Селски/планински туризам во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Станоја
  • Време на започнување Време на започнување
Добар е селскиот туризам, само треба уште многу да се работи за истиот да живне и примаме туристи.
Пред некоја недела бев во с.Бабино...

Бабино за Гинис
Бабино е село со 20 жители, а во библиотеката има 12.000 книги. Според тоа, селото е светски рекордер по број на книги по жител
Финансирано од Министерството за култура а иницијатор е Стево Степановски, билбилофил кој потекнува од Бабино а живее во Скопје
 
не баш на село ама секое лето не избегнувам еден викенд да појдам до Крушево,да се одморам од оваа бучава,прашина и горештина. Чист воздух, прошетка по планинана со тетин ми и брачедами...нема нешто поубаво од тоа
 
јас последен пат бев пред неколку години и секогаш кога ќе одам ми е посебно доживување..многу ми е убаво чувството да се шетам во такво мирно место и да си уживкам....одамна не сум била но многу би сакала да одам пак:wink:
 
во недостиг на поасално место за темава:

Годинава сум расположен да поминам 10-тина дена на некое планинско езерце. Како први идеи низ глава ми се свртеа Маврово и Берово. Нормално, добредојдени се и други локации.
Перфектната варијанта би била што е можно поосамена колиба покрај езеро или во близина без многу - многу гужви во близина (нормално со струја/вода).
Но, доколку не може да се најде такво нешто и некое хотелче со слични параметри би завршило работа.

Идеја каде, под кои услови и за која цена може да се најде такво нешто?
 
Не сум баш некој кампер...
Сакам лезетски, да си легнам на креветче, да си седнам на трон као чоек... :jaj:
А, идејата, во секој случај, е да се оди што подалеку од цивилизација :)
 
Iskreno sakam selski turizam i odam sekoe leto vo selo Jance i iskreno uzivam koga sum tamu zatoa sto se e priroda, odmaram vo nea i so se vika "polnam baterii"...Sakam takvi mesta bidejki tamu vistinski se odmaram...
 
Обожавам селски туризам, и никој не може да го замени!! Често ѕа викенди си одам кај мене на село, сама, и си уживам. Планини, чист воздух....милина.
 
Во петок ќе одиме на село, во Отовица, селски викенд... :)
 
Лезетски.. оди Брајчино :vozbud:
Жителите нудат смештај, фантастично е средено, 900 метри надморска висина, прекрасна природа, имаш река, доле на 20-25 минути и си на езеро, ако имаш муда и желба има патека и за 5-6 часа си горе на 2200 метри на езеро на Пелистер... ах да, има и фина коперација за попладневното пиво :pos:
Или звучи премногу добро? :)
 
Кај е Брајчино? :kesa:

Дај нешто инфо, слики... Ми се иде :vozbud:
 
Кај е Брајчино? :kesa:

Дај нешто инфо, слики... Ми се иде :vozbud:

Село Брајчино​
Селото Брајчино се наоѓа на 6 километри од Преспанското езеро во долината на границата од националниот парк Пелистер. Тоа е перфектна локација за комбинирани надворешни активности на планината и за уживање во езерото. Селото го задржало традиционалниот карактер и има интимна врска со неговото опкружување. Природата сеуште го дефинира начинот на живот во Брајчино како планинско село (на 1000 метри надморска висина) вознемирен само од жуборот на реките и на вечерните ветриња што се слушаат низ дрвјата. Понекогаш може да се слушне лаеж на кучиња, кукурикање на петли, или ѕвонците на кравите. Селото има околу 150 жители и 100 куќи и зафаќа област од околу 60 квадратни километри. Одгледувањето на добиток беше главна активност во минатото, но сега е заменето со земјоделство, особено со овоштарство. Многу фамилии од Брајчино, почнувајќи од средината на 20 век, емигрираа во Канада, Америка, Австралија и скандинавските земји. Денес над 100 фамилии живеат во Канада.
Brajcino%201.jpg
Brajcino%202.jpg


normal_brajcino.jpg
 
Селски туризам рулз бе. :pipi:
Јбг, од Скопје сум, ама преку к ми е од зашрафеност и препич во разно разни форми и облици. И ако сакам орман да фатам, три дена во годината да одам на место кај што можам да се шлаам 24/7 по папучи, да дишам нешто друго освен смог, да се будам со петли место коли и ебаните прскалици на комшијата, да јадам нешто што ќе биде директ од бавча, да шетам ливади и планини место фенси места, да пливам у мраз ладна вода место да се излежавам на шема плажа со лежалици и чадори, епа ќе одам бе.

Ама не пер, тапа провод ти е тоа. Телевизија се нема, евентуално МТВ1, шо ќе глеаш сем вести и петокласни серии, мрежа на мобилниот губиш на две секунди, не можеш да титкаш, интернет па шо нема...! Коса на глава да ти се крене. Апокалипса.

Кога ќе научите дека не мора да е Хилтон за човек да си помине убаво, ќе видите дека дури и ваквиот начин на одмор може да биде феноменален. Не дека имам нешто против цивилизација и урбанитет. Немам. Го сакам и тоа, и ова. Двете имаат своја убавина. Само ме нервираат мангупи што се понашаат незаинтересирано и препотентно кон нешто што не ни знаат како изгледа, а плукаат по него. Нека е ствар укуса, шо да речам. Ама штета е колку малку кај нас е развиен овој вид туризам, а нашето мало, смешно и отепано парче земја е како создадено за истиот. Да не спомнувам колкав процент од нас поим немаат што се` имаме, ама ај. Во четврто еден документарец виделе, со полиња, коњи и некое езерце, и толку. До вчера Охрид знаел, Охрид, Охрид, после уште малце Охрид, па пак Охрид, и тоа е. А да, и граничните премини на југот, заборавив. :Z

Срамота е бе. Просто да не поверува човек каде е забаталена темава, за почеток.
 
никогаш не сум направил селски туризам во македонија.
тоа е можеби од фактот дека пораснав на село и живеам на село
 
Контра на сите претходни коментари, не сум љубител на селскиот туризам.
Може да се случи да отидам во село ама повеќе од еден ден не можам да издржам.
Повеќе ја преферирам урбаната средина и благодетите на новото време и ме фаќа сафра или депресија кога сум меѓу планини и ридови.

Повеќе си ги сакам плажите и морето, сонцето, а таму не мора да имам ниту телефон ниту компјутер, доволно е само тоа. А во село, ако сакаш цела населба од тука премести ја таму, нема да ми е исто. Зошто е така, не знам, веројатно затоа што скоро цел живот сум опкружен со планини, езера и реки па ми здодеале :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom