Фељтон Македонија 2001

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
22 април 2005
Мислења
2.496
Поени од реакции
1.127
од Утрински весник

Имаше ли победени и поразени во војната меѓу Македонците и Албанците

Конфликтот во 2001 година меѓу Македонците и Албанците остана една од најголемите енигми во поновата македонска историја. И денеска, пет години од неговото избивање и окончување, се одржуваат тркалезни маси и трибини на кои с? уште се бара одговор на прашањето: што се случи навистина во 2001. Кој стоеше зад оружениот бунт на Албанците, дали беше увезен или домашен и која беше вистинската цел. Дали тоа беше борба за човекови права или за територии. Дали стануваше збор за бунт, востание, војна или за конфликт. И, конечно, дали насилството може да послужи како легитимен метод за остварување на политичките цели.
Судирот заврши со Рамковниот договор преку кој низ уставно преуредување на Македонија албанската етничка заедница доби права што ги нема ниту една помала етничка заедница во државите во Европа.
Рапорт за генералот


Во овој фељтон, низ искажувањата на домашни и на странски директни и индиректни актери во судирот, ќе се обидеме да го расветлиме овој најмрачен период од македонското осамостојување и да дадеме барем приближен одговор на поставените прашања...
„Село Танушевци, 16.2.2001 - дојде до директни престрелки меѓу припадниците на АРМ и четворица припадници на ОНА; истиот ден околу 15,55 часот во шумата, 150 метри од старата продавница, беа забележани уште две вооружени лица кои подигнаа шатор. На обидот на граничното обезбедување да ги идентификува, лицата побегнаа со истовремено отворање оган врз граничното обезбедување од повеќе места во шумата. Од наша страна немаше загинати и повредени, од нивна страна едно лице загина. По повлекувањето на нашата патрола, од спротивната страна се забележани пет лица во црни униформи (Косовски заштитен корпус), кои отворија оган врз нашите граничари...“
Овој рапорт се најде на работната маса на началникот на Генералштабот на АРМ, Јован Андревски, изутрината на 17 февруари 2001 година. Никој не очекуваше дека ќе биде вовед во ново, најблаго кажано, неизвесно поглавје на Македонија со епилог од 71 загинат на македонска страна и 76 загинати на албанска, разурнати села, џамии и цркви во кризните региони, раселени семејства...
Тогашната министерка за внатрешни работи Доста Димовска денес вели дека уште во ноември 2000 година имале предупредувања за големи терористички и криминални групи.
„Имавме такви информации и преземавме мерки на засилена безбедност и зголемено присуство на полицијата во пограничниот регион. Но, границата помеѓу Македонија и Косово беше чувана само од едната страна, од македонската, а од косовска страна не беше чувана“, сведочи Димовска за фељтонот на „Утрински весник“.
Проблем биле и неразграничените надлежности меѓу Армијата и полицијата. „Тогаш Армијата беше надлежна за чување на граничната линија, а полицијата за пограничниот регион во длабочина од 10 км“, вели Димовска.
„Воениот конфликт започна со Танушевци и неговото заземање од вооружени терористички групи и држење на цивилното население. Првите акции на МВР и на Армијата беа против тие терористички групи. Подоцна почна да се интензивира упадот на терористичките групи од Косово, а албанското население почна да им се придружува на овие терористички групи“, вели Димовска.
Со нападите на полициската станица во Теарце на 22 јануари 2001 година и на патничкиот воз Скопје - Кичево на 26 јануари, се појавија првите сигнали на насилството што ~ се закануваше на Македонија. При нападот во Теарце загина полицаецот Момир Стојановски од Крива Паланка, а тројца полицајци беа ранети. Нападот го извршиле три лица кои по пукањето со возило избегале во правец на Косово.
Одговорноста за двата инцидента ја презеде таканаречената Ослободителна национална армија (ОНА).
Во државниот врв владееја привиден мир и спокојство, но странскиот и домашниот печат пишуваа за опасностите од воената криза во Македонија. Како едно од критичните места се споменуваше и селото Танушевци.
Приказната на А1


За жителите на Танушевци, најблиските трговски центри, продавници и бизниси се во Косово, а не во Македонија. Кога српската и македонската влада постигнаа договор за решавање на прашањето на границата, на тоа силно се спротивставија албанските селани од двете страни на границата. Со години луѓето ја минувале границата, а поголемиот број од нив немаа соодветна документација за патување. Се верува дека договорот околу границата го иницираше првото натрапништво на косовско-македонската граница во февруари 2001 година.
На 16 февруари екипа на Телевизија А1 замина на самото место да ги провери шпекулациите за Танушевци и падна во рацете на ОНА. Опозициската СДСМ сметаше дека овој настан е инсцениран за да се одврати вниманието од скандалот „прислушување на политичари и новинари“ и побараната оставка на министерката за внатрешни работи Доста Димовска.
„Веројатно ова што сметаме дека е коинциденција треба да ги замисли сите во оваа држава, бидејќи со секој голем скандал што го прави државата, секоја голема политичка криза, каква што е сега оставката на Доста Димовска, се користи столбот на меѓуетничките односи за да се забошотат големите скандали“, изјави Владо Бучковски, тогаш во функција на портпарол на СДСМ.
Кон крајот на февруари, селото Танушевци со денови беше под окупација на вооружените албански парамилитантни сили. Власта, сепак, се одлучи да дејствува „дипломатски“.
„Приближувањето кон куќите за да се регистрира дали има жители значи истовремено прифаќање на оружениот конфликт, а тоа мислам дека е и намерата на оваа вооружена група, но ние не сакаме да наседнеме“, изјави тогаш министерот за одбрана Љубен Пауноски.
Панде Петровски, подоцнежниот началник на Генералштабот на македонската војска, во своето сведоштво за војната, во фељтонот на „Утрински весник“, вели:
„Од самиот почеток тоа практично беше војна. Тоа беше агресија од една странска држава врз нашата територија. Првите акции што се случија на просторот на Танушевци и Малино Маало беа од страна на борци или припадници на Косовскиот заштитен корпус (КЗК), кои ја преминаа нашата граница и влегоа на наша територија. Имаше 25-мина припадници на КЗК и петмина од самото Танушевци“.

Властите ја потценија ОНА
Промашената процена на Трајан Гоцевски

Македонските власти во почетокот реагираа потценувачки, прогласувајќи ја ОНА за непостојна фантомска организација. Премиерот Љупчо Георгиевски во првите денови од нападите изјави: „Навистина сметаме и оцената е дека состојбата во државата е стабилна. Само ќе потсетам дека има бројни држави во светот каде што дневно се случуваат терористички инциденти и никој не кажува дека тие држави се нестабилни“.
Најпромашената оцена ја даде тогашниот член на Советот за национална безбедност д-р Трајан Гоцевски, кој рече: „Мојата лична оцена е дека во моментов на Македонија не претстои некакво директно загрозување на нејзината национална безбедност однадвор. Внатре мислам дека институциите функционираат на едно задоволително ниво. Се случуваат одредени појави во Македонија кои воопшто не се посакувани, но ако се следат последните изјави на државните органи, мислам дека тие сега се во ситуација да ја контролираат оваа состојба“
 
Дали ОНА ја имаше силата што и се припишуваше
Али Ахмети сакал воените операции да почнат наирано во 2003 или во 2004 година

И додека државното раководство, комплетно дезориентирано, се чудеше што ја снашло земјава, ОНА полека формираше коридор преку кој странските новинари лесно доаѓаа до нејзините водачи, пренесувајќи му ја на светот едностраната вистина за конфликтот меѓу Македонците и Албанците.
Неспособноста на македонската влада да се справи со заканите на ОНА беше првиот индикатор дека ОНА беше многу посилна отколку што се мислеше.
Се состоеше од пет бригади кои изведуваа операции во Куманово (113. бригада), Скопје (114. бригада), Тетовскиот регион (112. бригада) и областите околу Гостивар (116. бригада) и Радуша (115. бригада).
Според Али Ахмети, ОНА броела околу 5 илјади луѓе за време на кризата, додека, пак, според странските и домашните воени анализи, ОНА не броела повеќе од 2-3 илјади борци, а бригадите биле објавени и нумерирани пред самиот завршок на конфликтот во втората половина на 2001 година.
„Не можевме да го избегнеме конфликтот со Албанците од Косово кои влегоа во некоја интеракција со Косовците дојдени од 1981 наваму во кумановско-тетовските села по границата“, вели денес професор Љубомир Фрчкоски, кој тогаш беше советник на претседателот Борис Трајковски.
„Кога делот на ОВК заврши со тензијата на Јужна Србија, едноставно, се ориентираа кон влез во Македонија, бидејќи тоа беа групи кои не мислеа да се разоружаат и кои од војната прават бизнис. Од коминикеата на ОНА во почетокот можеше да се види дека тоа беше војна со расистичка програма, војна за територии и војна против словенското население, а подоцна се трансформираше во војна за права“, сведочи денес Фрчкоски.
Муџахедини во ОНА


Меѓу војската на ОНА имаше и такви што се нарекуваа „кучиња на војната“ кои веќе имаа искуство, борејќи се во Хрватска, Босна и во Косово. Поголемиот дел, сепак, беа Косовци, бивши или актуелни членови на Косовскиот заштитен корпус (КЗК), кои биле обучувани и вооружени од странски тренери во времето на војната на НАТО против режимот на Слободан Милошевиќ. Тука припаѓаа и група муџахедини кои се бореа за пари во балканските војни во периодот по распадот на Југославија. Припадници на тие групи беа одговорни за најголемиот број убиства на членови на македонските безбедносни сили.
Џезаир Шакири, познат како командант Хоџа или Џеза, тврдеше дека Али Ахмети во 1999 година верувал дека воените операции во Македонија ќе бидат можни најрано во 2003 или во 2004 година. Шакири, кој ја предводеше групата што го зазеде Танушевци во февруари 2001 година и кој подоцна командуваше со операциите на ОНА во Арачиново во јуни 2001 година, тврдеше дека Ахмети ја направил таа процена по влегувањето на КФОР во Косово.
Некои од лидерите на НДП (Кастриот Хаџиреџа) биле во близок контакт со јадрото на водството на ОНА дури и пред избивањето на конфликтот во Македонија. Тие ги поттикнаа средбите во Косово и Македонија во почетокот на март 2001 година, на кои беа дискутирани и договорени активностите на тетовското Кале. Тие тврдат дека ако се дознаат во јавноста деталите од овие состаноци, погледот за тоа кој е кој во поранешната ОНА драстично ќе биде сменет.
Фазли Велиу бил лидер на Националното движење за Косово и еден од финансиерите на ОНА и на други косовски албански организации. Тој му е вујко на Али Ахмети и двајцата се родум од Кичевско. Фазли Велиу бил во затвор во Германија каде што чекал да биде екстрадиран во Македонија. На 13 март 2000 година, Организацијата на бивши политички затвореници собираше потписи во Македонија за да ги испрати во германската амбасада, протестирајќи против испорачувањето на Велиу. Петицијата ја потпишаа 20 пратеници од албански политички партии. Министерот за правда Џевдет Насуфи ја повлече или одбра да не ја активира потерницата (барањето) за екстрадиција на Велиу и тој беше ослободен од затворот во Германија. Овие извештаи им даваат поткрепа на шпекулациите за врските што постоеле пред 2001 година меѓу ОНА и албанските политички партии во Македонија.
Се верува дека регрутацијата во ОНА се зголеми од мај натаму, главно, поради воената интервенција на македонските власти, но и поради самодовербата на ОНА, нејзиниот успех и заземањето територија.
Хисни Шакири, пратеник во парламентот од ДПА, кој пребегна во ОНА, денес вели дека неговите први средби со ОНА се случиле во почетокот на март 2001 година. „Тогаш ОНА веќе дејствуваше во Карадачкиот регион“, раскажува денес Шакири. „Средбите зачестија во средината на март во време кога структурите на ОНА почнаа да се појавуваат во униформи во поголемите села на Липковскиот регион“, раскажува тој за „Утрински весник“.
Приказната на Шакири


„Во средината на март ситуацијата се влоши многу. Меѓу цивилното население (Албанците, н.з.) настана паника поради повлекувањето на ОНА од тетовското Кале на 24 март. Така се зголеми несигурноста кај албанското население. Тоа беше време кога имаше големо раздвижување и јас, како пратеник, си зедов обврска да се приклучам во редовите на ОНА за да им дадам политичка поддршка, да го охрабрам населението да не ги напушта своите домови и да ги запознам внатрешната и надворешната јавност дека проблемот е внатрешен и не е пренесен однадвор. Така, на 27 март 2001 година ги известив сите медиуми дека се приклучувам во редовите на ОНА“, вели Хисни Шакири.
„Моето влегување во ОНА го зголеми моралот кај младите и започна доброволна мобилизација, со што се зголеми бројот на војниците на ОНА. Населението почна да се чувствува посигурно, бидејќи сега сметаше на една консолидирана воена сила која ќе го брани од евентуалните воени напади на владините сили. Со моето приклучување се создаде поповолна атмосфера и населението почна да размислува поинаку и сите решија да останат во своите домови за да се бранат заедно со ОНА“, сведочи Шакири.
Шакири тврди дека добриот однос меѓу цивилното албанско население и ОНА придонел да не пропадне воениот фронт. „Војната беше ужасна и секој ден одземаше млади животи“, вели денеска тој.
Два дена по нападот во Теарце е објавена програмата на ОНА. „Досега ние, Албанците, ги баравме нашите права преку дијалог по мирен пат и преку институциите, но нашите барања се игнорираат. Против овие мирни појави македонските власти одговорија со државен терор како во случајот во Скопје, Лабуништа, Тетово, Гостивар и Кичево. Албанско-македонскиот дијалог со антиалбански политичари што е воден досега од страна на македонската влада е без смисла. Преговорите со Македонците можат да се направат само со меѓународно посредништво.
Ослободителната национална армија е војска која ќе војува со оружје с` додека Македонија со Устав не биде македонско-албанска држава. Ние сме за зачувување на суверенитетот и на територијалниот интегритет на Македонија. Ги почитуваме интересите на НАТО и на САД, во Македонија ги бараме нашите права кои ни следуваат, ќе војуваме додека не ги добиеме“, велеше прогласот.
 
Македонија на работ на граѓанска војна
Државниот врв беше со уверување дека дипломатските методи треба да имаат приоритет


На Македонија долго време се гледаше како исклучок во регионот и с` до 2001 година таа се сметаше за најуспешна земја во смисла на интегрираност и соработка со ЕУ и со НАТО. Но, меѓународната заедница стануваше сў посвесна за меѓуетничките тензии во Македонија.
Напнатата меѓуетничка клима ја објаснува брзата ескалација на конфликтот што ја загрози стабилноста на земјата. Во почетокот на март 2001 повторно имаше престрелки во Танушевци, а цел на нападите беше патролата на АРМ врз која во два наврата беше отворен снајперски оган. На 4 март веќе паднаа и три жртви. Возило на македонската армија што возело кон караулата Танушевци, во реонот на месноста Рамно, налета на противтенковска мина, при што загинаа Кирче Димитров и Дејан Јакимовски. Само петнаесет минути подоцна, во истиот реон со снајперски истрел беше убиен уште еден војник на АРМ, Теодор Јакимовски.
Но, државниот врв с` уште беше со уверување дека дипломатските методи треба да имаат приоритет.
Неснаоѓање на државата


Зошто државата не реагираше навреме за да го спречи понатамошното ширење на конфликтот, како што советуваа експертите и аналитичарите. Тие навреме предупредија дека ако не се изолираат инцидентите, судирот ќе има разрешница на преговарачка маса. За тоа денес, од петгодишна временска дистанца, Доста Димовска, тогашен министер за внатрешни работи, вели: „Нереформираната безбедносна структура, непостоењето координација, нерасчистените надлежности на институциите на државата создадоа празен простор. Тоа доведе до одолжување на акциите, што не беше добро. Исто така, не бевме опремени како држава. Немавме воени хеликоптери, немавме друга опрема, авиони за одбрана се купија дури во текот на конфликтот. Немавме ниту специјализирани групи за справување со таков вид тероризам. Сето тоа ја отежна одбраната и брзите акции“.
Опозициската СДСМ тогаш инсистираше дека само со жесток и недвосмислен воен одговор во Танушевци, Брест и во Малино Маало може да се реши кризата. Владата, сепак, и понатаму се воздржуваше. Инцидентите и престрелките во реонот на Танушевци се засилија и се интензивираа.
И во селото Гошинце се повлекуваа жените и децата и се засолнуваа на други места. Тие бегаа од селото, кое е во близина на Куманово, и се упатуваа главно кон селото Никуштак на истото подрачје, населбата Ченто и селото Арачиново во скопското подрачје. Градоначалникот на Арачиново Решат Ферати велеше дека не станува збор за бегалци, туку за гости кои по повод исламскиот празник Бајрам пристигнуваат кај своите роднини.
Само што официјално беше соопштено дека состојбата во Танушевци полека се смирува, веќе следниот ден, 8 март, дојде до најжестоките престрелки во тој регион. На 9 март во престрелките крај Брест беше убиен Горан Стојановски, припадник на специјалниот одред на МВР. Полицискиот конвој кој од селото Гошинце се упатил кон селото Брест, имаше цел да поразговара со локалното население и да подели хуманитарна помош, како и да оствари средба со локалните челници.
Неколку дена состојбата на северната граница беше мирна, без престрелки. Но, македонските полицајци беа околу Малино Маало, но не и во него. Внатре беа стационирани албански терористи. Власта с` уште беше на ставот дека евентуалната вооружена акција би можела уште повеќе да ги радикализира меѓуетничките односи во земјава.
Кон крајот на март 2001 година, македонската армија почна да ги гранатира селата над Тетово, а по четири дена владата ја прогласи операцијата за успешна.
Потоа ОНА го премести конфликтот источно од Шар Планина и северно од Куманово, зголемувајќи ја територијата што беше под нејзина контрола. Со недели држеше села со албанско население во кумановската долина на североисток и на запад во регионите околу албанските центри Тетово и Гостивар.
Илјадници цивили беа заглавени во борбата меѓу силите на владата и ОНА. Македонските сили ја обвинија ОНА дека користи цивили за жив штит за да ја спречи целосната офанзива на Армијата. ОНА, пак, го негираше тоа и тврдеше дека цивилите немаат доверба во македонските власти.
„Тоа беше една драма во која сите бевме загрижени и многу внимателни“, вели денес Доста Димовска. „Никој од нас претходно немал воено искуство. Не мислевме дека на Македонија ќе ~ се случи војна и дека ќе треба да се справуваме со воени ситуации, а особено што упадот на терористички групи беше во цивилни населени места каде што се употребуваше цивилното население како жив ѕид“, сведочи Димовска во фељтонот на „Утрински весник“.
Жив ѕид од цивили


Користењето жив ѕид од цивилно население многу ја отежнувало одбраната и справувањето со терористичките групи. „Македонија немаше одбрана за таков вид тероризам. За разлика од нас, Армијата имаше такви единици, но долго време се изгуби во расправии во Владата на кој начин треба да се одбраниме“, вели денес Димовска.
Во средината на март ОНА ја прошири борбата на Тетово. По шест дена борби во Тетово, Владата конечно им изрече ултиматум на албанските герилци да се разоружат и да ја напуштат земјата или да се соочат со целосна воена интервенција. Ултиматумот не беше исполнет.
МВР ~ подели оружје на Армијата и на полициските резервисти во Скопје, во Гостивар, Тетово, Куманово и во околните села. Но, и ОНА во текот на летото продолжи да регрутира млади. Беше сосема јасно дека Македонија се наоѓа на работ на граѓанска војна.
ОНА добиваше сў поширока поддршка од локалното албанско население. Окупацијата на Танушевци, а потоа и на Брест и Малино Маало, генерираа с` повеќе симпатизери и членови на ОНА.
За разлика од државниот врв кој им даваше предност на дипломатските методи во почетокот на кризата, јавноста бараше решително и воено справување со кризата.
„Секоја рана се лекува по брзо откривање. Тоа значи дека мерките мора да бидат правовремени, одлучни и да ги водат специјалисти на својот занает. Тоа значи дека ако ги оставиме да работат и понатаму непречено, тогаш таа рана се проширува и тешко се лекува“, вели поранешниот началник на Генералштабот на АРМ Митре Арсовски.
Доста Димовска, како личност која во едно од најтурбулентните времиња се најде на најжешката фотелја - министерка за внатрешни работи, од денешна гледна точна вели дека не очекувала оти конфликтот ќе добие такви размери. Но, по првите успешни акции што беа изведени и ослободувањето на голем број села во Тетовско, од Косово постојано надоаѓале нови групи бунтовници.
„Беа користени места во пограничниот регион, каде што било претходно криено многу оружје“, објаснува Димовска. „Така се разви конфликтот и стигна дури до Скопје“.
 
Драма во државниот врв пред нападот на тетовското Кале
Претседателот Трајковски се колебаше дали да нареди воен напад врз бунтовниците во Тетово


Денот кога експлодираше Тетово е 14 март - на митингот што го организираа партијата ПДП и невладините организации на Албанците. На митингот учествуваа околу 10 илјади Албанци кои скандираа „УЧК“, а истовремено беа „поздравувани“ со истрели од околните планини и од тетовското Кале.
Од тој ден се распрснаа илузиите на македонскиот државен врв дека Танушевци е само изолиран инцидент на мала група екстремисти.
Престрелките на безбедносните сили со ОНА тогаш траеја цел ден. Доста Димовска, министерката за внатрешни работи, рече дека станува збор за околу 200 терористи кои преку Шара упаднале во Тетовско.
Вечерта државниот врв имаше состанок кај претседателот Борис Трајковски. „Станува збор за добро обучени диверзантски сили“, изјави премиерот Љупчо Георгиевски.
Се забележаа првите разлики во ставовите за решавањето на кризата меѓу претседателот Борис Трајковски и премиерот Љупчо Георгиевски. Трајковски беше за решавање на кризата со политички средства, Георгиевски најави жесток воен одговор.
„Оној што сака да предизвика војна во Македонија треба да биде свесен дека ќе наиде на најжестоко спротивставување и од македонската полиција и од македонската Армија, а морам да кажам дека нема да бираме ниту сојузници во одбраната на Македонија“, изјави Георгиевски.
Враќањето на генерал Петровски


Генерал Панде Петровски тогаш беше вратен од пензија и назначен за заменик на началникот на Генералштабот на македонската Армија и доби задача да ја води одбраната на земјата по нападите на албанските герилци.
Со него прв контактирал Владо Поповски, член на Советот за национална безбедност, кој средил средба меѓу пензионираниот генерал и државниот врв со цел да го реактивираат и да тргнат во акција против бунтовниците во Тетово.
За средбата со премиерот Георгиевски, генералот раскажува:
„Мислев дека ќе ме праша за некаков совет, меѓутоа по разговорот со премиерот сфатив дека им треба човек за решавање на кризата со воени средства, како што ? доликува тоа на една држава“, вели Петровски.
Истиот ден Петровски разговарал и со претседателот Трајковски. „Ги добив сите овластувања да формирам оперативна група старешини од оние 500 кои во 2000 година беа пензионирани“, вели тој.
„Третиот корпус беше расформиран, вториот битолски корпус во фаза на расформирање, оклопниот професионален баталјон расформиран, граничната бригада во фаза на формирање. Единствена бригада беше Првата пешадиска лесна бригада во Штип“, раскажува Петровски во фељтонот на „Утрински весник“.
„На 21 март се реактивирав и формирав тим за планирање на операцијата во Тетово. За подготовка на таа операција имав пет дена“, вели тој.
Меѓутоа, се случиле непредвидени работи.
„На 23 март вечерта чекав до 12 часот на полноќ да дојде претседателот и да го потпише планот за операцијата. Меѓутоа, тој не дојде“, вели Петровски. Отишол кај министерот за одбрана Љубен Пауновски. „Министре, што правиме, ќе дојде ли претседателот?“, прашал Петровски.
„Ќе проверам“, одговорил Пауновски.
„По проверката ми рече дека претседателот е уморен, бидејќи се вратил вечерта од пат и нема да дојде, но следниот ден во 12 часот напладне, сабота, ќе дојде да ја потпише одлуката за тетовската операција“, раскажува Петровски.
„Утредента единиците веќе ги зазедоа позициите на целиот тој простор за планираната операција. Јас тој ден не отидов во Тетово, но имав контакти со командантите и веќе започнавме дејствија“, вели тој.
Чекајќи го претседателот


Околу 12 часот на Петровски повторно му се јавил Владо Поповски.
Го прашал: „Панде, каде се наоѓаш?“
„Го чекам претседателот да дојде да потпише за операцијата“, рекол Петровски.
„Дали може да те видам на кратко“, прашал Поповски.
„Може“, му рекол генералот.
„Доаѓа Владо кај мене, му велам седни, а тој вели нема време“, раскажува Петровски.
„Дали ти можеш да ги разбиеш терористите“, прашал Поповски.
„Ту бе, Владо, за тоа ли дојде да ме прашаш“, рекол Петровски. „Туку, зошто претседателот с? уште не доаѓа да потпише“.
„Е, тоа е проблемот, ми вели Владо. Некој го уплашил во Женева и се крие, не сака да потпише. Сега одиме јас и Фрчкоски и некои пратеници да го убедуваме. Но, помина 12 часот и ништо. Ми се јавува Љупчо Георгиевски и тој ме прашува каде сум. Му велам, тука сум. Тој вели - дојди кај мене. Одам јас кај него и ми вели уште еднаш да му го објаснам планот“, раскажува Петровски. „Детаљно, по време и по простор, цел и начин, му го објаснив планот. Но, чувствував дека нешто се случува. Јас утре треба да тргнам во напад, а нешто не оди како што треба. Чекав до 9 часот вечерта. Почнаа да пристигнуваат Доста Димовска, Стојан Андов и другите. Си мислам во себе, добро е, значи, ќе биде нешто“.
Генерал Панде Петровски понатаму раскажува како целиот државен врв, со исклучок на претседателот Трајковски, се собрал во Кабинетот на министерот за одбрана.
„Одам и јас таму, присутни се сите, правиме неврзан муабет и чекаме, но претседателот с? уште го нема. Некаде по 11 часот пред полноќ доаѓа премиерот. Го гледам, ме гледа и тој мене, но по лицето му гледам дека е расположен. Седнува, по пет-шест минути влегува Трајковски и намуртено ме гледа. Седнува на своето место и ми вели: 'Ајде генерале, уште еднаш да го видиме планот'. Ја распослав уште еднаш картата и почнав да реферирам за планот по четврти пат тој ден. Завршив и седнувам. Сите молчат. Трајковски поставува прашање колку жртви ќе има. Колку кај нив, колку кај нас итн. Стојан Андов вели добар е планот, потпиши го! И сите го поддржуваат тоа. Но, Трајковски молчи“.
„Веќе стана полноќ, 12 часот. А утре во 7 часот треба да тргнам во напад. Командантите чекаат. Станувам јас и пред сите му велам на претседателот: Слушајте, претседателе! Ако не мислите да ја потпишете одлуката, да си одиме! Веќе е доцна. Ние утре не можеме да изведеме операција! И тогаш претседателот ми рече: 'Донеси го документот'“.
Претседателот ги кажа следниве зборови: „Господ да ни помогне и да н` чува“. Се прекрсти и ја потпиша одлуката.
Јас го зедов документот и излегов. Тие останаа. Мене веќе ме чекаа надвор моите и веднаш заминав. По телефон им се јавив на командантите. Им велам, утре постапуваме според планот.
 
Масакрот крај Вејце ја згрози јавноста

На 28 април крај тетовското село Вејце се случи најгрозниот масакр во оваа војна. Од заседа, меѓу Тетово и границата со Косово, беа убиени, а потоа масакрирани осуммина полицајци и војници припадници на специјалните единици „Тигри” и „Волци”. Загинаа полицајците Марјан Божиновски, Кире Костадиновски, Бошко Најдовски и Илче Стојановски и војниците Роберт Петковски, Бобан Трајковски, Миле Јанески и Игор Костески. Крвавиот настан го наелектризира конфликтот и предизвика етнички безредија во Битола, Велес и во Скопје.
Масакрот се случи крај месноста Бреза, или попозната како Вејачка Кривина, на локалниот пат Селце - Вејце на падините на Шар Планина, кога бил отворен оган врз две борбени возила „хамер” и две полициски „лада нива” со вкупно 16 припадници на мешаната патрола од армиските единици „Волци” и полициските „Тигри”.
Грозни слики


Покрај осуммина убиени, имаше и шестмина повредени. Од „волците” со тешки повреди се здобија Бранко Стојковски, Јонче Данчев и Тоше Крстевски, а од „тигрите” Горан Колевски, Јовица Божиновски и Златко Јанкуловски.
По убиството, бандата ги масакрирала жртвите, а потоа се повлекла во шарпланинските села и се упатила кон граничниот реон, од каде што пребегнала во Косово.
Портпаролот на владата Антонио Милошоски го оквалификува злосторството како „грозен масакр што зборува дека македонската демократија е соочена со борба со монструми, за што немаме друг избор, освен да ги победиме”.
Министерката за внатрешни работи Доста Димовска оцени дека по овој настан безбедносната ситуација значително се влошува.
Грозните слики предизвикаа голем револт во Битола, од каде што потекнуваа некои од настраданите, што кулминираше во безредија низ улиците во кои четворица беа повредени и беа демолирани четириесет дуќани, претежно на муслимански сопственици.
Првите шпекулации што се појавија по настанот беа дека масакрот го извршиле муџахедини, а со групата командувал Даут Харадинај - брат на косовскиот политичар Рамуш Харадинај.
Очевидци тврдеа дека злосторството го извршила група од десетина луѓе со бради и долги ножеви. Терористите убиле со пукање само една од жртвите, додека другите седум биле сечени на парчиња или биле живи изгорени.
Даут Харадинај бил шеф на Косовскиот заштитен корпус, а било лесно да се идентификува, бидејќи бил без една рака откако ја загубил другата при инцидент со мина. Неговиот брат Рамуш Харадинај, исто така, е под сомнение дека е одговорен за убиствата барем на 50-ина косовски Срби.
Заседата била поставена на многу добра локација и џипот на македонските безбедносни сили бил изрешетан со гранати и митралески оган од сите страни.
Многу докази укажуваа дека терористите биле известени преку радиоврска за движењето на мешаната полициско-војничка патрола. Според полициски извори, само неколку дена по грозоморниот настан, имало обид за уште една заседа во близина на истото место. Меѓутоа, полицијата навреме ја откри заседата и ја разби терористичката група.
Полициска радиостаница „моторола” беше пронајдена на местото, што укажуваше на тоа дека терористите цело време биле во постојан контакт со некои членови од полицијата во Тетово.
Тешки моменти


Тогашниот директор на Бирото за јавна безбедност Ѕвонко Каширски денес вели: „Бев во Берово кога од Оперативниот центар во Скопје ме известија дека мешана полициско-армиска патрола паднала во заседа крај Вејце. Првата информација беше дека има само еден ранет. Веднаш тргнав кон Скопје, меѓутоа по патот добив најпрвин известување дека има еден загинат, потоа ми рекоа двајца и на крајот бројката се искачи на осуммина”. За настанот ја известил министерката за внатрешни работи Доста Димовска.
Зборувајќи за тој грозен настан денеска, тогашната министерка за внатрешни работи Доста Димовска вели: „Директорот за јавна безбедност Каширски ме извести за случајот. За мене Вејце беше голем шок. Независно што сме биле вршители на такви високи функции, пред с`, сме луѓе и во такви ситуации е потребна студена глава за да се завршат работите. Но, за мене тоа беа многу тешки моменти, настојувавме да го истражиме тој случај, да се утврди како настанало тоа. Тоа с` уште не е расветлено и јас се надевам дека со тек на времето овој настан ќе биде целосно расчистен”.
Весникот „Време” во декември 2004 година објави дека во МВР постоела службена белешка оти градоначалникот на Тетово Хазби Лика, кој претходно беше и заменик-министер за внатрешни работи, а за време на конфликтот 2001 попознат како командант Чела, бил еден од дваесетината учесници во масакрот крај Вејце.
Полициската белешка, насловена како „сознанија за грозоморното убиство крај селото Вејце, Тетовско”, била заведена под број 470/13.11.2001, пишуваше „Време”. Според полициската белешка, како што наведува „Време”, масакрот го раководеле Исмаили Шинаси или попознат како командант Хоџа, Цека Иљаз-Ќори, и Цека Билал-Брада, тројцата од Косово. Цека Иљаз бил задолжен со два милиона германски марки да ги исплати странските војници-платеници од западните земји, муџахедини и доброволци од земјава. Цека Билал, пак, бил припадник на Косовската разузнавачка служба и еден од главните организатори на снабдување на ОВК со оружје.
Од „домашните” учесници во акцијата, покрај Хазби Лика, биле наведени и Лика Иса-Илир, Самии Раим-Зогу, Самии Изаир-Шурли, Бајрами Асим-Пуча, Рифати Енвер-Џаџи, Абдурамани Исак, Велиу Муарем, Вејсели Екрем, Османи Фадил, Љуљзим Ислами, Емини Ибрахим, Џемаили Џават, Башким Рустеми-Кими, Османи Хајри, Хисен Џемаили, Емини Абаз и Емини Рамадан. Повеќето од нив се од Тетовско, а неколкумина од селото Вејце.
Дел од извршителите биле добро обучени како поранешни припадници на ОВК од Косово. Тие неколку дена пред нападот се подготвувале и вршеле обука во логорот во Косово кој се наоѓал во непосредна близина со границата со Македонија. Диверзантско-терористичката група имала конкретно задача да ја ликвидира живата сила од патролата и да ги уништи возилата и воената техника. Тие, во содејство со група терористи од Тетовско, ја организирале заседата и го извршиле терористичкиот напад врз патролата на македонските безбедносни сили, за што имале широка поддршка и од месното население. По нападот некои од нив се засолниле во селата Вејце, Бродец и Бозовце, а некои се повлекле во Косово, при што го минирале патот по кој се повлекувале, пишувало во службената белешка на МВР, наведе „Време”.
 
Тури по едно виски господ да не чува
Робертсон за македонското раководство: Си шутираа голови едни на други и неферски го напаѓаа капитенот

Државното раководство за време на конфликтот 2001 дејствуваше во услови на длабока внатрешна криза. Премиерот Љупчо Георгиевски и министерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски бараа воена состојба, но меѓународната заедница и дел од владата не се согласуваа. Претседателот Борис Трајковски беше изложен на жестоки критики од страна на сите внатрешни играчи во власта додека меѓународната заедница преку него го спроведуваше мировниот план.
Професор Љубомир Фрчкоски, кој му беше советник на Трајковски, денес вели:
„Имаше голем расцеп меѓу претседателот Трајковски, министерот за одбрана Владо Бучковски и министерот за внатрешни Љубе Бошкоски. Имавме проблем да ја координираме работата. Јас мислам дека главен проблем не беше нерешителноста на претседателот Трајковски или неговото пасторство. Тој на крајот ги донесе одлуките”, вели Фрчкоски.
Не биле проблем само безбедносните акции во Тетово туку и во Куманово и Скопје, каде што се покажале неспособни силите на полицијата. „Тогаш се појави системот на некоординација. Ние мораме да се соочиме со тоа, да не се лажеме, поради тоа изгубивме и животи и дел од нашите политички позиции”, вели Фрчкоски.
„Никогаш не можам да му простам на македонскиот дел од владата што му се случуваше таа некоординација, а за тоа плаќаа македонските војници кои бандите ги гаѓаа како мети. Тоа беше страшно. Најмалку информиран и жртва беше претседателот на државата. Бев сведок на тоа како функционираше и колку беше лошо. Моравме со написи во јавноста да создаваме монолитност”, вели денес Фрчкоски.
Премиерот Владо Бучковски тогаш беше министер за одбрана во Владата на широка коалиција. Денес вели дека СДСМ во почетокот се обидувал да не го попречува дејствувањето на Владата против терористичките провокации.
„Иако, вели тој, имаше долго колебање и тактизирање од страна на тогашната влада. Тогаш изби аферата со министерот за одбрана Љубен Пауноски и тој беше тргнат, така што до формирањето на Владата на широката коалиција министер за одбрана практично беше премиерот Георгиевски”, потсетува Бучковски.
Бучковски денес вели дека кога ја презел функцијата министер за одбрана, немало кој да му ја предаде должноста.
„Влегов во Министерството за одбрана на 14 мај, а немав од кого да ја примам функцијата. Пауноски беше тргнат, Љупчо Георгиевски не се ни појави и јас се најдов соочен со реалноста”, вели Бучковски.
Вечерта на 13 мај по изборот на Владата, седницата завршила некаде пред полноќ и Бучковски и Црвенковски отишле во кабинет кој Црвенковски го користел како шеф на опозицијата во парламентот.
„Му реков: 'Бранко тури по едно виски да се напиеме, да наздравиме, оти сега Господ треба да н` чува'”, раскажува Бучковски.
„По кусо време ни се јави претседателот Борис Трајковски да одиме во неговиот кабинет. Мислев дека тој сака да направиме една мала свеченост по повод изборот на Владата на широка коалиција и ќе ни посака соработка, бидејќи министерот за одбрана, според Уставот, му е соработник и на врховниот командант”, вели Бучковски.
„Но, кога влеговме кај Борис, таму седеше премиерот Георгиевски, генерал Јован Андревски, началникот на Армијата, новиот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски и Стојан Андов. На масата беа распослани две карти. Видов дека нема ништо од тоа што претходно беше информација дека меѓународната заедница веќе го има решението на кризата. Таа вечер се распрснаа сите мои очекувања дека добиваме голема Влада на широка коалиција со политички средства да ја разрешиме кризата. Се соочив со реалноста дека државниот и воениот врв веќе планираа операција во Липковскиот регион. Тогаш ми стана јасно дека не сме формирани како голема коалиција политички да ја решиме кризата”, вели за фељтонот на „Утрински весник” премиерот Владо Бучковски.
Постоеја две спротивставени струи, вели Бучковски. "Едните беа 'јастребите' кои сакаа воено решение, а јас, Илинка Митрева и дел од другите структури бевме миротворците предводени од покојниот претседател Трајковски”, вели Бучковски.
„Мислам дека е време сите оние што беа директно инволвирани да почнат да говорат и од тој аспект да ги анализираат случувањата во тие неколку месеци”, смета премиерот Владо Бучковски пет години по воениот конфликт во Македонија.
Поранешната министерка за внатрешни работи Доста Димовска која, иако беше сменета од функцијата, остана во тесни врски со претседателот Трајковски до крајот на конфликтот, тврди дека разликата била само во пристапот кон решавањето на кризата.
„Георгиевски и Трајковски силно се залагаа за успешна одбрана на државата. Двајцата живееја 24 часа со таа мисла. Покажаа висок патриотизам. Разликата меѓу нив се јави само околу пристапот. Љупчо сакаше конфликтот да се разреши колку што може побрзо и поуспешно, додека претседателот Трајковски, пак, настојуваше кризата да заврши по мирен пат”, вели денес Димовска.
„Но, знаете, додава таа, военото искуство е најтешко искушение на секој човек. Не можам никого да обвинам и да речам дека некој бил добриот, а некој лошиот патриот”.
Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Хавиер Солана, кој постојано беше присутен во Македонија во критичните месеци, за фељтонот на „Утрински весник” вели:
„Под лидерство на претседателот Трајковски, вашите водачи одлично си ја завршија работата. Тие беа во можност да работат како тим, во заедништво, и успеаја да ги стават општите државни интереси како највисок приоритет. Во критичните моменти, без оглед на политичката или етничката припадност, сите тие покажаа зрелост и смисла за лидерство. Тоа беше лекција за целиот регион”, вели Солана.
За разлика од него, тогашниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон, кој практично беше дел од македонскиот политички тим што ја решаваше кризата, во фељтонот на „Утрински весник” сведочи:
„Односите им беа, благо кажано, затегнати. Владата беше голема коалиција составена од сите големи партии и имаше сериозни разлики меѓу нив, при што некои одвреме-навреме отворено се обидуваа да го поткопаат мировниот процес заговарајќи воено решение”, вели Робертсон, кој повеќе не е активен политичар.
„Но, без оглед колкави беа тензиите, сите клучни играчи го потпишаа Охридскиот договор. Како тим, тие си шутираа голови едни на други, неферски го напаѓаа капитенот и понекогаш не можеа да им додадат топка на своите соиграчи, но и покрај тоа, во последниот момент сите тие с` уште беа на иста страна и ги обединија резултатот и целите за да ја добијат играта во Охрид во 2001 година”.
 
Топовите од Арачиново беа свртени кон Скопје
Безбедносните сили принудени на срамно повлекување од скопското предградие

На 9 јуни 2001 година ОНА го окупира Арачиново, село на периферијата на главниот град Скопје. Тоа претставуваше нова сериозна ескалација на конфликтот. ОНА се закануваше дека ќе ги нападне зградата на парламентот и зградата на Владата, како и меѓународниот аеродром што се наоѓа неколку километри од Арачиново.
Окупацијата на Арачиново од почеток до крај ја водеше командант Хоџа или Џезаир Шакири, кој денес е пратеник во парламентот. Тој тврдеше дека постапува според инструкциите на Али Ахмети и другите поголеми водачи на ОНА.
Кога јавноста сфати дека ОНА е присутна во Арачиново, илузиите исчезнаа и се зголеми напнатоста во Скопје. МВР им подели оружје на полициските и на воените резервисти, а се ширеа и гласови за навлегувањето на бунтовниците на ОНА во албанските населби во срцето на главниот град.
Војната близу Скопје


Звуците од масовниот напад на владините сили за повторно заземање на Арачиново јасно се слушаа и гледаа од главниот град. Скопје и Македонија се тресеа од пробните летови на „сухои 25”. Така, скопјани сфатија дека земјата се наоѓа на работ на граѓанска војна.
Битката за Арачиново заврши неславно на 24 јуни. Во неа загинаа тројца припадници на полицијата: Атанас Јанев, Никола Пехчевски и Александар Стојчев, а Оливер Китановски беше тешко ранет и почина во болница на 28 јуни.
Иако претходно министерот за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, изрази оптимизам за брзо ослободување на селото, тоа не се случи. По три дена, офанзивата на македонските безбедносни сили беше прекината под притисок на високиот претставник на Европската унија, Хавиер Солана, американскиот амбасадор Мајк Ајник, британскиот амбасадор Дикинсон, и францускиот амбасадор Терал врз Трајковски, Георгиевски, Бошоски и Бучковски.
НАТО се договори со ОНА да ги евакуира бунтовниците од Арачиново. Операцијата ја договори и лично ја надгледуваше Питер Фејт, специјален претставник на генералниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, и личност која одржуваше тесни врски со ОНА практично за цело време на конфликтот.
На околу 350 бунтовници им беше дозволено да го напуштат селото со своето оружје, со помош на американските трупи кои служеа во КФОР, силите на НАТО во Косово. Македонската армија беше принудена да се повлече. Мнозинството Македонци ја сметаа евакуацијата за понижување и луѓето реагираа силно на фактот дека бунтовниците не беа разоружени, а беа депортирани заедно со своето оружје на друга територија на Македонија окупирана од ОНА.
Таа вечер неколку илјади Македонци се собраа пред парламентот во Скопје и бараа оставка на претседателот и на премиерот. Демонстрантите ја зазедоа зградата на парламентот, а протестот се претвори во масовни немири, кршење возила во сопственост на меѓународните организации, целосно уривање на влезната врата на ОБСЕ и на канцелариите на „Бритиш ервејс”. Претседателот Трајковски беше евакуиран во скопската касарна „Илинден”.
Хавиер Солана, кој во тие денови беше во Скопје, денес во фељтонот на „Утрински весник” вели:
„Во тоа време јас го посетував Скопје редовно, речиси секоја седмица. Ги следев овие настани со огромно ангажирање од моја страна. Јасно е дека бев загрижен. Но, секогаш верував дека политичкото решение е возможно”.
Опасна ситуација


Во своето сведоштво во фељтонов, и тогашниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, се согласува дека Арачиново беше пресвртна точка. „Ако не изнајдевме решение за тамошната криза, мислам дека конфликтот ќе ескалираше во граѓанска војна”, вели денес тој.
„Од повеќе аспекти тоа беше опасна ситуација и признавам дека бев очајнички загрижен околу некои работи. И на двете страни стоеше прашањето дали сакаат мир или војна. На страната на владата имаше такви кои сакаат да ~ нанесат воен пораз на ОНА, без оглед колку ќе чини тоа. Тоа ја игнорираше бруталната реалност дека македонските безбедносни сили беа неспособни да ја остварат таа победа, и тврдите струи отворено ја заведоа јавноста во однос на тоа прашање”, вели денес Робертсон во нашиот фељтон. На страната на ОНА, пак, вели тој, имаше такви што повеќе сакаа да ги држат селата заземени и да преземаат акции каде било, отколку да прифатат повлекување дури и без да им биде одземено оружјето.
„Така, лидерите како претседателот Трајковски и Али Ахмети, без оглед на нивните разлики, мораа да се соочат и да се судрат секој со своите тврдокорни, и фала му на господ победија”, вели Робертсон.
„Од моја гледна точка јас бев многу горд на улогата на малиот тим на НАТО, кој преговараше и го водеше повлекувањето. Тоа беа само неколку луѓе, кои беа невооружани, но покажаа храброст и вештина во една многу тешка ситуација. Тие беа, исто така, потпомогнати од други фактори од меѓународната заедница, на пример ЕУ и мониторите на ОБСЕ, и конечно од американските војници, така што сите заедно разрешија една опасна криза. Тоа беше неизвесна ситуација, полоша од никогаш пред тоа, и делумно затоа што, мислам, сите страни решија да гледаат долгорочно па сфатија дека не сакаат да ја одведат својата земја во пропаст”, оценува тој денес.
Неуспехот на владата да го ослободи Арачиново од окупацијата на војската на Али Ахмети е тврдење кое и ден денеска има две страни. Едните велат дека не е точно оти македонските безбедносни сили не можеле да ги совладаат бунтовниците, други тврдат дека војската и полицијата сосе организацијата на операцијата, навистина се покажале неспособни.
За овие критични моменти, во утрешното продолжение од фељтонот на „Утрински весник” зборува генералот Панде Петровски, кој командуваше со арачиновската операција и со евакуирањето на претседателот Трајковски.
Тој вели дека не е точно дека не можеле да го заземат Арачиново.
„АРМ располагаше со 20 илјади борци, со оклопни баталјони и професионални екипажи, 54 тенка, со 120-130 минофрлачи, хеликоптери за воени дејства и доволно количество муниција за извршување на една завршна операција и целосно разбивање на ОНА”, тврди денес генералот.
 
Генерале, дадени ни се само два дена за Арачиново!

Генералот на македонската Армија Панде Петровски, кој командуваше со операцијата во Арачиново, во фељтонот на „Утрински весник“ говори за драматичните настани на прекинот на операцијата, собирањето на револтираните македонски граѓани пред парламентот и евакуацијата на претседателот Борис Трајковски.
„Во јавноста преку медиумите се ширеше пропаганда дека во Арачиново има над 4 илјади терористи, но имаше само околу 200-220. Јас бев против да се интервенира во Арачиново. Тоа не беше никаков проблем и можевме да го заземеме. Тоа го тврдам како професионалец“.
Првиот ден кога почнала операцијата, безбедносните сили навлегле до новата џамија на Арачиново и почнале со дејствата против бунтовниците. Полека се стеснувал кругот, а третиот ден безбедносните сили веќе биле навлезени во две третини во Арачиново, вели Петровски.
„Но, на состаноците што ги држевме во самиот почеток беше чудно што претседателот Трајковски неколку пати нагласи дека за Арачиново „ни се дадени само два дена“. Во почетокот не можев да го сфатам тоа, кој тоа ни дал два дена? И затоа реагирав како војник. Реков, јас не брзам во Арачиново, два дена, три, десет, петнаесет дена, не ми е важно, тоа не ми прави проблеми од аспект на некаква стратегија“, му рекол генералот на претседателот Трајковски.
Но, Трајковски му одговорил дека таква препорака добил од генералниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон.
На 25 јуни околу 12,45 часот му се јавил Трајковски и му рекол: „Генерале, во 13 часот да ја прекинете операцијата“. Петровски одговорил дека не може во 13 часот туку во 13,30, бидејќи единиците се во дејство.
Трајковски му рекол на генералот во 14 часот да дојде во хотелот „Белви“.
Одејќи кон хотелот „Белви“, на Петровски му се јавил генерал Звонко Стојановски, командантот на военото воздухопловство, и го известил дека неговите пилоти забележале бели чаршафи на куќите во Арачиново и дека на радарите се фатени шест ловци-бомбардери од Италија на курс кон Македонија. Генералот му рекол да се приземјат хеликоптерите.
„Кога дојдов во хотелот ’Белви‘, имав што да видам. Сите дипломатски претставници од запад и воено-дипломатски претставници беа присутни. Се изненадив што се случува. Влегов во салата и таму ги сретнав Бучковски и Бошкоски. Го прашувам министерот Бучковски: што е ова? Ми вели: ќе чуеш! И тогаш, не се сеќавам дали Никола Димитров или Стево Пендаровски, ме запозна со едно човече и ми рече дека тоа е господинот Питер Фејт, личен претставник на генералниот секретар на НАТО“, раскажува Петровски.
Во „Белви“ беа присутни сите, вели Петровски. „До мене седеа Љубе Бошкоски, Бучковски и Питер Фејт. Побараа да направам план за извлекување на терористите од Арачиново“, вели Петровски.
Планот предвидувал бунтовниците да бидат извлечени од Арачиново и да бидат одведени кон Косово.
Тогаш Љубе Бошкоски скокнал: „Не можат да бидат извлечени неказнети“!
Генералот Петровски го смирил со зборовите: „Чекај да го сослушаме, нека каже, па потоа и ние ќе си кажеме“.
И така и било. Во 16 часот влегол НАТО со четири автобуси од Тетово и седум автобуси од НАТО со обезбедување и плус седум борбени „хамери“ и седум санитетски „хамери“.
„Како професионалец, потоа сфатив дека нашата Армија е понижена. Излезе дека за два дена не можеме да го преземеме Арачиново, па требаше да влезе НАТО и да седнеме на маса. Сфатив дека тоа било планирано уште од 14 јуни, кога претседателот Трајковски испратил писмо до генералниот секретар на НАТО, Робертсон“, вели денес Петровски.
Но, по влегувањето во Арачиново настанале проблеми. Никола Димитров, тогашен советник на претседателот Трајковски, му рекол на Петровски: „Господине генерале, се јавува Питер Фејт и вели дека бунтовниците не сакаат да се извлекуваат со автобуси на НАТО, туку сакаат од Никуштак со свои камиони и трактори да се извлечат“.
„Ако е така, нека се повлече НАТО, јас ја продолжувам операцијата! Пренеси му така на Питер Фејт“, гневно одговорил Петровски.
Димитров му ја пренел реакцијата на Фејт. По пет минути влегол повторно кај генералот и смеејќи се му рекол: „Господине генерале, ја прифатија одлуката да се извлекуваат со автобусите на НАТО“. Петровски му рекол на Димитров: „Треба да знаеш, тоа е однапред планирано, кај нив (НАТО н.з.) нема шега“.
Кога јавноста сфати што се случува во Арачиново, почнало собирањето пред парламентот. Кога се вратил Петровски истата вечер во Генералштабот, му се јавил Златко Кецковски, шеф на обезбедувањето на претседателот Трајковски.
Му рекол: „Генерале, на претседателот му се заканува опасност да биде убиен, ајде да го засолниме“. Петровски предложил да го евакуираат претседателот Трајковски во касарната „Илинден“.
Трајковски таму пристигнал со телохранителот Кецковски и со уште еден телохранител, сите собрани во едно возило.
„Претседателот беше многу вознемирен, бидејќи веќе на телевизија се пренесуваше што се случува пред парламентот“, раскажува Петровски. Масата револтирани граѓани почнала да навлегува во парламентот. „Му реков на претседателот дека морам да го известам министерот Бучковски каде сум. Го прашав претседателот дали знае премиерот дека е тој овде со нас“, раскажува Петровски.
Но, Трајковски му одговорил: „Никој не знае каде сум, освен јас и ти“.
Петровски го известил претседателот дека му кажал на министерот Бучковски каде се наоѓаат и дека Бучковски веднаш тргнал на пат кон касарната „Илинден“.
Во меѓувреме, на Петровски му се јавил и премиерот Љупчо Георгиевски. Тој прашал: „Каде е претседателот?“ Петровски му рекол на Трајковски дека мора да го извести и Георгиевски каде се наоѓаат. „Со мене е“, му рекол тој на Георгиевски. „Каде сте?“, прашал Георгиевски. „Во касарната ’Илинден‘“, одговорил Петровски. „Доаѓам и јас“, рекол Георгиевски.
По кратко време дошол и Црвенковски и собирот заличел на мини државен врв.
Од касарната „Илинден“ следеле на телевизија с` што се случувало пред парламентот. Премиерот Георгиевски рекол: „Барај го Љубе Бошкоски“. Петровски го барал министерот за внатрешни работи Бошкоски, но тој не бил достапен на неговиот мобилен телефон. Се фатил за телефон и самиот Георгиевски. И тој се обидел да му телефонира на Бошкоски, но попусто. „Јас знаев каде беше и со кого беше Бошкоски“, тврди денес генералот Панде Петровски. Генералот на шега му рекол на Георгиевски: „Зошто не ја рушат Владата, туку парламентот?“
Потоа Петровски му телефонирал на полицискиот генерал Ристо Галевски. Му рекол: „Немој да дозволиш некој да тргне преку Вардар“.
„Ако отидеа на Бит-пазар, ќе дојдеше до граѓанска војна! Масата беше разјарена. Почна сериозно да се дискутира да се употреби Армијата да ги затвори мостовите на Вардар спрема Бит-пазар. Јас не го дозволив тоа. Армијата не е за тоа, ниту е оспособена ниту има таква намена. Целата состојба можеше лесно да излезе надвор од контрола“, вели Петровски.
 
Двојната игра на Американецот Роберт Фровик
Фровик предложи итно запирање на огнот со ОНА во замена за ветување амнестија

Како што се зголемуваше интензитетот на кризата, така растеше и бројот на странските дипломати и политичари кои престојуваа во Македонија.
Еден ден пред офанзивата на македонските безбедносни сили во март, во Скопје пристигна специјалниот претставник на претседавачот на ОБСЕ, Американецот Роберт Фровик. Тој беше песимист за „воено поразување на терористите“.
Поради предлозите за преговори со ОНА, прекин на огнот, амнестијата и промената на Уставот, Фровик беше жестоко критикуван во јавноста и од македонскиот политички блок.
Во неговиот план стоеше дека прекинот на огнот е првиот чекор што треба да го преземе Македонија, а македонските сили да ги задржат позициите и да не напредуваат. Потоа ќе следува повлекување на ОНА преку безбедносен коридор кон Косово. Планот предвидуваше повлекување на ОНА за 48 часа. На ОНА нема да ~ биде дозволено влез во Косово со оружје. КФОР нема да ги апси припадниците на ОНА освен доколку не се обвинети во Косово. Создавање широка коалиција која треба да го започне политичкиот дијалог во кој како последна задача што треба да се реализира е промената на македонскиот Устав.
Во мај 2001 година јавноста дозна дека ДПА и ПДП тајно потпишале договор со Али Ахмети на еден состанок во Призрен, Косово.
Договорот предизвика дополнителна недоверба меѓу македонската страна и меѓународната заедница поради улогата на американскиот дипломат, Роберт Фровик, кој сметаше дека се неопходни директни контакти со ОНА за да се постигне траен договор. Фровик предложи итно запирање на огнот со ОНА во замена за ветување амнестија. Мисијата на Фровик заврши брзо со објавувањето на фотографијата на Арбен Џафери и Имер Имери заедно со Али Ахмети во македонските медиуми кон крајот на мај, кога македонската јавност дозна за тајниот договор меѓу албанските лидери.
Поради својот план за разрешување на кризата, Фровик дискретно беше протеран од земјава. Но, по неколку месеци, неговите идеи станаа и официјално дел од планот на претседателот Борис Трајковски, поддржан и од четворицата лидери: Љупчо Георгиевски, Бранко Црвенковски, Арбен Џафери и Имер Имери.
Во пролетта 2001 година, високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Хавиер Солана, и генералниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, употребија шатл-дипломатија во обид да го забрзаат процесот на договарање. На нашето прашање кој беше пресудниот момент во конфликтот за да бидат преименувани албанските бунтовници во борци за човекови права, Хавиер Солана, денес во фељтонот на „Утрински весник“ дипломатски одговара:
„Во 2001 година имаше една многу сложена ситуација. Црно-белата категоризација не помага во разбирањето на она што се случи!“
Во јуни 2001 година американската администрација го именува Џејмс Пердју од Стејт департментот како специјален пратеник во Македонија, додека пак ЕУ му ја додели таа улога на францускиот политичар Франсоа Леотар. Пердју беше бивш офицер на военото разузнавање на САД, а Леотар бивш министер за одбрана, така што тие можеа во своето дејствување да комбинираат дипломатија и безбедносна експертиза за решавање на македонскиот конфликт.
За време на кризата и по неа се сметаше дека НАТО /КФОР, ЕУ и САД сочувствуваат со албанскиот народ и тоа не само во Косово во 1999 година туку и во Македонија во 2001 година. И покрај заедничкиот став и јавната осуда на ОНА и на бунтот во Македонија од страна на меѓународната заедница, Албанците веруваа дека надворешниот свет не само што го поддржува политичкиот дијалог и новите реформи туку и албанското востание како такво. Албанските соговорници тврдеа дека КФОР ~ овозможи на ОНА да се движи речиси слободно меѓу Косово и Македонија, а со тоа се сметаше дека НАТО експлицитно ја поддржува ОНА.
И меѓународниот печат се сметаше дека е сојузник на Албанците. Многу Македонци, тврдеа, на пример, дека светските вести на Би-Би-Си емитуваат во корист на Албанците, особено во почетокот на кризата.
Тогашниот генерален секретар на НАТО, Робертсон, денес во фељтонот на „Утрински весник“ вели дека ОНА не била во право со своето дејствување, но ниту македонската влада немала добар пристап.
Да - знаев дека некои луѓе веруваат дека ние ги поддржуваме бунтовниците, но тоа не беше точно. Да бидеме начисто, ОНА не беше во право, како што јас тоа постојано и го повторував тогаш. Но, тоа не значеше автоматски дека единствениот начин беше да се изведуваат напади врз ОНА“, вели денес тој. Албанската етничка заедница имаше легитимни поплаки, додава Робертсон, без оглед на тоа што ОНА користеше нелегитимни средства за да ги постигне нивните цели.
„Нашата политика беше, со полна поддршка од владата, да се изнајде мирна разрешница на кризата, да се даде гаранција дека по легитимен пат ќе се решат проблемите на албанската етничка заедница и со тоа да се пресечат сите можни оправдувања за насилно однесување на ОНА. Дозволете ми да нагласам дека ние секогаш дејствувавме во договор со владата, и ако во која било фаза од конфликтот претседателот Трајковски побараше од нас да заминеме, ние ќе заминевме, иако со тешко срце“, вели денес Робертсон, кој повеќе не е активен политичар.
Она што ја отежнуваше ситуацијата, според Робертсон, било што внатре во самата македонска влада имало длабоки поделби, а жестокост предизвикана од насилството тешко се контролира.
„Не, ние не ја поддржувавме ОНА, но и ние и легитимната влада на Македонија заеднички сфативме дека најдобриот начин да се надмине тоа е она што подоцна стана познато како Охридски договор“, изјави Робертсон пет години по окончувањето на конфликтот.
Инаку, Македонците сметаат дека меѓународната заедница ги поддржува Албанците и поранешната ОНА, и тоа не само во 2001 година туку и денес. Тие сметаат дека во 1999 година НАТО завојува во името на етничките Албанци во Косово. Македонците се цврсто убедени дека НАТО ја поддржуваше ОНА и со тоа што се правеше слеп за движењето на ОНА и преку набавката, на пример, опрема за комуникација.
И ден денеска Македонците сметаат дека несоодветно се известуваше за големиот број етнички Македонци кои ги напуштија своите домови во Тетовскиот регион за време на кризата (дури 15 илјади за помалку од две недели во јули).
Од македонска перспектива тоа не беше фер, имајќи го предвид меѓународниот фокус на бегалците од етничките Албанци во почетокот на кризата.Oсобено со оглед на фактот дека за време на бегалската криза во 1999 година Македонија прифати неколку стотици илјади косовско-албански бегалци на македонска територија.


продлужува...
 
Море сите шиптарана што се кај нас, или нека не јадат многу го*на или сиктер назад од кај што дошле. Кај дојдоа кај нас, па не знам сакале скопје двојазично да биде, да градат споменици на нивни терористи кои убиваа наши војници.
 
Ете бидна Скопје двојазично и сега чекаме само да видиме кој прв споменик ке биде дигнат од УЧК.Него јас сум за ако треба и јас ке им градам споменици само они нека умираат во што поголем број
 
Кога се дешаваше војнава нешто мислев дека знаев ама сега гледам дека поима сум немал.Све е кристално јасно и тој Робертсон нека не јаде од курот дека НАТО не ја поддржувал ОНА.Нека даде Господ уште една војна па конечно да се пресметаме па да се знае кој ќе остане на ова свето парче земја или НИЕ или ОНИ(А).
 
Имаше ли победени и поразени во војната меѓу Македонците и Албанците

Kakva vojna ve spopagja, koga od makedonska strana "vojuvaa" 60 dushi (koi pri toa se rotiraa)?! Se sluchi prenasochuvanje na energijata za pokrivanje na nekoi "zdelki" za vreme na vladeenjeto na Ljupco Tatarot i imashe sudir na interesi vo koi vletaa Albancite od Kosovo. Makedonskiov Tachi ubavo kazha na popchetokot deka drzhvata kje se spravi so site elementi koi go remetat mirot. Pa i megjunarodnite ni dadoa odvrzani race, no nie, odnosno tie shto bea na vlast,celosno ja uprskaa rabotata.
 
Kakva vojna ve spopagja, koga od makedonska strana "vojuvaa" 60 dushi (koi pri toa se rotiraa)?! Se sluchi prenasochuvanje na energijata za pokrivanje na nekoi "zdelki" za vreme na vladeenjeto na Ljupco Tatarot i imashe sudir na interesi vo koi vletaa Albancite od Kosovo. Makedonskiov Tachi ubavo kazha na popchetokot deka drzhvata kje se spravi so site elementi koi go remetat mirot. Pa i megjunarodnite ni dadoa odvrzani race, no nie, odnosno tie shto bea na vlast,celosno ja uprskaa rabotata.

SHQIPTARI - Bugarce; SHQIPTARI...

Ne se praj na ULAF. Ne me vregjash, sam se vregjash. Sakam da ne se vregjash.
Toa e cel toj kviditet na ovaa korekcija.
 
Da ne gi bea amerikanci na ovie balkanski varvari ke go jadea stapot,arno ama si bea nekolku koi ja prodadoa rabotaa.....i buum Ramkoven dogovor
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom