Aко ве удри скутер не ви следува обештетување?

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.215
Поени од реакции
18.327
Локација
с. Издеглавје
Не знаев кај да ја напишам темава,дали во Автомобилизам,Општи муабети или овде.Се решив за овде ,поради веста дека ова е резултат на правни недостатоци и мешање на Законот за БПС и Законот за задолжително осигурување.Мислам дека сите сме имале барем по еден проблематичен случај на лошо возење со скутери ,особено сега во летниов период.Најмногу мразам да возам кола сега ,поради скутерџии шо возат ко без компас и таксисти исто.
Ако не е ок ,слободно нека бришат админите.
Или е само можда новинарска брзоплетост...
Ако ве удри скутер нема отштета
icon_at_textsize.gif

skuter.jpg
Осигурителните компании не плаќаат оштета доколку скутер удри автомобил или пешак, пренесува „Макфакс“.

Според правните експерти кои ги консултирала новинската агенција, проблемот лежи во неусогласеноста на Законот за безбедност на сообраќај на патишта и Законот за задолжително осигурување. Ако се читаат одредбите на законите одвоено произлегува дека моторциклите не спаѓаат во групата на моторни возила кои подлежат на задолжително осигурување, иако е факт дека се моторни возила, па следствено на тоа не подлежат на авто одговорност.

„Работава е контрадикторна. Нема сомнение дека моторциклот е моторно возило кое подлежи на задолжително осигурување според член 3 од Законот за задолжително осигурување. Од друга страна пак со Законот за безбедност на сообраќај со член 2 тие се исклучуваат од групата на моторни возила за кои е задолжително осигурувањето. Во случај кога има колизија на закони, конкретно во овој случај треба да се земе во предвид Законот за задолжително осигурување, бидејќи тој го третира осигурувањето“, велат правниците.

Со нив се согласува и претседателот на Националното биро за осигурување Јонче Поповски, кој смета дека треба да има измена на Законот за безбедност на сообраќај на патиштата и посочува дека Министерството за внатрешни работи (МВР) во координација со Бирото веќе работи на измени на Законот.

„Освен измените на Законот, потребно е МВР да ги зачести и контролите на моторциклите“, вели Поповски.

Од МВР за „Макфакс“ потврдуваат дека се во тек активности за измени на Законот и дека се преземаат дополнителни мерки за поголема контрола на моторциклите чиј број секојдневно расте.

Судијата Сафет Алиу, кој на почетокот на годината во судски спор помеѓу граѓанин повреден од моторцикл и осигурителна компанија пресуди во корист на компанијата, повикувајќи се токму на спорниот член од Законот за безбедност на сообраќај, исто така се согласува дека се потребни интервенции во Законот.

„Делот со кој моторциклите се исклучуваат треба да биде исфрлен“, вели Алиу.


OhridNews​
© 2011 Ohridnews.com.
 
А ако ме удри и ако осигурителната компанија не ми даде пари,ја ќе го бркам тој што го вози скутерот и ако треба од дома парите ќе му ги земам
 
Мене ми побараа осигурување кога ме застанаа(за 50 кубици) 600ки било...ваљда е задолжително чим ми побара,а ова сега се глупости нека се решат веке еднаш :)))
 
Мене ми побараа осигурување кога ме застанаа(за 50 кубици) 600ки било...ваљда е задолжително чим ми побара,а ова сега се глупости нека се решат веке еднаш :)))
ДА,задолжително е за сите МОТОРНИ возила според Закон за задолжително осигурување.Заебаното е дека во Законот за Безбедност на патен сообраќај ,скутерите не се категоризирани во моторни возила за кои е потребно осигурување:tapp:.
И сега имаме ситуација тебе сообраќаец да ти барат осигурување ,а ако сториш некоја глупост осигурителната фирма не е задолжена за исплата на средства на оштетениот.Па ќе испаднит вие да си решавате меѓусебно ,а ти си платил за осигурување.
Некако изглеат како заштитување на осигурителниве фирми.
 
Па затоа и не го осигурувам моторот ,така ке го возам ...сето е каша направено во земјава и не само во овој сектор во сите БАШ ВО СИТЕ!
 
Добро де, ќе го тужиш по друга основа, што мора преку осигурувањето?
 
Добро де, ќе го тужиш по друга основа, што мора преку осигурувањето?
Со оглед како лудо возат и колку не ги сакам тие на скутери,ако дојдам во таква ситуација ,нема да го тужам...
 
Уште да напраат и да ве удри Шлепер да нема оштета..цц
 
ДА,задолжително е за сите МОТОРНИ возила според Закон за задолжително осигурување.Заебаното е дека во Законот за Безбедност на патен сообраќај ,скутерите не се категоризирани во моторни возила за кои е потребно осигурување:tapp:.
И сега имаме ситуација тебе сообраќаец да ти барат осигурување ,а ако сториш некоја глупост осигурителната фирма не е задолжена за исплата на средства на оштетениот.Па ќе испаднит вие да си решавате меѓусебно ,а ти си платил за осигурување.
Некако изглеат како заштитување на осигурителниве фирми.
држава е тоа.....мора да соработува со осигурителните компании...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom