Вашите искуства со пракса во компанија

  • Креатор на темата Креатор на темата The Mummy
  • Време на започнување Време на започнување
Дали има некој направено семинарска за неговото искуство со пракса во една компанија ?
 
Јас да прашам на кратоко- некој има завршено практикантска работа во Тутунска, да знам дали плаќаат за тоа или не?
 
Јас да прашам на кратоко- некој има завршено практикантска работа во Тутунска, да знам дали плаќаат за тоа или не?
Ако е на еден месец НЕ (или оние од 3 месеци, за студенти). А ако си веќе дипломиран, и бараат како пракса пред вработување не сум сигурен, мислам околу 5.000-6.000 денари.
 
Да споделам искуство како е Софија со пракса.
4 та година на факултет (Компјутерски Мрежи на англиски) почнав на работа во "Adecco" без контрактор за "HP" иако аплицирав за win admin по некоја проценка според то што сум учел ми понудија за Internet Security Analyst . Без никакакво искуство наместо пракса добив работа. Еден месец имав само тренинг исто си беше како на факултет предавања итн. Плаќаја негде 450 евра плус осигуран и сите работи. После 8 месеци ме зедоја да работам дирекно за "HP" како Млад Инжинер за Интернет Безбедност. Значи "HP" ти е една од најдобрите корпораци каде што можиш да научиш премногу и имаш достап до најновите и најразлични ИТ технологи во секој сектор и секоја специјалност. Ако некој има шанса кај нас или без разлика каде после факултет му препорачвам "HP" , плус за наредна работа премногу ти помага да имаш "HP" искуство во CV.
 
Ќе може ли некој да сподели искуство со Стопанска, Комерцијална и Шпаркасе банка? Како поминавте на пракса, научивте ли нешто ?
 
Моментално во Македонски Телеком и Т-Мобиле сум во Controlling во Финансии (воедно тоа и студирам), на едно месечна задолжителна пракса преку факултет.... и мислам дека тоа што до сега го научив, видов и осетив нема 10 факултети да ти го пружат :)
 
Сакам да прашам дали добиваат известување тие што конкурираат за пракса, во случај да се одбиени?
Јас еве чекам одговор, ама обично конкурсите траат до крај на мај, ако не би ме примиле, не можам да барам друго кога ќе заврши рокот... :/
 
ОД колеги чув дека во Стопанска или Тутунска за едномесечната пракса исплаќаат некој надомсток... Ако знаете компании кои исплаќаат надоместок за едномесечна пракса, зборам за економски факултет 1ва година
 
Дали има некој искуство со пракса во ONE па да сподели :)
 
Некој да сподели искуство за пракса во Стопанска банка или Шпаркасе?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom