Т-Мобајл or баш арамии ...

sasha4fiercef

Титула по желба
Член од
9 август 2011
Мислења
167
Поени од реакции
64
Возраст
36
Локација
Скопје
Знам дека нема да ве боли к*урот за дешавкава али ај ќе ви објаснам за чисто внимание оти не за џабе рекле не слушај гаталец туку слушај паталец.
Пред половина месец ко си го зимав HTC HD7 решив и мобилен интернет да си ставам. Арно ама го избрав Т-Мобајл како еден од најдобрите според некои тврдења. Купувам нов број со 590 ден. + 2000 кредит си ставив = 2590 (можда и помалце) Активирам еден од пакетите т.е Extra Large на 21.08.2011 и фурам така само со хотмајл и месинџер, никаков download друг и денес гледам нејќе да се поврзи на интернет и си реков до телефоно ќе да е и мавнав reset phone. И пак се уклучува нејќи телефонов да се поврзе. И проверувам сметка што да видам 0 денари. Се тешев самиот себеси дека е некој СМС од оние 0 денари кон Мојот Круг али напротив сметката беше. Ми се дигна шеќеров 200, мислев дека ќе ми изгори процесоров од мозоков. И се јавувам кај апаш центарот на т-мебајл ми дигна една крофнарка глупа, објаснувам и ми тврди ги имате истрошено.
Јас: А или како да ве наречам оти не ми текнува некое мизерно име, неможе да е е тоа оти вика дека ако се истрошеле 90% ќе стигнела СМС а и башка одам вцрква куќата ми е потстркана со водичка и нема шанси духови да има.
Она: Ај момент ... (чекав 10 мин.) - Ама дечко мислам дека некој ви кради интернет од телефонот, проверете дали имате ставено пасворд на вајлересот ... :eek:
И тек тогаш си реков дека не вреди да и предложам да се обеси оти јажето е покорисно од неа. И така народе мој мил јас дупето радиус 10 cm а они џебот + 10 cm.
 
Да, огормни лопови се од Т-Мобајл, и јас сум на претплата и горат едноставно ако зборуваш со некој од ВИП/УАН, да не зборам да се јавиш на некој од странство, и потоа велат дека сигурно е дека некоја грешка дека не е до нив туку до нас, затоа фино лепо се префрлив на ВИП и моментално сум на припејд, и водам подобра контрола на тоа колку трошам и како, и секако досега не ми има наплатено 35 денари 2 минути како што правеше Т-Мобајл, тоа е.
 
сите се арамии ова операториве....се гледа дека добро 'оперираат'
 
Скапи се т-мобиле, секогаш си ставав кредит и секогаш немав.
Се преврлив на вип пред 1 недела, ќе видиме.
 
А ние кутрите на претплата бе... јас и другарми шетаме онака и во 2:42 ми иде порака мејли а пази телефонов достапен... ај да преслушам порака (стварно 20 до 3 кој може да те бара малку шубе ми беше) ми го кажува бројов од другаров а тој е со мене скоро 20 минути, и на порака снимано кај шо пазаревме во тобако и шетаме... другаров зема телефонот и пази, нема регистриран повик дека ѕвонел кај мене а јас сум цело време достапен а ми стига порака на мејли -_-
 
мене ми мириса стварно на техничка грешка ?! им спотребале нашите 50ден на тмобајл
сега знам ќе речете од сите по 50 да земат колку се ама тоа е : (((
 
мене ми мириса стварно на техничка грешка ?! им спотребале нашите 50ден на тмобајл
сега знам ќе речете од сите по 50 да земат колку се ама тоа е : (((
Техничка грешка? Колку години си? Уште веруваш до Дедо Мраз?
Нормално дека нема да крадат со луди износи, туку со мали износи, баш ете 50 денари, и така секој, по едно 100-200 случаи, и тука е голем профит кога ќе израчунаш.
 
Техничка грешка може еднаш, два пати да се случи, али кај мене истото е веќе 14 месеци откако сум на Т-Мобиле на претплата. Секогаш водам евиденција колку имам направено сметка преку интернет и на крајот од месецот ако на интернет пишува пример 1800 денари сметка ќе ми стаса 2500 денари сметка. Значи +ДДВ и + нешто за нив башка од потрошеното.
Слична ситуација ми е и на бројот на ОНЕ само што тие го прават тоа со усул, не ја претеруваат толку многу.
 
Техничка грешка? Колку години си? Уште веруваш до Дедо Мраз?
Нормално дека нема да крадат со луди износи, туку со мали износи, баш ете 50 денари, и така секој, по едно 100-200 случаи, и тука е голем профит кога ќе израчунаш.

со или без тие 500 случаи на "грешки" т-мобалј пак ќе биде една од најпрофитабилните компании во македонија
држат повеќе од 75% од мобилниот пазар (останатите проценти ги делат вип и оне)
затоа ми беше муабетот
 
со или без тие 500 случаи на "грешки" т-мобалј пак ќе биде една од најпрофитабилните компании во македонија
држат повеќе од 75% од мобилниот пазар (останатите проценти ги делат вип и оне)
затоа ми беше муабетот
Точно е, но факт е дека се големи лопови, а тоа што се најпрофитабилни и најголеми во Македонија е срамота за нив затоа што голем дел од тоа стекнале на веќе спомнатиот начин.
И да се разбереме, сите се иста песна, добро не иста туку слична но Т-Мобајл е врв.
 
држат повеќе од 75% од мобилниот пазар (останатите проценти ги делат вип и оне)
затоа ми беше муабетот

Па не е веќе вака, во првиот квартал годинава држеле 54%, што е голем пад во однос на 60-тина проценти од 2010-та. Vip прибира се' повеќе корисници, додека One стагнира со уделот.
 
Нема едно 30 теми за Т-мобајл? Не може ова да се пише во една од веќе постоечките?
 
Ова е најдоброто правило за супер пријателство,
мислам стварно се смешни од Т-Мобиле со ваквите реклами, не за друго не предвидуваат дека може на лошо да тргне, бидејќи од 2 милиона луѓе ќе се најде барем 1 кој ќе каже кралот е гол
 
Скапо , многу скапо , не сум задоволен ни јас, одамна немаат ниедна нова понуда.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom