абе вие сакате со скутерчина 200 на сат да ојте. ако ви е за брзање и пување, зејте си голем мотор. скутерот се знајт за шо служит. за низ град, да те однесит од едно до друго место, и за уживање. да качиш некоја женска, тогаш не требит да брзаш да и покажиш демек колку е брз моторов и да се глупираш. тогаш се возит бавно, да те видет сите.
иначе ова е мојот скутер, за брз-брз е, 75км/ч на прав пат, на удолница го имам кренато околу 90км/ч. иначе неќам да го возам многу брзо, околу 40 - 55км/ч некаде.50 кубици, 4-тактен. шо е многу убо. не брчит, не чадит. само безоловен си турвиш и шибај си. 1050 евра го зедов.гумите се 130/70-12(колку од фичо) и досега поминав 2400км и само кајшот се скина, пред една недела. то е све шо не чинело до сега. значи, за евтини пари земаш квалитетен мотор.