Селски/планински туризам во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Станоја
  • Време на започнување Време на започнување
Лани за време на летниот рок, бев во село 5 дена супер си поминав, имаше еден прекрасен двор таму све имаше ко си се прошетав низ него се најадов, порелаксасички е, ова лето не одев и така, само лани сум бил во село и тоа кај на баба ми сестрата :vozbud:
Јако е, посебно голем ден утепав со зајците, слатки се многу :pos2:
 
Особено ако селото е во некоја планина, обожавам. Многу сакам планински места. Тоа планинарењето многу јак спорт било бее! :)
 
Особено ако селото е во некоја планина, обожавам. Многу сакам планински места. Тоа планинарењето многу јак спорт било бее! :)
Ти енос ли дознаваш ? :pos2:
 
Кој од вас го обожава селскиот туризам и кои од вас на лето најчесто одат по Македонските села за одмор и рекреација.

Јас искрено сум голем љубител на ваков вид туризам а вие?
Селскиот туризам иако не е многу застапен во Македонија, мислам дека е наједукативен..Селскиот туризам не приближува до минатото, и до нашите корени, градби од пред памтивек, проткаени со дедовци кои се полни со приказни и искуства во животот..Нашите села говорат за нашето минато,и тие се еден вид на споменик од минатото, во денешницата!Во мојава околина нема село кое не сум го посетил..
 
Тука лежи парата... Викај странци да видат што убаи села имаме, природа и сФе остало... Некогаш се поминува многу подобро во село отколку на крајбрежје негде.



Ех златен Пелистер!
 
Обожавам селски туризам! Сум бил во повеќе села и во Македонија и во Србија и многу е убаво! Морам да признаам дека македонските села се каде каде поубави од српските! Иначе имам куќа во село Зрзе (35км од Прилеп-во близина на Крушево)!
 
Сакав вчера да постирам, веднаш откако гледав прилог на ТВ ама изумив.

Ден на потпелистерски производи во битолското село Трново

Во потпелистерското село Трново, в четврток ќе се одржи првиот Саем на локални производи и услуги. Негови организатори се општина Битола и Посебната група за рурален развој.
- Денот на потпелистерски услуги ќе го исполнат локалните фармери од селата Ниже Поле, Дихово, Трново и Магарево. Пријавени се 60 кандидати кои на посебни тезги ќе ги претстават своите познати домашни производи, сирења, кисело млеко, пиперки и разни специјалитети од домашната кујна на ова поднебје, рече градоначалникот Владимир Талески, кој ја поддржа оваа манифестација, на денешната прес-конференција.
Освен храна на посетителите ќе им биде претставена и туристичката понуда.
- Големиот христијански празник Света Богородица ќе го одбележиме во истоимениот храм во селото Трново кое заедно со останатите потпелистерски села е вистинска туристичка атракција. Тоа во комбинација со „брендирана“ храна која постојано ја бараат амбасадорите ќе биде јавна покана за престој во овој крај на домашните и на гости од странство, истакна Талески.
 
Јас имам идеја за селски туризам!
Период 19 век
Сред село (автентично село без струја и асфалт, ќе се крени конак. Над конако - чардак. Туристот (туристите) добиваат турски алишта (јатагани и кубури се разбира тапи и без куршуми само барут) седат на чардак пијуцкаат мастика мезат маслинки и сирење а ги служат млади невести и му свират цигани орјентални музики додека пред конако се врти брав на ражен а од фурната се шири мирис на леб. Одозгора се протега поглед на селото и околијата се гледаат селаните како жнеат, орат а невестите хранат пилиња и носат вода од чешмата сред село. поднапиени јавбнуваат на коњи и галопираат низ селото врескајќи и пукајќи од кубурите во воздух (без зрна само барут)....
 
Кој не го видел Смолари и Смоларските водопади обавезно да одите
 
Тука има едно местенце (родното место на татко ми). Сопствениците ми се роднини, носител на целиот проект сум јас :)
Вака ептен е фалбаџиски ова ама тоа е:) Морам некако и сам да се пофалам, умре циганката што ме фалеше :pos:
 
Тука има едно местенце (родното место на татко ми). Сопствениците ми се роднини, носител на целиот проект сум јас :)
Вака ептен е фалбаџиски ова ама тоа е:) Морам некако и сам да се пофалам, умре циганката што ме фалеше :pos:

Супер местенце немем зборови браво.


немам моментслно слики во овај ком.ке ви постирам да го видите и моето родно село КОЗИЦА вистина е добро:).
 
обожам селски туризам.....порано многу често идевме во Лазарополе, прекрасно планинско село, со многу црквички и убави падини.....со дедо ми шетам по скопскиве села....али најубаво ми е во Кучково !
 
Какви само богатства се кријат низ селскиот туризам, го сакам и сакам да го практикувам но за жал поретко се случува тоа.:toe:
 
Ја че ви предложа дека кај нас в село во Прдејца имат големи ливајѓе мојте да дојте да шетате, че ни и видите кравите како пасат, шарка некни се отели а паца стелна е 7 месец ,во вимето набијана ет џо цеца,имаме свиње, имаме магариња бес таксимет`р пошчо овде беспари ет превозо от едни комши до други.
ко че влегувате ф соба некаде не требат да се слекувате пошо ние домајчини лујџе сме вака и не бараме такви адети от гостите.
На село јет ного убо да си туриста,пошо че се изнадишиш чис ваздух,мој слободно да прдниш в ливајѓе и да не мирисат ко дома ко че напрајш бела да ти викат мајка ти, имаме женцки убај таман за мажење да ватите по една да се посфатиме.
и толку ја има да кажа за селцкио туризам че ви кажа друк пат појчке пошо се треба да ода да ги носа офците на пасење.

(од далеку )
оооооооооо шарке..
Ооооооо пацооооооо ..дииии...мршш бе кај одиш ти таму....
Нааа роска нааааа...на на на на...наааааа роска на на на роскааааааааааа...
(шљак) ај да тибам стопанката лепешка згазнав!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom