Бугарија ќе не реформира?!

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.845
Поени од реакции
23.246
Бугарија ќе и помага на Македонија во усогласувањето на домашното со европското законодавство, ќе ги обучува македонските државни службеници кои се инволвирани во евроинтеграциите, а и ќе асистира во зајакнувањето на административните капацитети на земјава. Тоа е суштината на меморандумот за соработка во областа на европската и евроатлантската интеграција кој утре во Софија ќе го потпишат македонскиот и бугарскиот министер Попоски и Младенов. Текстот на документот беше одобрен на денешната седница на бугарската влада. Во суштина тоа значи дека Софија на Скопје ќе му ги пренесува сопствените искуства. Но, токму за некои од сегментите за кои Македонија ќе биде поучувана од Бугарија, Унијата смета дека нејзината најнова членка покажува незадоволителни резултати.

Во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на Бугарија во рамките на механизмот за соработка, објавен минатиот месец, меѓудругото се бара зајакнување на административните капацитети на државните органи. Значи, Софија ќе асиститира за нешто за што и самата е критикувана од Брисел.


Господ да чува и да брани. Потпишан е некаков документ денеска, со кој Бугарија ни станува ментор во унапредувањето на администрацијата. :tapp::tapp::tapp::tapp::tapp:

Дојде денот кога нашиот високо развиен и напреден источен сосед ќе не учи како се влегува во европска унија. И се тоа со потпис на нашите државни функционери.
 
прво сама да се реформира па после нека продава пуфки по набавна
 
Бугариве ќе ни бидат ментор? Подобро да се самоубие клатонишачкава тако звана администрација од колку џаболебарските навики да им ги унапредат.

Бугарија е лидер во мито и корупција, секој оној кој соработува со нив тоа го знае.

Само на граница даваат по 5 евра на влез (на цариник, на граничар, на вага), па те чекаат аџиите на 5 метри подоле бараат влакно во јајцето и таму оставаш 20 еврејки...и се така до Софија ти земале браќава 100 евра.

Кога ќе влезеш пак во нивната администрација секаде е „ да почастиш нешто“си има и тарифник.
 
Поправилното прашане е колко е позле администрациjaта во РМ,та бугарската да е ментор.
Да не зборуваме дека е нормално вие се уште да немате ланци ком министерствата, кои да соработуват и да са готови да приемат европските проекти по кохизионите и структурните фондови. Този тип администрациja се изградува до моментот на зачленуване, за да може после тази администрациja да работи по европските проекти по различните програми.
Уште поинтересно е дека от една и иста средба - различни новини се поjaвуват во бугарските и македонските медиуми.
Едните зборуват как бугарите ке са ментор за администрациjaта,а другите зборуват како надворешното министрество поздравува за споменици.
http://news.ibox.bg/news/id_1399133667
http://video.bgnes.com/view/24560
http://video.bgnes.com/view/24554
http://focus-news.net/?id=n1561298
 
А пари кој ќе дава?

Он: Нека де, нека кажат кај грешиме во спроведување на законите, кои закони штрчат кај нас, нека видат кои закони се само за да стојат по папири, нека излезе на виделина тоа дека едни закони се спроведуваат за одредена група на луѓе, додека некои се имуни и си перат пари константно,.....
Мора да имате надзор, ако сакате да влезете во Европа.

Јас, нејќум Европа.
 
Иначе, заборавив да кажам. Денеска, во посетата на Бугарија(после потпишувањето на тој договорот), нашиот министер за надворешни, изјавил дека со Бугарите не спојува заедничката историја.
 
Жално...Навистина несфатливо до кое ниво стигнавме. Да дозволиме Бугарија да не реформира нас.

Бугарија може само да ни ја реформира мафијата така што ќе си вметне луѓе од кај неа ништо друго од неа неможеме да очекуваме.

Опасни игри се овие за Македонија. Имавме ние во минатото лудаци (да не ги наречам политичари) кои имаа некои идеа за Бугарија "да ни помогне" со тоа што ќе не припои до неа. Не смееме да дозволиме никој да ни се меша во наши работи.
 
Одлична игра ни изиграa, мора да се признае. Секоја чест. Ама незнам како после се чудaт зошто воопшто не ги сакаме.
 
Не го знам поводот за средбата и чија е иницијативата за соработка и помош, но...вината за различните позиции, членувања во меѓународни сојузи и диктирање и надмоќ не ја гледам во бугарите.

Тие само ја користат можноста на ЕУ членка и сосед.

Со нив се расправаме за други теми, но за нашата подредена позиција, за невлегувањето во сојузи, за големата администрација (која патем постоеше и 90-тите, само дел не фигурираше као официјално вработена), за невработеноста (која патем ја немавме, но се најдоа мајстори и ја создадоа) и немање инвестиции (мме)...за враќањето на Македонија на ниво на развој од 19 век... знаеш каде се основите на стагнацијата. Имавме исти меѓународни позиции.

Е сега ќе изигруваат ментори оти им се може...и ние сега некому ќе продававме финоќа и напредок ама кај нас лидерите повеќе се напрегаа како да присвојат општествен капитал отколку уште 90-тите да започнат со реформи.
 
Каква срамота - и не само за Македонија. Вакво јадење бурек одамна немаме видено од македонски политичар. Додатно "признал" дека немало 750.000 Македонци во Бугарија (според тврдењето на Дневник). Кога ќе размисли човек, точно е кажаното, над 2 милиона се со македонско потекло во таа држава.
 
Каква срамота - и не само за Македонија. Вакво јадење бурек одамна немаме видено од македонски политичар. Додатно "признал" дека немало 750.000 Македонци во Бугарија (според тврдењето на Дневник). Кога ќе размисли човек, точно е кажаното, над 2 милиона се со македонско потекло во таа држава.
Новиот министер за надворешни го изјавил ова? :mad:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom