 минути.За чисти 2 минути на Рутенка му дава у 23 минута жолт картон,а некој си 10-12 минути пред тоа почнаа со исклучувањата......на играчите на Загреб нормално. Неколку пробивања на цигото ги досудија како седмерци.Нападите одма им ги земаа како пасивни.....на крај ради тие судиите Загреб имаше 2 пати повеќе технички грешки,а пак победија.

Али се виде тоа балканскиот инат кај Загреб.Колку попедерски судеа судиите овие толку подобро играа.Шего фати повеќе зицери него во цела кариера,им продадоа многу јаки акции со играч помалку.
Копљар одличен 7 гола.......сите одлични и кога најмногу требаше.Шего на гол фати повеќе зицери денес него ли во цела кариера.Гојун и во напад почна да игра,крилата скоро перфектни.Јосип Валчиќ најголемиот труп кој некогаш го носел дресот на Загреб ја одигра најдобрата утакмица во животот.Стварно немаше ниту еден слаб играч кај Загреб денес.

Конечно успеаа да ја тепаат таа Барселона.Ова им е прва победа во 15 утакмици против Барса.Играа во 90-ти 3 финалиња по ред во ЛШ..........голем должник е Барселона.Само 2 нерешени и 1 победа и дури 12 порази имаат против Барселона.Многу подобри екипи на Загреб не успеале што оваа релативно скромна екипа успеа да направи.
 
Загреб ѕверови, само толку. Ама за жал тешко до фајнлфор многу малку им недостига можеби идна сезона...
 
Загреб ѕверови, само толку. Ама за жал тешко до фајнлфор многу малку им недостига можеби идна сезона...
Абе овде имаа сите свој ден реално,кога немаа го сркнаа и од Савехоф.
Екипа за 1/8 до 1/4 финале се максумум.Буџетот им е преполовен од претходните години.Штета што само неколку месеци беа заедно кога имаа мега екипа.Одма се разотиде таа екипа и не стигнаа ни да се воиграат како треба.Вори,Дувњак,Балиќ,Лазаров,Копљар,Штрлек,Гал,Хорват, Џомба,Шкоф........ Али немаа среќа Кил им се падна тогаш......реално во тој момент единствената екипа која реално не можеа да ја тепаат.
Иначе тек сега во еврокуповиве гледам колку е стварно СЕХА јака лига.НЕХЕ со гол во последна секунда испаднаа од Магдебург.Солидна екипа од Бундеслигата со гол во задњи секунди се спаси.Прокоцка НЕХЕ и водство од 5-6 разлика на 8-9 минути пред крај.Реално по квалитет 4-5та екипа од оваа лига се носеше со екипа која во моментов е 6та !!! во Германија.Тука се и Металург и Загреб,Вардар и Татран.Уште да дојдат и словенците и маџарите,или бар еден од нив, ќе биде ова многу јака лига.
Штета што е само толку јебено неорганизирана................селските лиги во ракомет се поорганизирани од СЕХА.
 
Ова што го збориш за СЕХА е ради тоа што е прва година. Од следна ќе биде веќе нешто, веќе после 2-3 сезони ќе може да парира и на Бундес и на Шпанија со тоа што моментално и Металург и Загреб кои се најквалитетни и се борат на повеќе фронта пред се во ЛШ, го сркаат најмногу, со лошо судење, повреди на играчи итн.. Има лоша организација со термини со утакмици неорганизирани се, фалат пари ама прва сезона е. Само за тоа има голема иднина ако не се батали проектот во што не се сомневам ама останува да видиме...
 
Не е оправдување да се нема генерален спонзор (а брдо фирми има што се присутни во сите земји од регионов),веб страна која не се уредува баш најчесто со статискити и сл. работи која почна тек пред месец дена да работи.Не можеш резултат од утакмица да дознаеш.ТВ преноси се раритет.........Ај прва сезона е,но имаат и многу пропусти.Ќе ја видиме во иднина.
Иначе мислам дека може СЕХА да биде многу квалитетна лига,но никогаш на ниво на Бундес.Нит имаме култура за посетување на утакмици како Швабите,нит финансии како нив.Таму играчите се стварно ѕвезди,друго ниво е Германија во споредба со сите.
Шпанците углавном се веќе и престигнати,само малце да се дотера со организација лигава.Реално Барса и Атлетико ја држат на таа висина и секогаш и ќе ја држат.Тешко екипа некоја од регионов да направи таква екипа.
 
Регионалните лиги се одлични идеи, штета што нема во фудбал и во други спортови. СЕХА лигата е одлична идеја, бидејќи од секоја држава има 1-2 јаки клуба во ракомет само кој секоја година го освојуваат слабото домашно првенство и со тоа се задоволуваат. Тука имаат конкуренција и тоа поттикнува континуирано унапредување. Сигурен сум дека за неколку години ќе се среди, со јаки спонзорски и договори за ТВ права.
 
шарич да не знаете колку интервенции имал со загреб ?
 
шарич да не знаете колку интервенции имал со загреб ?
Не многу колку што видов,али бранеше точно кога треба да ги извади.Иди на сајтот од ЕХФ таму има статистики.Не знам додуше колку имаат за голманите статистики тоа е малце тапа.
 
Не знам зошто ама се мислам дека денес Металург ќе помине релативно лесно со Висла, односно многу полесно него на дуелот со Копер... И дали некој знае дали Ацо се оправи од повредата многу ќе значи за во одбрана...
 
Читав неде дека Ацо и Наум му се ставиле на располаганје на Лино,да се надеваме дека и двајцата ќе играт.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom