Траума се важи ли ако е на 19 години?
Ненадејна смрт на најблиското нешто на светов. Ме помести од целокупниот тек на животов. Би сменила 4 баби и дедовци, па дури и родител, само да не беше така. Ми измени се, семејството, мене, ставот кон животот, сигурноста, безгрижноста, чувството да бидеш среќен до таванот и тажен до зподот. Никогаш не сум среќна и да го имам само тоа чувство во моментот. Секогаш измешано со тага оти не е тука да види, да знае, да споделам.
Страв од нова загуба, не реагирање на туѓи несреќи, хаос.
Се чудам како сум толку силна денеска и како живеам со себе и со светов. Како се борам со се, а имам многу битки. Како станувам насабајле и се борам со животов ми е уште чудно. Бидејќи дел од мене нема, дел од семејството нема. Радост нема. Иссилени чувства, лажна среќа. Како уште сум нормална, поим немам. Веројатно гоподова работа.