Ron0n
The Mercedes Guy
- Член од
- 16 август 2009
- Мислења
- 351
- Поени од реакции
- 198
Еве нешто и за Garelli GSP50 Race 2017, значи моторот е водено ладење 50 кубика, 5.5 коњски сили и доаѓа со Reverse ауспух, единствено сум му ставил malossi ролни 4.2 и моторчето оди 80 kmh, солидно убрзува и до сега има пројдено 4200 километри без никаков проблем, редовно е сервисирано И КОРИСТЕНО Е УЉЕ Repsol sintetico, не срањето Ipone од Hamachi. Ми кажуваат дека имало проблеми со електроника и водна пумпа но до сега сум немал ни една ситница проблем, само треба синтетичко уље, редовен сервис, добро гаражирање во зима и јас за новата сезона планирам секоја течност да ја заменам со нова...уље, антифриз, глицерин, масло Мотул во дифренцијал итн...
Да има проблем со водната пумпа, најчесто семеринзите го прават проблемот и почнува да пушта по одредено време. Е сега не знам на овие новите верзии можеби е средено тоа. Бидејќи е копија Minarelli би ти препорачал ако веќе дојде проблем со водната пумпа, да пробаш да најдеш половна оригинал од Aerox, тие издржуваат многу подолго![]()
Јас би можел да ти препорачам една експериментална идеја (те молам со резерва земи ја). Ова еднаш сум го направил на мој мотор - Benelli со минарели хоризонтална машина и до ден денес функционира перфектно. Дериват на истата машина има и твојот скутер.
Бидејќи одбивав да платам 1800 денари за мочан семеринг на пумпа кој пушташе вода еве како постапив:
- ја извадив пумпата и перката од неа
- на дребонг кај комшијата за „едно пиво“ го симнав делот кој го држи семерингот (види за кој дел на сликата) така што се израмни со останатото метално цевче.

- си купив квалитетен семеринг за некој 300 - 400 денари кој е за ~1мм поголем од фабричкиот во внатрешниот дијаметар (види слика)

- до ден денес моторот си функционира беспрекорно
*мало објаснување: немој никако да користиш исклучиво дестилирана вода во разладниот систем. Затоа што антифризот покрај што служи за да не замрзнува течноста, служи и за подмачкување на семерингот и на другите делови во пумпата бидејќи сам по себе е мрсен.