Во Скопје наезда од стаорци!

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
Стаорци шетаат како домашни миленичиња

161226F5CCE7BF43BBC8C8AF44710BF7.jpg
Кисела Вода врие од глувци. Веќе цел месец, огромни стаорци шетаат од населба до населба. Ги има насекаде.Трчаат низ тревници, по тротоари, во контејнери, а од пред неколку дена излегуваат и од канализација во вециња во згради. Глувците најмногу се намножени во становите на улица Георги Димитров каде што деновиве се појавуваат во веце шолји и во мијалници.
"Грозно! Влегувам во веце и ми излегува стаорец од шолја. На една сосетка $ излезе во кујна. Се шетаат како домашни миленици. Не можеме ни да отвориме влезна врата за да проветриме оти шетаат низ ходници и страв ни е да не ни влезат дома. Купувавме средства и прскавме да ги отруеме, но, дефинитивно, ништо не помага. Ги снема неколку дена, и пак дојдоа од шахтите пред зграда", се жали С.Б., која живее на оваа улица.
Од Општина Кисела Вода признаваат дека во овој период глувците се накотени многу, но објаснуваат дека редовно прават дератизација за нивно уништување.
"Имаме 3.226 шахти на наша територија и во нив поставуваме мамки два пати во годината. Извршивме дератизација во мај, а кон крајот на септември ќе направиме уште една. Дератизација правиме на сите јавни површини и во училиштата и градинките", изјави Марјан Спасески, портпарол на Општина Кисела Вода.
Спасеки додава дека задолжително се координираат со другите општини да ја прават дератизацијата во ист месец, за да не се случи, како што беше пред неколку години, скопските глувци да трчаат маратон, односно да се селат од една во друга општина.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=62BE1CCA838F20439ACB9AA435CD6A91
 
Овие стаорциве се на екскурзија.Иначе место на живеење им се два објекти,едниот на Илинденска и другиот на Бихачка.
 
Добро ба оти не земете неколку мачки и чувајте ги на пример 3 земети и огледувајте ги цела зграда и ке ја чуваат бар зградата ... :)
 
Добро ба оти не земете неколку мачки и чувајте ги на пример 3 земети и огледувајте ги цела зграда и ке ја чуваат бар зградата ... :)

Ех..не е тоа тоа со мачки..ттреба некој јаки отрови да се стават
 
Ако стаорците се размножуваат преку цела година-,полова зрелост достигнуваат во третиот месец од животот , бременоста им трае САМО 25 дена ,а раѓаат по 10-на малиечки , тоа значи дека годишно можат да дадат по 5 -6 поколенија- нели е застрашувачки - доколку не се превземат соодветни мерки ????? мимо болестите кои можат да ги пренесат :mad:
 
Добро ба оти не земете неколку мачки и чувајте ги на пример 3 земети и огледувајте ги цела зграда и ке ја чуваат бар зградата ... :)

Арно ти текна,ако сами не се одбраниме кој треба да не брани,зарем оној што го плаќаме треба да го мачиме.И вие сте без осет, трчајте и бегајте барем ќе се забавуваме.
 
Добро ба оти не земете неколку мачки и чувајте ги на пример 3 земети и огледувајте ги цела зграда и ке ја чуваат бар зградата ... :)

Еве , јас се пријавувам, за скромна финансиска надокнада ќе ги решам штакорите.
 
Еј дабар во Скопје, Soooo Cuteee.
Шала на страна, другарчињава се поприлчно големки, мачките бегаат од нив, не се глуци него онакви прави стаорци агресивни и големи.
Мачорка немој некој да те зафркне да го јадеш, може да се задавиш:rolleyes:, само отров за овие.
 
додека ги чекаме општинарите- овие ќе се накотат и ќе има инвазија - :eek:
Затоа земајте брашно, шеќер и гипс во еднанов сооднос и секој по куќите,дворовите, становите, подрумите ....... единствено решение од кое нема ниту еден стаорец да се спаси- (y)
 
задолжително се координираат со другите општини да ја прават дератизацијата во ист месец, за да не се случи, како што беше пред неколку години, скопските глувци да трчаат маратон, односно да се селат од една во друга општина.
Си одат на гости едни кај други, кутрите. :icon_lol:

Шала на страна, проблемот станува сериозен и потребно е чистење на канализациониот систем, како и негова надградба.Само лично мислење, не мора да ме цитира никој.
 
додека ги чекаме општинарите- овие ќе се накотат и ќе има инвазија - :eek:
Затоа земајте брашно, шеќер и гипс во еднанов сооднос и секој по куќите,дворовите, становите, подрумите ....... единствено решение од кое нема ниту еден стаорец да се спаси- (y)
Не се замарам не сум од ни во СК, ама можам да ви продадам рашно,шекер или гипс :cautious:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom