Природна медицина

  • Креатор на темата Креатор на темата EarthSea
  • Време на започнување Време на започнување
Пишав и во дежурната.... да пишам и тука пошо ми треба помош!

Од природнава медицина нешто за ПРЕвисоки Тригилицериди?

Ви благодарам однапред!

Здраво,

Се надевам дека ке ти бидам нешто од помош. Бев последниве неколку месеци под силен стрес бидејки останав без работа, а и средината во која работев беше ужасна. Како резултат на тоа си го ослабнав имунитетот и добив покачен холестерол а и докторот ми рече дека сум веке во некој среден стадиум на депресија. Ми препорача некоја америчка формула ADRENAL + koja била против стрес и јакнење на имунитет и енергија преку регулирање на нивото на кортизол "хормон на стрес". Го набавив од аптека и втор ден го пијам, таа што работеше во аптеката рече дека и она го пиела и се чуствувала по сконцентрирана и по витална. Можеш да се распрашаш да видиш дали и тебе ке ти помогне.

Позз
 
Здраво,

Се надевам дека ке ти бидам нешто од помош. Бев последниве неколку месеци под силен стрес бидејки останав без работа, а и средината во која работев беше ужасна. Како резултат на тоа си го ослабнав имунитетот и добив покачен холестерол а и докторот ми рече дека сум веке во некој среден стадиум на депресија. Ми препорача некоја америчка формула ADRENAL + koja била против стрес и јакнење на имунитет и енергија преку регулирање на нивото на кортизол "хормон на стрес". Го набавив од аптека и втор ден го пијам, таа што работеше во аптеката рече дека и она го пиела и се чуствувала по сконцентрирана и по витална. Можеш да се распрашаш да видиш дали и тебе ке ти помогне.

Позз



Сликни ги ако можеш..... да не алам по аптеките !

Фала!!!
 
Затоа зимно време ги има и лимоните, портокалите, јаболкото, кивите.....
Секојдневно научниците откриваат нови антиоксиданси. Најважни антиоксиданси на кои досега им е испитано дејството се: селенот, витамин Е, витамин Ц, каротеноиди, полифенол, коензим Q-10.
grozjeto ti e najgolem antioksidans
 
Природен јаболков оцет помага за губење килограми и нагло топење маснотии-за еден месец се губат 5% од телесна тежина.Но оцетот да не е купен од продавница туку добиен по природен пат: 5 кг. јаболки ставете во 20 л. вода да стојат 20-30 дена на сонце и после да се процеди.
 
grozjeto ti e najgolem antioksidans
Есенцијалното масло од карамфилче е кралот на оксидантите со ОRAC вредност од 10,786,875 (да, извонредни +10 милиони). :)
Додека пак од свежото овошје и зеленчук еве што има најголеми антиоксидантни својства:

oracccc-kkajg.png

П.С. Секако дефиниција за тоа што е ОРАК: The antioxidant values of foods listed are expressed in ORAC (Oxygen Radical Absorbance Capacity) units, a unit of measurement for antioxidants developed by the National Institute on Aging in the National Institutes of Health (NIH).

Горната листа е дааалеку од целосна па затоа „мануелно“ ќе додадам:

1,939 - Лук
1,245 - Калинка (ја има горе на листата)
739 - Црвено грозје
495 - Грејпфрут, розов
460 - Бело грозје
460 - Црвен грав
375 - Замрзнат грашок
300 - Компир
265 - Марула
250 - Диња (сорта канталуп)
210 - Банана
207 - Јаболко
195 - Домат
110 - Круша
100 - Лубеница
60 - Краставица
 
Се ова е одлично, колку што можеме повеќе од овие овошја треба да конзумираме секјдневно, непостои најдобро и најлошо овошје сите си имаат на некој начин своја вредности и секое засебно е непроценлив подарок за нашиот организам, сепак ако болеста веќе се појавила треба да се побара лекарски третман, овошјата и зеленчуците се превенција но не и лек за болести, инаку кога станува збор за покачени триглицериди природниот јаболков оцет би бил правилно решение секако ако немате проблеми со гастроинтестиналниот систем зошто кај некои луѓе создава проблеми
 
On the long run, maybe. Алтернативната медицина како овошје, тревки и штоне не ја прифаќам многу.
Посебно не кога дошол нож до коска, и ми треба инстантно лекови.

Ако се храниш правилно, и живееш здраво шансите да дојде "нож до коска" се многу мали.Ама у случај да дојде поради било која причина нормално дека лекови .би избрал...
 
Затоа зимно време ги има и лимоните, портокалите, јаболкото, кивите.....
Секојдневно научниците откриваат нови антиоксиданси. Најважни антиоксиданси на кои досега им е испитано дејството се: селенот, витамин Е, витамин Ц, каротеноиди, полифенол, коензим Q-10.
ЗЕЛЕН ЧАЈ има во секое време, и многу јаки антиоксиданси има
 
a za prazot ne procitav zosto e toj korisen,sega go imame vo ova vreme.?

Добар е за:
Варење на храната. Етеричните масла што се содржат во овој зеленчук влијаат на излачувањето на етеричните масла, а со тоа влијаат на варењето на храната. Кога јадете висококалорични оброци, особено месо, добро е да каснете и свеж праз.

Работата на срцето. Тоа што го прави празот поинаков од другите зеленчуци е состојката позната како АЛИЦИН. Станува збор за природен антибиотик што го намалува крвниот притисок, холестеролот во крвта и го јакне имунитетот. Токму поради тоа, празот е најдобриот превентивен лек против кардиоваскуларни болести.

Работата на бубрезите. Во својот состав празот располага со калиум, а послабо со натриум или сол. Калиумот влијае на излачувањето на течностите и токсините преку бубрезите. Тој треба да биде незаменлив оброк на трпезата на бубрежно болните.

Изгледот на кожата. Дозите на витамин Е и каротен што може да се сретнат во празот може да бидат вашиот најголем сојузник во постигнување здрава, еластична и нежна кожа. Супата од праз докажано го подобрува и го осветлува тенот.

Празот, во споредба со сите зимски зеленчуци, содржи најмногу каротин, витамин Ц и Е, кои најмногу ги има во зелените листови. Го зголемува имунитетот, помага против настинката и инфекциите. Празот содржи моќни антиоксиданси, кои го штитат организмот од штетното делување на слободните радикали, кои можат да предизвикаат многу хронични заболувања, вклучувајќи го и ракот. Со право празот се смета за природен антиканцероген, кој помага во превенцијата и лекувањето на ракот.

Празот е нискокалорична билка. Во 100 грама праз има само 35 калории. Содржи многу малку масти и шеќери, а доста целулоза, која брзо дава чувство на ситост. Пектинот од празот прави заштитен филм на служокожата од желудникот.

Празот ги „топи“ килограмите. Тој е идеален за одржување на нормалната телесна тежина, а се користи и при диетите.
 
Многу од корисниве овошја, да речеме за пример грозје, сливи ги нема во зима, па затоа сакав да прашам дали ако ги конзумирам суви, знаете има суви сливи и суво грозје тие се исто така полезни и не ги губат добрите својства што ги имаат во свежа состојба.
Ќе си ги исушиш во сушара, сега во последно време гледам почнаа и во Македонија да ги продаваат, тоа се садови на фиоки каде што се реди овошјето или зеленчукот и одоздола дува воздух затоплен на 40 степени. Ова го зборам за сите да знаат, затоа што сушените сливи смокви, ги третираат со сулфур диоксид, затоа обвивката на сливите е цврста, тоа спречува да се развиваат микроорганизми, ама од друга страна е многу штетно, но во индустрија се користи затоа што таму кога се сушат, се сушат поголеми количества на повисока температура и за пократко време. Да не зборам дека во таквите сушени овошки витаминот Ц е на долна граница или воопшто го нема, затоа што не издржува високи температури, а флавоноидите (соединенија кои имаат големо антиоксидационо дејство) тотално се распаѓаат. Ова се спречува ако овошките се сушат подолг временски период на ниска температура пример 40 степени, така само се дехидрираат, но хранливите состојки, витаминот C и фравоноидите не се уништуваат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom