Шах

  • Креатор на темата Креатор на темата ZOTE
  • Време на започнување Време на започнување
Учествував на неколку помали турнири, моментално не сум многу активен но знам некогаш со добар противник да изиграм.
Шахистите не ги следам многу но впечаток ми остави Каспаров - машина е човекот. Всушност играше против машина но изгуби имаше некои контраверзии во тој натпревар whatever...
Шахот е гимнастика за мозокот како што викаше мојот тренер така да - да спорт е.
Имам сретнато доста интелегентни луѓе кои од некои причини не играле шах и кога почнуваат не се многу добри, значи потребно е искуство.
 
Дали играте, колку играте, дали сте добри? Дали шахот е спорт или не? Дали шахот се базира на интелегенцијата или искуството? Омилен шахист? Дискусијата овде...
Добар вовед....:)
Дали играте?
Не, одамна беше
дали сте добри?
Не :)
Дали шахот е спорт или не?
Спорт е :)
Дали шахот се базира на интелегенцијата или искуството?
Прво искуство....потоа интелигенција......потоа мешавина од двете состојки плус концентрација
Омилен шахист?
баткава :) Гари Каспаров
Kasparov-34.jpg
 
Играм само на компјутер
Со еден другар додека сме нашколо играме цело време на кока кола и кутриот се он купува кока коли не дека многу се замараме па мислиме шо како туку само побрзо да ни минат часевите па и да имаме после часот жртва кој да чести :D
 
Ја играм скоро секој викенд со дедо ! и секоаш се кладиме на по едно скопско и секоаш он си ја фака гагата :( :D
 
Обожавам шах. Кога сме двајца у маало пошто е досадно знаеме да изиграме неколку партии на мобилен. Мислам дека искуството игра поголема улога од интелигенцијата. Ова е пред се така, затоа што ако играш против некој што не ги знае отварањата, затварањата или тактиките, можеш многу брзо да го насамариш. На автобуската кај што живеам има ....... па не би рекол дека е шаховски клуб, повеќе му доаѓа како три маси и на нив цел ден пензионери рокаат. Додека чекам автобус ги гледам како играат, али да играм со нив несакам пошто ми е тапа со пензионери шах да вртам.

Не следам многу шах сцена, не сум многу навлезен у тие работи, имиња ова она, играм онака за душа.

(али досега немам пораз у маало :) )
 
Уф, за шахот треба мозгање секогаш да имаш 2-3 чекора предност не е за мене тоа, ама секоја чест за играчите како Каспаров и мн. другу:cuc:
 
Играм, солиден сум ... Иначе за да си добар шахиста треба да имаш комбинација од искуство, интелегенција, концентрација и да знаеш да го повлечеш вистинскиот потез .. Иначе Каспаров ми е омилен шахист.
--- надополнето: Sep 10, 2011 10:30 PM ---
Забораив да напоменам вчера си пиев 2 литра кока кола поради тоа што го поразив другарчево у населба шах ... :icon_mrgr:
 
Играм шах редовно , татко ми шахиста е и така...
Во Прилеп порано имаше шаховска сала и таму играја повозрасни луѓе и јас така малечок многу се интересирав за шахот и таман седнав да играм, еден стар чоек иди до мене и ми вика: Дете да знајш шахот е чакија на мозокот :pos:
 
Сега се игра и онлајн шах на пари слично како покер што се игра
--- надополнето: Sep 24, 2011 11:57 AM ---
А дали е некој расположен да играш шаџ сега онлине , на скајп на пример
...нека ми пише порака кој сака
 
Играм само на компјутер
Со еден другар додека сме нашколо играме цело време на кока кола и кутриот се он купува кока коли не дека многу се замараме па мислиме шо како туку само побрзо да ни минат часевите па и да имаме после часот жртва кој да чести :D
пробајте домино многу е интересно ја у петокот цел ден домино на часовите игравме:pos:
 
пробајте домино многу е интересно ја у петокот цел ден домино на часовите игравме:pos:
Ајде и тоа чудо да го пробаме неам играно никогаш , сме играле блек џек , покер , билјард , тетрис и шо уште не :D
 
Шах научив да играм кај 1-2 одделение со дедо ми секој ден по три-четири партии мораше да изиграме.Сега играм многу ретко, освен некогаш ако се собереме со другари рекреативно да изиграме, и имам забележано во нашиот случај дека кој ќе направи една единствена непромислена грешка ја губи партијата по default.
 
Од денеска (3 ноември) до 11 ноември 2011 во грчкиот Порто Карас, македонската шаховска селекција ќе учествува на 18-то по ред Европско првенство. Учествуваат вкупно 38 репрезентации. Просечниот рејтинг на Македонија изнесува 2492. (30-та рангирана) На стартот во првото коло ќе игра против Израел (2666 - 11-та рангирана).
Селекторот Драгољуб Јаќимовиќ за овој настап на првата табла го пријави ВМ Владимир Георгиев (2553), на втората ВМ ТРајко Недев (2493), на третата ИМ Александар Чоловиќ (2451), на четвртата ИМ Филип Панчевски (2442) и на петтата ВМ Звонко Станојоски (2470).

 
1. коло
Македонија-Израел 1:3
Единствената победа ја забележа само ВМ Владимир Георгиев (2553) на првата табла победувајќи го со бели фигури Максим Родштајн..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom