Т-Мобајл or баш арамии ...

дали некој знае како да си проверам колку интенет имам направено дома на рутер извинете вака оф топик али многу ме интересира...

Поради тоа што си пишал во оваа тема, претпоставувам дека си корисник на Т-Хоме. Во секој случај, еве како можеш да провериш потрошен собраќај: https://moj.telekom.mk/. Во првото поле го внесуваш твоето корисничко име (од облик prezime.ime@t-home.mk или ime.prezime@t-home.mk), а во второто поле лозинката (најчесто е бројот на фиксниот телефон без префикс).
 
Знам дека нема да ве боли к*урот за дешавкава али ај ќе ви објаснам за чисто внимание оти не за џабе рекле не слушај гаталец туку слушај паталец.
Пред половина месец ко си го зимав HTC HD7 решив и мобилен интернет да си ставам. Арно ама го избрав Т-Мобајл како еден од најдобрите според некои тврдења. Купувам нов број со 590 ден. + 2000 кредит си ставив = 2590 (можда и помалце) Активирам еден од пакетите т.е Extra Large на 21.08.2011 и фурам така само со хотмајл и месинџер, никаков download друг и денес гледам нејќе да се поврзи на интернет и си реков до телефоно ќе да е и мавнав reset phone. И пак се уклучува нејќи телефонов да се поврзе. И проверувам сметка што да видам 0 денари. Се тешев самиот себеси дека е некој СМС од оние 0 денари кон Мојот Круг али напротив сметката беше. Ми се дигна шеќеров 200, мислев дека ќе ми изгори процесоров од мозоков. И се јавувам кај апаш центарот на т-мебајл ми дигна една крофнарка глупа, објаснувам и ми тврди ги имате истрошено.
Јас: А или како да ве наречам оти не ми текнува некое мизерно име, неможе да е е тоа оти вика дека ако се истрошеле 90% ќе стигнела СМС а и башка одам вцрква куќата ми е потстркана со водичка и нема шанси духови да има.
Она: Ај момент ... (чекав 10 мин.) - Ама дечко мислам дека некој ви кради интернет од телефонот, проверете дали имате ставено пасворд на вајлересот ... :eek:
И тек тогаш си реков дека не вреди да и предложам да се обеси оти јажето е покорисно од неа. И така народе мој мил јас дупето радиус 10 cm а они џебот + 10 cm.

Истиов случај со ист телефон само на VIP MK :) случајот отиде и до АЕК - за жал никој oд нас (како клиенти) неможеме да докажеме дека тоа не е така.
Како и да е, мал ХИНТ - да, телефонот има опција да „глуми“ рутер - провери го тоа ;)
 
Нит понуда на телефони имаат нит ништо....Они и ВИП се најутепани со понуда.
 
Неможам да сфатам како бонус од 200 денари кредит се троши со 5-6 повици од просек минута. Тешки лопови се, намерно и не ти стига сметка кога трошиш бонус... вреѓаат интелегенција бе, ќе го регистрирам секој повик некој ден и ќе ги пријавам во АЕК.

Инаку иам другарче што немал платено сметка за фиксен па му го исклучиле. Откако платил телефонот му го вклучиле после 5-6 саати, али во секој случај ги тужил и лапна некој кеш. Мора само така со лоповиве. 3 оператори, еден изгор, другиот бетер, третиот нема мрежа... ебате операторите ебате.
 
Поради тоа што си пишал во оваа тема, претпоставувам дека си корисник на Т-Хоме. Во секој случај, еве како можеш да провериш потрошен собраќај: https://moj.telekom.mk/. Во првото поле го внесуваш твоето корисничко име (од облик prezime.ime@t-home.mk или ime.prezime@t-home.mk), а во второто поле лозинката (најчесто е бројот на фиксниот телефон без префикс).
пробав сите можни комбинации и не ми отвара ништо како mail..
 
пробав сите можни комбинации и не ми отвара ништо како mail..

Во тој случај, јави се на 0800 12345 и побарај да ти ги кажат јузерот/лозинката. Најверојатно ќе треба да им кажеш матичен број на лицето на кое се води сметката и конто број.
 
T-:гомце: е катастрофален оператор, можеби се единствени што носат ајфони во мк и чат пат по некое добро телефонче али што кога видов на некои тарифи 7 денари минута алоо, кој век сме бре.
Порано кога беше само МОБИМАК, ајде се тешевме некако дека луксуз е мобилниот, еден кредит од 600 денари ставав, на кој имав само 500 денари за зборување ми траеше точно 27 минути во разговор имав пресметано, ебати минутата ебати скапа.
 
Кога ми дојде СМС дека сум бил среќник и дека можам да освојам 100.000 денари , ми се појави насмевка , но ми текна дека се арамии , и прашав пријатели дали и ним им дошла таква порака , кога дознав дека и на нив истовремено им дошло , не пратив порака , спасив најмалку 45 денари.

Нели е ова измама?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom