
До 2013 година мобилните операторит ќе нудат 4G мобилни услуги, a од 19 септември пренесување на број ќе биде само за еден ден. Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) најави конкурс за добивање фрекфенција за 4G, што ќе овозможи супер брз интернет преку мобилен, до 1 Gbit/s.
„Сакаме да бидеме технолошки развиена држава согласно со западноевропските. Се работи за техника што доаѓа, со нова мрежа, а повикот е во контекст на комплетната дигитализација што се одвива во Македонија, а треба да заврши на 1 јуни 2013 година“, вели директорот на АЕК, Роберт Ордановски.
Покрај конкурсот г. Ордановски најави и дека од 19-ти септември преносливост на број од еден на друг оператор, при што се задржува и префиксот, ќе трае само еден денво мобилната технологија и два дена во фиксната. Ова е според телеком правилата на Европската Унија.
Новина е и што АЕК ќе одобри претплатнички договори меѓу операторите и корисниците, со кои се спречува автоматско продолжување на договорите без знаење на корисникот, како и злоупотребите и оштетувањето на корисниците.
Г. Ордановски најави и дека четвртиот виртуелен оператор WTI ќе стартува на почеток на следниот месец, октомври, нудејќи услуги од фиксна телефонија, а од декември ќе нуди и мобилни услуги.
АЕК најави дека до крајот на годината да објави стратегија за развојот на електронските комуникации во Македонија 2012 – 2015 година. Таа стратегија ќе ги постави правилата на игра меѓу операторите, и ќе преставува бизнис план кој ќе се презентира пред можните инвеститори.
Извор: it.com.mk