Сијамска мачка

  • Креатор на темата Креатор на темата Lu
  • Време на започнување Време на започнување
Сијамската мачка (или накусо - Сијамка) потекнува од Сијам (денешен Тајланд) и првите примероци од оваа раса се појавиле уште во 14 век.
Кон крајот на 19 век, Британците кои патувале во Тајланд се заљубиле во оваа мачка со посебни обележја и со меко влакно, никогаш претходно немале видено такво нешто, па затоа однеле примероци во Британија.

Сијамските мачки ги има во четири нијанси на бои:
- Со црни ознаки (Seal Point)
- Со плави ознаки (Blue Point)
- Со кафени ознаки (Chocolate Point)
- Со виолетови ознаки (Lilac Point)
Овие 4 бои се чисти класични сијамски бои.

Има 2 типа на Сијамски мачки:
Првиот тип е стар тип (класичен тип) кои што потекнува од Тајланд и тие Сијамки се нарекуваат Таи (Thai)
Вториот тип е нов тип (модерен тип) кои што потекнува од Европа (Британија)

Сијамските мачки имаат елегантна и витка градба, долго, слабо и мускулесто тело.
Задните нозе треба да бидат подолги од предните. Нозете се долги и витки што им овозможува високи скокови во воздух, шепите се овални.
Опашот е долг и тенок.
Главата има клинест облик, идеално лице и средно големи дијагонално поставени уши во облик на триаголник.
Очите им се длабоко плави и минимално закосени.

Влакното е свиленкасто и мазно на допир.
Сијамските мачки се единствена раса на мачки која што речиси нема подвлакно, тоа ги прави идеални за чување во стан бидејќи паѓањето на влакна е минимално, речиси воопшто не пуштаат влакна.
Кога ќе се родат, тие се потполно бели, а подоцна (после првата недела од раѓањето) се појавуваат типичните обележја во вид на палеж.
На 3 годишна возраст Сијамките ја добиваат својата трајна боја.

Оние кои планираат да земат Сијамска мачка мораат да знаат дека таа има многу јак карактер и дека нејзиното присуство се чувствува во домот.
Бучни се и можат со часови да мјаукаат на глас или во себе, дали поради глад или незадоволство, вие ќе знаете, бидејќи ќе ве предупредат со својот остар глас.

Не сакаат да бидат многу сами, постојано бараат друштво.
Идеални се за луѓе на кои им е потребно друштво, можат со часови да се галат со вас, и точно знаат да го отценат вашето расположение.
Многу се темпераментни и разиграни и ги сакаат сите видови на играчки.
Многу се интелегентни и брзо учат и не чудете се доколку ви апортираат хартија или топче.
Многу лесно се навикнуваат на одење на поводник, па можете понекогаш да ги прошетувате по маалските паркчиња.

Одлично се сложуваат со други мачки, а посебно со кучиња.
По карактер се многу слични со кучињата, па често се случува за Сијамките да кажат дека се кучиња во мачешко тело.
Штом добиете Сијамска мачка, вие сте добиле личност.

sg4uq1.jpg


10.jpg


dgrrma.jpg


Јас чувам Сијамски мачор и можам да кажам дека се прекрасна раса со неверојатен карактер.
Доколку имате прашања поврзани со Сијамските мачки можете да ме прашате :)
Само што земав женка сијамска мачка, 2,5 месеци стара, би сакал да стапам во контакт со сопственици на мажјаци - за да бидеме во контакт.
 
Јас 10 години чувам скопски стритер во стан ама кога ќе почине таа имам 3 раси во предвид - руска сина, бенгалска и сијамска. Сијамката ми е некако најизводлива. :)
 
Немој бенгалска.Поготово ако не си некој апла искусен и трпелив мачкар кој не му смета домот да му изгледа ко да му паднала нуклеарка у внатре.Тоа ти е пола диво животно.Не си играј озбилно.:)
 
Серазбира (y)

Штом еднаш земеш да чуваш Сијамска мачка - засекогаш ќе чуваш ... нема ни да помислиш да земеш друга мачка.

Знаеш како велат ... еднаш Сијамска - засекогаш Сијамска :)

Би сакал да земам сијамска мачка.
По која цена идат и кај можам да најдам?
Што се поразлични од обичните и другите мачки?
Јас по цел ден не сум дома, можам ли да ја оставам дома сама, дали е Паликуќа мачката или Денис бељата?
Може ли да ми направи лом ако ја оставам сама?
Дали е попитома од другите и дали лесно се припотомува?

Гледам дека се разбираш од животни па ако може да ми објасниш поопширно...
 
втор ден ја имаме ( никогаш не сме чувале мачки ) ама ова шо го видовме досега ептем ни се бендиса. Исто не сме цело време тука, ама се е ок. Барам сопственици на мажјаци кои не се со мачево во сродство. пишите!!!
 
втор ден ја имаме ( никогаш не сме чувале мачки ) ама ова шо го видовме досега ептем ни се бендиса. Исто не сме цело време тука, ама се е ок. Барам сопственици на мажјаци кои не се со мачево во сродство. пишите!!!

Од каде ја зема и колку пари?
 
Ми се отворија спомени читајќи ја темава.... Бев горд сопственик на сијамски мачор повеќе од 6 години и можам да кажам со сигурност дека ми беше другар пред се, а потоа галениче.

Нема подобро нешто од сијамец и на сите љубители на мачки топло им препорачувам да земат сијамска мачка.

Посебно слатки се кога се љубоморни :))) Срциња.
 
Од кај може да си набавам едно вакво маче? И колку коштаат отприлика?
 
Има еден дечко од Штип, јас му дадов едно од моите мачиња (сијамски) пред една година и сега таа станала мајка на 5 сијамски маченца. Сега имаат 1 месец. Ќе го прашам дали и по колку ќе ги дава, кога ќе имам информација ќе ви пишам. Инаку сијамска мачка е исто како дома да имате куче(зборувам за приврзаноста кон сопственикот). Го сака и знае кој е. Зависи од мачка до мачка, ама јас имам многу убаво искуство. Се обожаваме - и взаемно е :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
Има еден дечко од Штип, јас му дадов едно од моите мачиња (сијамски) пред една година и сега таа станала мајка на 5 сијамски маченца. Сега имаат 1 месец. Ќе го прашам дали и по колку ќе ги дава, кога ќе имам информација ќе ви пишам. Инаку сијамска мачка е исто како дома да имате куче(зборувам за приврзаноста кон сопственикот). Го сака и знае кој е. Зависи од мачка до мачка, ама јас имам многу убаво искуство. Се обожаваме - и взаемно е :)

Ај контактирај ме штом дознаеш.[DOUBLEPOST=1395843292][/DOUBLEPOST]
[DOUBLEPOST=1395782357][/DOUBLEPOST]poklon, od kichevo e sopstvenikot, ama zivee vo ohrid. mislam deka e ostanata uste edna zenka, ama ne sum siguren. na pazar 3 imat oglas

Нема на пазар3. Све се стари огласи.
 
Што ќе ми кажете за Сијамските мачки? Сакам да си земам такво. Добри/лоши карактеристики/маани?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom