Владо Јаневски подготвува концерт во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Паган-др
  • Време на започнување Време на започнување
П

Паган-др

Гостин
vlado-janevski.jpg

Владо Јаневски подготвува голем есенски концерт во Скопје. Чаирскиот романтичар, како што се зборува во естрадните кругови, сака сите свои фанови да ги собере на едно место, а тоа најверојатно ќе биде спортската сала Борис Трајковски". Датумот се уште не е прецизиран, но пејачот заедно со организаторите, планира тоа да биде крајот на септември или почетокот на октомври.
Авалон продукција се споменуваат како организатори на спектакуларниот концерт на човекот кој ги има најубавите македонски балади. Тој беше специјален гостин на концертот на Каролина Гочева, која е ексклузивка на Авалонци, во мај во Скопје и заедно ја отпеаја дуетската Љубовта е моја религија", а своевремено и беше дел од ова јато. Според муабетите во естрадните кулоари, луѓето од Авалон добиле идеја и на Владо да му направат концерт во Борис Трајковски" кога виделе како публиката реагира на него и со овации го поздравува секогаш дистанцираниот музичар. Маската ја симнува само во песните, а хистеријата по него иако се држи на огромна дистанца со години веќе не стивнува.
Владо е можеби најтаинствениот естраден лик, но по многу нешта е уникатен и има публика која со душа чека да го чуе неговиот богат музички дневник, и тоа од последната "Булки", преку "Не зори, зоро", "Кој е крив", "Што и да е ќе помине", "Две души и месечина", но и "Нусе", "Мучо денаро"...
Владо пред неколку години успеа четирипати едно подруго да ја наполни Универзална, што значи дека "Борис Трајковски" е идеално место за да не ја цепка публиката и во една ноќ да ги задоволи сите.
извор
 
добро зашо мора најголемиот дел на концерти да се одржува у борис трајковски? зашо да не е под отворено небо на пример на плоштад да речеме?

инаку на темава - баш супер стварно требаше некој концерт да одржи човеков - долво време го немам видено па би било убаво да се отиде
 
Редно беше нешто вакво да направи...Многу би сакал да отидам,се надевам дека ке можам :)
 
Ееее арно му текна на човеков.Се надевам дека ќе можам да присуствувам.Мака ми е што неможев да присуствувам на настапот во КАДМО Охрид па еве прилика ми се отвара пак.Иначе темава е на место :D
 
Да, и ќе пее плејбек. Многу се разочарав од него, иако сум му голема обожавателка. Вчера имаше концерт во Велес, кој требаше да почне во 21.00 часот а почна во 00.00. Испеа саат и половина и толку. Незнам дали беше до него, дали до целата организација, но во секој случај не чини. И не е само за него, туку на секој му преоѓа во навика да си доцни на концерти.
Мислам дека повеќе нема да му одам на концерти. Секако на концертите е како фигура, зашто пее плејбек, а така можам и дома да си го слушам. Плус имам слушнато дека и на други концерти тоа се случувало.
 
добро зашо мора најголемиот дел на концерти да се одржува у борис трајковски? зашо да не е под отворено небо на пример на плоштад да речеме?

инаку на темава - баш супер стварно требаше некој концерт да одржи човеков - долво време го немам видено па би било убаво да се отиде

зашо на плоштад влезници не се продаваат...
 
зашо на плоштад влезници не се продаваат...
стефи ако се сака се се може... верувај ми на зборот !!! ај привремено ете ке рече некој се гради на плоштад па може нема да има доволно место али има и други дестинации на крај краева.. ете кале може да биде.. друго ми е муабетот.. секој поголем концерт е во салава борис трајковски.. добро кај се правеа претходно пред да ја изградат салата на никој не му текнува а? многу од дамна беше тоа
 
во саботата требаѓе Владо да пее во Велес, најавено беше во 9 саат, до 11ипол сеуште немаше никој на сцена и си заминав, незнам дали пееше
 
абе се фативте дека доцнел на концерт кој пеач дошол во точниот термин ве молам јас не памтам никој го оправдувам доцнењето само на големите концерти заради стварање на еуфорија мое лично мислење а кога гостуваат во дискотека на пример ми каснат и по 2-3 часа страсно ме нервираат али треба да се навикнете и да не стварате толкава паника
 
Да, и ќе пее плејбек. Многу се разочарав од него, иако сум му голема обожавателка. Вчера имаше концерт во Велес, кој требаше да почне во 21.00 часот а почна во 00.00. Испеа саат и половина и толку. Незнам дали беше до него, дали до целата организација, но во секој случај не чини. И не е само за него, туку на секој му преоѓа во навика да си доцни на концерти.
Мислам дека повеќе нема да му одам на концерти. Секако на концертите е како фигура, зашто пее плејбек, а така можам и дома да си го слушам. Плус имам слушнато дека и на други концерти тоа се случувало.

Зашто секогаш мора да плукате по се што е наше?Па Владо заедно со Тоше се најдобрите пејачи што некогаш Македонија ги имала, и пак некој ќе дојде и ќе пројаде гомна.Да незнаело да се цени ништо бог да чува, Владо бил крив што почнал до 12 концертот а не во 9.
 
Атендинг одамна го немам чуевно човеков во живо
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom